Извадок на дел од дневни настани 01.06.2019

 
 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(34) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Од 04.03.2017 до 10.12.2018 година од банкомати во Кавадарци пријавената, во повеќе наврати, од дебитна и кредитна банкарска картичка на Б.Ѓ. од Кавадарци подигнала 79.200 денари. 
 
На 01.06.2019 во 01,47 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека на стариот пат од с. Стајковци кон Смилковци, се случила сообраќајна незгода во која А.Ј. (20) од с.Смилковци-Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди возачот починал на местото наннастанот додека сопатниците во возилото 16-годишно и 17-годишно лице се здобиле со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР-Скопје.

                                    
На 31.05.2019 во 22,20 часот во Прилеп на крстосницата од улиците „А.Македонски“, „Сотка Ѓорѓиоски“, „И.Л.Рибар“ и „Битолска“, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Застава 750“ со прилепски регистарски ознаки,управувано од Љ.П. (60) од Прилеп и патничко моторно возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Т.. Љ.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 
На 31.05.2019 година во 18.45 часот во Полициска станица Карпош Р.Т(40) од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син на ул. ,,Варшавска“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.

          
 

 

 

На 01.06.2019 во 02,45 часот пријавено е дека на ул. ,,Пролет“ пред угостителски објект од страна на А.К(31) од Скопје нарушен е јавниот ред и мир со физички напад врз Д.Р(33) од Скопје. На место на настанот  констатиран прекршок од страна на полициски службеници и против пријавениот ќе биде поднесена прекршочна пријава  по чл. 12 од ЗППЈРМ.

 

На 30.05.2019 во 18,30 часотво ПС Ѓорче Петров, Н.Б. (64) од Скопје пријавил дека во временски период од 20 до 30.05.2019 година непознат сторител извршил кражба  во манастир „Св.Трифун“ во с.Кучково и одзел околу 500 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

           

На 01.06.2019 во 02,30 часот пријавено е дека на ул. ,,Пролет“ во Скопје, пред угостителски објект нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Д.Р(33) и А.Ш(40) од Скопје од една страна и Н.С(24), М.А (25) и И.Ј (36) сите од  Скопје од друга страна. Н.С., М.А.  и  И.Ј.  се приведени и задржани во полициска станица  за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 31.05.2019 околу 23.00ч. на ул. ,,11-ти  Октомври“ во Куманово, во близина на бурекџилница, Р.Р (31) од с.Романовце пријавил дека бил физички нападнат од страна на две лица. Се работи на расчистување на случајот..

На 31.05.2019 во ПС Кисела Вода, Л.Н. (42) од Скопје , пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка А.Н. (17), која претходно повеќе пати се оддалечувала од дома и била враќана од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 31.05.2019 16-годишник од Скопје пријавил дека околу 17,40 ч. во близина на Работнички универзитет-Кочо Рацин бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.