Извадок на дел од дневни настани 10.06.2019

 СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.М.(19) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.06.2019 година во Куманово, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории кај Т.М., при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамини.     

 

Во текот на изминатите денови (07, 08 и 09.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 109 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 51 возач од кои: 48 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 33 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 16 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, осум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, 28 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 14 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 29 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 191 мандатен платен налог и 90 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

 

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот (07/08/09) јуни извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 848 возачи , од кои 25 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 12 возила, брзината ја надминале 114 возачи, четири возачи не користеле сигурносен појас, а еден зборувал на мобилен телефон при управување на возило.

 

На 10.06.2019 година во 01.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.В.(48) од Скопје пријавил дека на улица „Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава   против Г.Б.(66) од село Симница, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,пустошење на шума“ и ,,кражба“ на дрва. Во текот на април 2019 година во атар на село Симница, од парцели во сопственост на Република Северна Македонија, пријавениот извршил бесправна сеча на дабово стебло, по што ги продавал. На тој начин пријавениот нанел штета од 97.699 денари на Буџетот на Република Северна Македонија.  

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Ј.(46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и С.Д.(67) од село Делисници, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 14.12.2016 година на теренот на Ловечкото друштво „Сокол“ - Куманово, ловочувари ги затекнале Ж.А. од Скопје, Т.Т. и Т.В., двајцата од Куманово, во незаконски лов и им ги одзеле ловните пушки и ги предале на првопријавениoт, вработен во Ловечкотот друштво „Сокол“ Куманово, како одговорен за организација, координација и работа на ловочуварската служба. Притоа, првопријавениот на трите лица им посочил дека на жиро сметка на наведеното ловно друштво треба да уплатат вкупно 10.000 денари како донација, за да им ги врати одземените пушки. После тоа, откако ја уплатиле сумата, првопријавениот, спротивно на Законот за ловство, им ги вратил одземените пушки. Второпријавениот, како раководител на стручната служба на Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, со неизвршување на своите работни задачи, односно контрола над законско постапување на првопријавениот, овозможил истиот да прибави противправна имотна корист од 10.000 денари за наведеното ловно друштво. Со ова, пријавените нанеле штета од 276.750 денари на Буџетот на Република Северна Македонија.

 

На 09.06.2019 на подрачјето на Тетово и тетовско, при сообраќајните контроли, било констатирано дека 28 возачи ја пречекориле дозволената брзина и поради тоа изготвени им се исто толку мандатни платни налози. Исто така, откриени се и двајца возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит, исто толку возачи-почетници и други прекршоци, кои биле санкционирани со вкупно шест прекршочни и 32 мандатни платни налози.

 

На 09.06.2019 околу 15.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8-ма Велешка Бригада“, во дворот од неговата куќа, А.Р.(75) со нож му нанел повреда на неговиот внук А.В.(28) од Велес. А.Р бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 09.06.2019 година во 11.25 часот во Полициската станица Центар, Н.Б пријавил дека, додека се спуштал со велосипед на планината Водно, забелажал лице кое паднало и тешко дишело, по што повикал Итна медицинска помош. Во 12.15 часот екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. Утврден бил идентитетот на починатиот, М.Ѓ.(68) од Скопје. По наредба Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција. 

 

На 09.06.2019 година во 22.30 часот во СВР Скопје, А.Ѓ.(51) од Скопје пријавил дека на улица „Методија Митевски“ неговиот 15 годишен син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

             

На 09.06.2019 година во 04.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Рилски конгрес“ К.Т.(25) од Скопје бил физички нападнат од А.А.(24) и И.Д.(24), двајцата од Скопје и уште неколку други лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 10.06.2019 година во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар на два автобуси „Сетра“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на фирма од Неготино, кои биле паркирани пред влезот за возила во автобуската станица во Прилеп. Извршен е увид.

 

На 09.06.2019 година околу 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во атар на село Горно Оризари, скопско, на место викано „Оризарска Дупка“, во објект во изградба, сопственост на А.М.(55) од Скопје, две лица физички го нападнале А.М. и го удриле со тврд предмет. А, М. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.