Извадок на дел од дневни настани 02.06.2019

 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.С.(67) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 23.07.2017 година до ноември 2017 година пријавената, како помошник директор на Јавното претпријатие ,,Охридски комуналец” - Охрид, и покрај тоа што била разрешена од функцијата директор на јавното претпријатие, си доделувала плата како директор.

 

На 01.06.2019 во 11,15 часот полициски службеници од мешовит патролен тим составен од полициски службеници од Полициската станица за гранични премини ,,Меџитлија“  и полициски службеници од Србија, во с.Живојно привеле две лица кои нелегално ја преминале државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија. Од извршената проверка на идентитетот е констатирано дека се работи за Л.Х. (21) и И. Б. (24), и двајцата од Република Албанија.

 

На 01.06.2019 околу 11.00 часот пријавено е дека во Скопје на ул.“Кемал Сејфула“ спроти поликлиника “Чаир“, при вршење ископ на земјиште за водоводна мрежа со багер управуван од А. М. (55) од Скопје, дошло до лизгање на земјиште и притоа затрупани биле три лица што работеле на ископот. На местото на настанот биле испратени две екипи од Итна медицинска помош  и екипа од Бригадата за против пожарна заштита.  А. М. (26) и М. М. (28) починале на местото на настанот, додека Е. А. (55) од Скопје со возило на итна медицинска помош е пренесен за укажување лекарска помош во ГОБ “Наум Охридски“. Смртта на починатите ја констатирал доктор од ИМП. За настанот известени се дежурен Јавен обвинител и дежурен трудов инспектор.

 

На 01.06.2019 околу 11.15 часот е пријавено дека во с. Мамутчево-Велес, во дворот од сопствената куќа се повредил М. И. (64), на тој начин што додека лежел под неговиот трактор и вршел поправки, тракторот се придвижил и со задното тркало му поминал врз градите.  М.И. бил пренесен во Општа болница Велес, каде му се констатирани тешки телесни повреди.Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

На 01.06.2019 околу 23,30 часот на Регионалниот пат Р-1312 (Велес – Извор) З. П. (30) од  Скопје управувајќи мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки,  изгубил контрола и излетал од коловозот, по што удрил во бетонски ѕид. З.П е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес каде од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид.

 

На 02.06.2019 околу 03,30 часот во Велес на ул. ,,Васил Ѓоргов“ М.Ј (26) од Велес управувајќи мотоцикл „Пијаџо беверли“ со велешки регистарски ознаки се излизгал со мотоциклот на коловозот и паднал ,по што е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес, каде од страна на лекар констатирани му се тешки телесни повреди. Извршен е увид.

 

На 01.06.2019 во 15,45 часот на Граничен премин ,,Табановце“ на излез од Република Северна Македонија настанал пожар на автобус со српски национална ознака, сопственост на агенција од Нови Сад, а управуван од српскиот државјанин  В.З. (47) од Нови Сад. Веднаш по настанување на пожарот патниците неповредени го напуштиле автобусот. Во 16,05 часот, од екипа од Територијалната противпожарна заштита Куманово пожарот бил целосно изгаснат. Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Куманово.

  

На 02.06.2019 пријавено е дека околу 00.40 часот на крстосницата на бул ,,К.Ј.Питу“ со ул.,,Крушевска Република“ и ул. ,,Ѓуро Ѓаковиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Д (47) и мопед ,,Пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.К (27).  О.К. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентен центар Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 01.06.2019 околу 09 часот во Тетово на муслиманските гробишта, во непосредна близина на жичницата Тетово - Попова Шапка, С.М. од Тетово пронашол целосно корозирана артилериска граната од Втората светска војна. Увид извршила екипа од СВР Тетово, а вработен во Дирекција за заштита и спасување од Тетово ја подигнал за понатамошна постапка.

 

На 01.06.2019 во 19.20 час во Полициската станица Чаир пријавено е дека настанал пожар во фирма, при што опожарени биле 100 пластични цевки за водовод, два котура со кабел. Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денешниов ден.

 

На 01.06.2019 во 21.45 часот на ул. ,,М.Х.Јасмин“ во близина на угостителски објект Д.Т (44) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со викање, дрско и непристојно однесување. Откако му било пристапено од страна на униформирани полициски службеници со цел негово легитимирање, Д.Т. продолжил со агресивно однесување и потоа е приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 02.06.2019 во 04.15 часот на ул. ,,Костурски херои“ пред пекара Н.Е (28) од Скопје, кој бил под дејство на алкохол, го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување. Лицето е приведено во Полициска станица Центар и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.06.2019 во 22.45 часот во Скопје на ул.„Павле Илиќ“ две лица извршиле кражба во куќа, а потоа физички го нападнале Б.И. (82). Се работи на расчистување на случајот.

 

На 01.06.2019 во 22.00 часот пријавено е дека на ул. ,,Самоилова“ во угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка од Х.М(18) од скопско од една страна и И.Ј. и А.Р. од друга страна. Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
.