Извадок на дел од дневни настани 05.06.2019

Во текот на изминатите денови (03 и 04.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 18 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престигнување, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатите денови издадени се 52 мандатни платни налози и 35 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатите денови се случиле 21 сообраќајна незгода во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 14 лица со телесни повреди.

 

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 04 јуни извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, контролирани се 347 возачи, од кои шест возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле три возила, брзината ја надминале 12 возачи и еден возач не користел сигурносен појас.

 

На 04.06.2019 во периодот од 11.00 до 17.00 часот на подрачјата на полициските станици Струмица и Гевгелија е спроведена акциска контрола со цел откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од пропишаната. При контролата констатирани се 21 прекршок, за кои се издадени прекршочни платни налози. 

 

На 04.06.2019 во 17.30 часот на локалниот пат с.Клечовце-с.Стрезовце, на место викано „Калиште“, општина Старо Нагоричане, мопед „Јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.К.(30) од Куманово, излетал од патот и се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во болницата во Куманово бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.  

 

На 04.06.2019 во 10.30 часот на локалниот пат град Скопје-Милениумски крст Водно, во близина на детското одморалиште, А.С.(26) од с.Виничани, градско, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот. А.С. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. 

Во текот на минатиот месец ( мај ), во тетовскиот регион вкупно откриени и соодветно санкционирани се 1531 сообраќајни прекршоци, а биле контролирани 5584 учесници во сообраќајот, односно возила и возачи. Спроведувајќи ги одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, поради констатирани различни видови прекршоци, од сообраќај биле исклучени 108 возила. Најмногу од исклучените возила ( 101 ) имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека кај 7 утврдена е техничка неисправност, претежно на сопирачките. Во мај, исто така, од сообраќај се исклучени и 253 возачи, од кои 156 кои управувале без возачка дозвола, 14 со несоодветна категорија, 2 со важечка забрана, 73 возачи-почетници и 8 мотоциклисти кои не користеле заштитна кацига.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Ш.(28) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.08.2018 година во Струга полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Н.(19) од село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстани и прекурзори “. На 27.09.2017 година во село Долна Бањица полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

 

На 04.06.2019 година во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Васил Ѓоргов“, Р.С.(26) физички го нападнал Л.М.(18), двајцата од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 04.06.2019 година околу 10.15 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека во куќа на ул. „Св. Јоаким Осоговски“, три лица физички го нападнале и извршиле разбојништво над М.А.(64) и му одзеле пари. М.А. бил пренесен во Здравствен дом - Крива Паланка за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.