Извадок на дел од дневни настани 07.06.2019

 На 06.06.2019 година во 17.10 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на с.Ботун, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Ескорт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.И.(29) од с.Требош, товарно моторно возило „Ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(63) од Куманово и патничко возило „Пежо 208“ со скопки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(32) од с.Враништа, струшко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.К. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

                                        

На 06.06.2019 година во 18.00 часот во с.Марино, скопско, мотоцикл „Лонгија Баутијан“ без регистарски ознаки, управуван од 16 годишно лице од с.Кадино, удрил во шестгодишно дете од населба Илинден. Притоа, со тешки телесни повреди се здобило шестгодишното дете кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобил возачот и сопатникот на мотоциклот на возраст од 16 години. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. 

 

На 06.06.2019 година во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на Плоштад „Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир од полски навивачи кои се дојдени да го следат фудбалскиот натпревар помеѓу нашата и репрезентацијата на Полска. Полициски службеници излегле на местото и во Полициската станица Центар биле приведени лицата  П.М.Б.(30), П.В.(38), K.K.(26) и С.В.Б.(40), сите државјани на Република Полска, за понатамошна постапка.  

 

На 06.06.2019 година во 15.10 часот во Полициската станица Центар, М.С.(31) од Скопје пријавил дека на 05.06.2019 година околу 11.50 часот на Кеј „Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

 

На 06.06.2019 година во 13.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, К.Д.(41) од Скопје пријавила дека на 05.06.2019 година околу 23.30 часот на улица „Улов Палме“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

               

Во текот на изминатот ден (06.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 21 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи од кои 21 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила затоа што 19 биле нерегистрирани и едно поради претовар. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, тројца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 22 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 37 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 67 мандатни платни налози и 46 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатиот ден се случиле 11 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а шест лица поминале со телесни повреди. 

На 6 јуни на подрачјето на Тетово реализирани се засилени сообраќајно-контролни активности, во кои вкупно биле откриени 50 прекршоци. 18 од нив се однесувале на непрописно паркирање и исто толку возила биле подигнати од специјално возило „пајак“. Покрај ова, осум возачи не ја прилагодиле брзината според условите на патот, шест возачи-почетници не се придржувале на законските ограничувања, три ги управувале возилата без положен возачки испит и др.

 

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 06 јуни извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 337 возачи, од кои тројца возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле четири возила, брзината ја надминале 20 возачи, еден возач не користел сигурносен појас, а седум други зборувале на мобилен телефон при управување на возило.

 

На 06.06.2019 година во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 11.30 часот во Свети Николе во домот на 50- годишна жена дошло непознато лице кое и понудило за продажба огревни дрва по цена од 2.500 денари за метар кубен. Според пријавеното, откако нејзинот сопруг отишол до соседната улица да ги види дрвата, непознатото лице се вратило во нивниот дом и и кажало дека сопругот се согласил да ги земе дрвата и побарал од жената да му ги даде парите. Откако лицето се изгубило без трага, оштетената го пријавила случајот во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 06.06.2019 година во 11.25 часот во СВР Скопје, С.А. пријавил дека истиот ден околу 04.30 часот пред угостителски објект на улица „Кеј 13-ти Ноември“ непознато лице извршило разбојништво над него и му одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.06.2019 година во 21.15 часот во СВР Битола било пријавено дека во крушевско село, во куќата сопственост на 65-годишен маж, тој ги врзал неговата ќерка (27) и неговата сопруга (52), по што насилно ги внел во неговото патничко возило и ги однел во Психијатриска болница во Демир Хисар. 65-годишниот маж бил приведен во Полициската станица Демир Хисар и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Е.(56) и З.Ц.(45), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против Б.Р.(51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со фалсификување исправа. Во 2014 година, првопријавениот како сопственик на правно лице Швајцарија, кој бил на привремена работа во Швајцарија, заедно со второпријавениот изготвиле купопродажен договор со невистинита содржина за моторно возило „Форд Транзит“ со регистарски ознаки на Швајцарија. Тие навеле дека возилото било во сопственост на второпријавениот и дека Швајцарија било регистрирано на име на правното лице на М.Е.. Третопријавениот за сметка на првопријавениот го внел возилото во Република Северна Македонија. По ова, второпријавениот на 25.09.2014 фалсификуваниот договор го употребил како вистински во постапка за царинење на возилото пред Царинарница Куманово, а на 29.09.2014 година со заверен превод од германски на македонски јазик го употребил и во постапка за идентификација пред Биро за метрологија, од каде му била издадена потврда. Потоа, целата документација ја дал во прилог на барањето за одобрување на возило пред Центарот за хомологација, Скопје, а на 12.06.2015 година ја употребил и во постапката за регистрација пред Управните служби, каде го регистрирал возилото. Исто така, второпријавениот, на 09.08.2016 година повторно склучил купопродажен договор со лице од село Отља, општина Липково, по што ваквиот договор го употребил повторно во постапката пред управните служби во Куманово.

На 07.06.2019 година во 01.05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во близина на дискотека во Градски парк во Скопје, на улица бил пронајден И.А. (38) од Скопје, кој лежел во бесознание со повреди од претходен физички напад. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ - Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Б.(32) од село Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување на јавна инсталација“. На 12.04.2019 година на локалниот пат од село Добридол кон село Неготино, пријавениот, при ископ на канал за поставување на водоводна линија, на повеќе места го оштетил поставениот кабел за фиксна телефонија и интернет, сопственост на мобилен оператор. 

 

На 06.06.2019 година околу 22.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на кружниот тек од улиците „Варшавска“ и „Париска“ две лица извршиле разбојништво над Н.П.(23) и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.