Извадок на дел од дневни настани 08.06.2019

На 07.06.2019 околу 17,50 часот, пред почетокот на фудбалскиот натпревар во рамки на квалификации за „ЕП 2020“ помеѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и Република Полска, во паркот на франкофонијата во Скопје дошло до физичка пресметка меѓу две групи на полски навивачи. Веднаш е интервенирано од страна на полициски службеници и приведени се 223 лица во полициските станици Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров за понатамошна постапка. Против нив се поднесени соодветни поднесоци пред надлежен суд за прекршоци.                           

 

На 07.06.2019 година во 21,35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Козле“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(35) од Скопе и велосипед управуван од Г.Г.(59) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

 

На 07.06.2019 во 23,35 часот било пријавено дека на автопатот Свети Николе -Штип кај с.Криви Дол се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Мерцедес E-320“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(47) од Штип, мопед скутер “Хамаши-50“ без регистарски ознаки, управуван од К.К.(31) од Велес, патничко моторно возило „Ауди A-4“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.К.(51) од Штип, и патничко моторно возило “Опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(28) од с.Соколарци о.Чешиново-Облешево. Возачот на мопедот починал на местото на настанот. Возачот и сопатниците од возилото „Мерцедес“, М.Ј.(45) и две лица на возраст 15 и 13 години се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница-Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип.

                                    

На 07.06.2019 во 11,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(28) удрило во пешакот М.А.(72) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

 

На 07.06.2019 во 11,30 часот во Полициската станица Гази Баба М.Т.(66) од Скопје пријавил дека на улицата “Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

 

На 07.06.2019 во 11,30 во Полициската станица Чаир А.С.(45) од Скопје пријавил дека во с.Радишани неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

 

На 07.06.2019 во 16,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „АСНОМ“ патничко моторно возило „Хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.С.(22) од Скопје удрило во пешак Н.Д.(82) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди повреди се здобил пешакот и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 07.06.2019 година во 18,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот “Партизански одреди“ возило удрило во пешак- 14 годишна малолетничка од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а возилото го напуштило местото на настанот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

 На 07.06.2019 во 11,20 часот во СВР-Тетово во атар на с.Фалише пронајдени се стебла од канабис засадени во нива сопственост на Б.К.(42) од Тетово. По насоки на јавен обвинител, стебла од пронајденото растение се дадени на вештачење. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Тетово. Се работи на расчистување на случајот. 
 

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против С.С.(34) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “затајување“ и “послужување“. Во периодот од 2017 до 2019 година пријавената, како вработена во правно лице во Гевгелија, во својство на финансов книговодител, искористувајки ист траен однос и исти прилики, противправно присвоила парични средства кои и биле доверени во врска со нејзината работа од страна на 10 правни лица, со вкупен износ од 2.920.037 денари. Исто така, во овој период, пријавената неовластено се послужила или ги дала на послуга на друг паричните средства кои и биле доверени од страна на истите правни лица.

 

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава противТ.П.(59) од Стар Дојран, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “бесправно градење“. Во текот на 2018 година, пријавениот без правен основ започнал со изградба во водите на Дојранско езеро, односно истиот изградил насип со камено – бетонски ѕид со намера да добие дополнителен простор во неговата парцела.

 

На 07.06.2019 година во 04,30 часот од хотел во Скопје од страна на полициски службеници приведено било лицето М.К.(35) од Р.Полска поради нарушување на јавниот ред и мир. Лицето е приведено по пријава дека во алкохолизирана состојба прави проблеми во хотелот.

 

На 07.06.2019 година во 21,30 часот било пријавено дека на железничката пруга Градско-Неготино на премин преку пругата кај с.Криволак се случила железничка незгода помеѓу товарен воз управуван од Г.Т.(34) од Скопје и патничко моторно возило “Рено“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.М.(56) од с.Тимјаник-неготинско. Повредени лица нема, причинета е материјална штета. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.

 

На 07.06.2019 во 07,30 часот било пријавено дека на локалниот пат кај с.Црвивци-кичевско мопед “Јонвеи“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од С.А.(43) од с.Зајас-кичевско, изгубил контрола и паднал на коловозот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.

 

На 07.06.2019 во 22,40 часот било пријавено дека во Тетово на булеварот “Благоја Тоска“ патничко моторно возило “Фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.И.(29) од с.Боговиње-тетовско удрило во пешак на возраст од 13 години од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против К.Т.(40) и В.А.(22), двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 22.02.2019 година во Гевгелија од страна на полициски службеници при извршен претрес во домот и другите простории на првопријавениот биле пронајдени и одземени 12 куршуми, додека во домот на второпријавениот биле пронајдени и одземени седум куршуми, за што истите не поседувале соодветна дозвола.

 

На 07.06.2019 во 08,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Пониква - Кочани патничко моторно возило ,,Шерволет“ со швајцарски национални ознаки, управувано од И.В.(45) од Кочани, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-Кочани бил пренесен во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

 

На 07.06.2019 година во 20,20 часот од Здравствениот дом Пехчево било пријавено дека за укажување на лекарска помош се јавила Ф.А.(1950) од с.Црник, која се здобила со повреди на десната рака откако била нападната од кучиња, сопственост на Б. А. и Џ. Н. од с.Црник. Се работи на расчистување на случајот.

                                       

На 07.06.2019 година во 17,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Марино-скопско, во дворот од семејната куќа на Ј.Ј. (22), додека истиот бил во друштво на уште пет други лица и организирале апсолвентска прослава, неговиот сосед Т.Ѓ. (65) започнал вербална расправија, по што заедно со Б.Л. (47), влегле во дворот и со метален предмет му се заканувале на него и на гостите поради, како што е пријавено, наводно пуштање на гласна музика. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 07.06.2019 во 14,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Крушопек патничко моторно возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Џ. од с.Крушопек, удрило во дете на возраст од четири години од с.Крушопек, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники “Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

 

На 07.06.2019 во 15,15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во реката „Оризарска“, кон с.Речани-кочанско забележано било женско тело. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани и констатирано било дека се работи за Ц.П.(64) од Кочани и утврдена е смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за одбукција, а потоа предадено на семејството.

 

На 08.06.2019 во 02,30 часот во Полициската станица Прилеп А.Д.(32) од Прилеп ,вработен во агенција за обезбедување пријавил дека во угостителски објект во Прилеп бил физички нападнат од лицето Р.П. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 08.06.2019 во 02,50 часот во Полициската станица Прилеп Т.М.(38) од Битола вработен во агенцијата за обезбедување пријавил дека во ноќен клуб во Прилеп бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 07.06.2019 во 03,30 часот во Полициската станица Кавадарци Ѓ.Д.(42) од Велес пријавил дека во Кавадарци пред дискотека бил физички нападнат од три лица. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 07.06.2019 во 21,20 часот во СВР Скопје В.Ј.(51) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 20,30 часот во населбата Бардовци две лица на возраст од околу 15 години физички го нападнале неговиот 15- годишен син. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 07.06.2019 во 15.30 часот Г.А. (44) од Скопје пријавил дека на ул. Кемал Сејфула, пред угостителски објект Ф.Н. и уште неколку лица физички ги нападнале неговите двајца 16-годишни синови, при што на едно од момчињата му нанеле удар со остар предмет. На момчето му е укажана лекарска помош и е пуштено на домашно лекување, а против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

 

На 07.06.2019 во 04,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 02,00 часот во с.Црешево пред угостителски објект Д.М.(21) и Б.К.(21) двајцата од н.Илинден биле физички нападнати од четири лица. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 07.06.2019 46-годишна жена од Скопје пријавила дека на ул. Гиго Михајловски 20-годишно момче физички ја нападнало нејзината малолетна ќерка. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 07.06.2019 во 15,30 часот во Полициското одделение Сарај С.М.(19) од Косово пријавил дека на 05.06.2019 година околу 22,00 часот во с.Сарај бил физички нападнат од А.С. исто така од Косово и уште неколку други лица. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 07.06.2019 во 15,00 часот во Полициската станица Карпош Ф.Д.(26) од Скопје пријавил дека на 05.06.2019 во 03,30 часот во Градски парк во дискотека бил физички нападнат од лицето Г.Ѓ. Се работи на расчистување на случајот.