Извадок на дел од дневни настани 06.06.2019

На 05.06.2019 година во 15.20 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во просториите во кои престојувал П.Ц.(40) од Загреб, Република Хрватска, a со него биле затекнати и С.И.(25) од Тетово и Н.З.(28) од с.Вруток, гостиварско. Притоа, на една од масите била пронајдена една најлонска кеса со кокаин, едно пластично шише од 0,5литри со непозната течност и други предмети со остатоци од кокаин. Лицата биле лишени од слобода и приведени во СВР Тетово, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 
На 05.06.2019 година во 16.55 часот на локалниот пат за село Сараќино, тетовско, после мостот на реката Пена, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо 307“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(42) од с.Сараќино и патничко возило „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(53) од с.Бојане, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Х. и со друго возило бил пренесен во Клиничката болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

 
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 05 јуни извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 366 возачи, од кои седум возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле три возила, брзината ја надминале 16 возачи, еден возач не користел сигурносен појас, а два други зборувале на мобилен телефон при управување на возило.

 
Во текот на изминатот ден (05.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 23 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 12 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и осум возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, пет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 60 мандатни платни налози и 35 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои четири лица се здобиле со телесни повреди.

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.П.(35) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.06.2019 година во Кочани полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.  
 
На 05.06.2019 година во СВР Скопје, С.С.П.(26) од село Стајковци, скопско, пријавил дека истиот ден околу 15.15 часот во продавница на улица „Париска комуна“ во Скопје, П.Ј.(65) од Скопје физички го нападнал Б.И.(27) од село Сингелиќ, скопско. По преземени мерки П.Ј. бил приведен во Полициската станица Гази Баба и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава..

 
На 05.06.2019 година во 17.15 часот во Полициската станица Центар, Д.Т.(47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11.15 часот на улица „Филип Втори Македонски“ неговиот 16 - годишен син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот. 

На 05.06.2019 година во 11.00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(35) од Скопје пријавил дека настанал пожар во викенд куќа во с.Танушевци, сопственост на неговиот татко М.Ј.(61). Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека на локацијата имало пожар во два објекти, кои биле сопственост на М.Ј..Извршен е увид. 

 
На 05.05.2019 година околу 11.45 часот во СВР Скопје, А.С.(68) од Скопје пријавила дека во трговски центар непознат сторител извршил разбојништво над неа и со употреба на сила и одзел торба. СВР Скопје преземаа мерки за расчистување на случајот.