Извадок на дел од дневни настани 09.06.2019

 
 
НК за КР Струга при СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ф. (46) од село Велешта- струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 29.01.2019 година во село Велешта, од страна на полициски службеници при извршен претрес во домот и другите простории на пријавениот бил пронајден и одземен пиштол „ВЗОР“ калибар 7,65м и рамка со пет куршуми, за кои истиот не поседувал соодветна дозвола. 

 
На 08.06.2019 година во 15,20 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од РСМ поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување патна исправа“ приведен бил Е.Т.(45) од Р.Турција. Тој бил задржан во СВР-Куманово за понатамошна постапка.

 
На 08.06.2019 во 13 часот било пријавено дека на крстосницата од с.Кадино Село и с.Ново Лагово, влез за с.Галичани-прилепско се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл ,,Херк“ без регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(32) од с.Кадино Село и мопед ,,Вилта Ревилт“ без регистарски ознаки, управуван од 16- годишна девојка од с.Галичани. Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот Д.К., а девојката што го управувала мопедот се здобила со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 
На 08.06.2019 во 12,10 часот било пријавено дека во Гостивар на крстосницата од улицата “Бранко Станоевиќ“ со улицата “Павле Аврамоски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Туран“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Ф.(62) од Гостивар, и скутер “Јонвај“ управувано од В.Г.(57) од Гостивар. Возачот на скутерот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

 
На 08.06.2019 година во 22,20 часот во Полициското одделение Галате А.А.(72) од с.Дебреше пријавил дека истиот ден околу 20,15 часот во с.Дебреше неговиот 11 годишен внук бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

 
 На 09.06.2019 година во 04,15 часот во СВР Куманово Б.М.(25) од с.Четирце пријавил дека околу 01,50 часот во Куманово на улицата “Октомвриска револуција“ пред угостителски објект тој и Д.М. биле физички нападнати од неколку лица.Се работи на расчистување на случајот.
 

 
На  09.06.2019 година во 00,05  часот во СВР Охрид било пријавено дека во Охрид на улицата “Серафим Китаноски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу С.К.(24) од Охрид и лице на возраст од 17 години од с.Велгошти-охридско. Сочинет записник за сторен прекршок по чл 11 од ЗППЈРМ..
 

 
На 09.06.2019 година во 03,30 часот било пријавено дека во дискотека во Кочани,  Д.Ј.(24) од с.Теранци бил физички нападнат од Д.Т.(23) од с.Спанчево. Се работи на расчистување на случајот.
На 08.06.2019 година во 13,30 часот С.М.(44) од Тетово пријавила дека во Тетово на улицата “Беличица“ таа и Е.М.(22) биле физички нападнати од С.Д.(27) и С.Д.(30), двајцата од Тетово. Се работи на расчистување на случајот.


На 09.06.2019 година во 02,50 часот било пријавено дека во Неготино во ноќен клуб бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Љ.Ч.(19), Г.Н.(19) двајцата од Демир Капија од една страна и Х.И.(18) од Неготино, З.З.(28) од с.Пепелиште и уште едно лице на возраст од 17 години од Неготино од друга страна. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.


На 08.06.2019 година околу 11,30 часот на локалниот пат Велес-с.Бузалково на влезот од селото И.А.(42) физички нападнал полициски службеник при вршење службени дејства. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 09.06.2019 година во 01,10 часот во СВР Скопје С.П.(23) од Скопје пријавил дека на улицата “Борис Сарафов“ бил физички нападнат од три лица. Се работи на расчистување на случајот.