Извадок на дел од дневни настани 29.05.2019

На 28.05.2019 околу 21.45 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Б.З.(20) од Гостивар бидејќи при преглед кај Б.З. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 
На 28.05.2019 година во 17.10 часот на Граничниот премин, при пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицето П.М.(38) од Република Србија се наоѓа на стоп листата. П.М. бил приведен за понатамошна постапка. 

 
Во текот на изминатиот ден (28.05.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи од кои: 16 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, седум возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 68 мандатни платни налози и исто толку возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле 13 сообраќајни незгоди во кои седум лица се здобиле со телесни повреди.

 
На 28.05.2019 година во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христо Смирненски“ избувнал пожар во стан во кој престојувала В.С. (43). Во моментот кога избил пожарот во станот се ноѓале Д.В.(31) од Радовиш и нејзиното тригодишно дете кои се здобиле со полесни изгореници и вдишале чад поради што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Пожарот бил целосно изгаснат околу 10.20 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.

 
На 28.05.2019 година во 20.00 часот во Полициската станица Карпош, О.П.(50) од Скопје пријавила дека на булеварот „8-ми Септември“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

                                
На 28.05.2019 година во 16.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Ф.К.(27) од Скопје пријавил дека на булеварот „Александар Македонски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

 
 На 28.05.2019 Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спроведе засилени контролни активности во кои биле откриени и санкционирани 70 различни видови прекршоци. Најбројни прекршоци биле неприлагодена брзина според условите на патот во и надвор од населено место(24), непрописно паркирање (17), истечена регистрација(6), непоседување возачка дозвола (3) и други. За овие прекршоци поднесени се 26 прекршочни, 36 мандатни платни налози и 14 писмени предупредувања. 
 
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 28 мај извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 335 возачи, од кои седум возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле четири возила, брзината ја надминале 24 возачи, двајца возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а додека еден возач не користел сигурносен појас.

 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против И.Т.(51), О.А.(37), Н.П.(38) и М.Т.(54), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во период од 25.12.2015 година до октомври 2016 година, пријавените, како вработени во Министерството за економија – Биро за метрологија, овозможиле да бидат легализирани патнички возила и покрај тоа што не ги исполнувале условите предвидени во член 24 од Законот за возила.

 
На 28.05.2019 година во 16.00 часот пронајден е студентот Б.М.А.(21), државјанин на Република Турција, за кого вработен во амбасадата на Турција на 25.05.2019 пријави дека се оддалечил од интернатот на Балканскиот универзитет лоциран на улицата “Прохор Пчински“ во Скопје.

 
На 28.05.2019 година во 19.15 часот на ул.„Булевар Туристичка“ во Охрид, лицето Љ.О.(46) од с.Белчишта, општина Дебарца, физички нападнал полициски службеник при вршење службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно докуменитрање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 
На 28.05.2019 година во 14.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во куќа сопственост на П.П.(70) на улица „Ѓоре Ѓорески“ во Прилеп настанал пожар во кој изгорела покривната конструкција, таванот и две простории. Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната единица Прилеп, а увид на местото на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.  

 
На 28.05.2019 година во 15.10 часот во СВР Скопје, К.П.(35) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 15.00 часот на булевар „Партизански одреди“ непознато лице физички ја нападнало. Се работи на расчистување на случајот.

 
На 28.05.2019 година околу 08.30 часот во Полициската станица Гостивар, М.Х.(34) од село Врапчиште, гостиварско, пријавила дека во близина на семејната куќа била нападната од кучиња скитници, кои и нанеле повреди на двете нозе. По укажаната лекарска помош во гостиварската болница таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

 
На 28.05.2019 година во 14.55 часот во Полициска станица Штип, Ј.Ј.(31) од с.Радање, oпштина Карбинци, пријавил дека истиот ден околу 13.30 часот во с.Радање неговото петгодишно дете било каснато во пределот на ногата од куче, чиј сопственик го знае. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(50)од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „фалсификување исправа“. На 13.03.2019 година на социјалната мрежа ,,Facebook”, од негов профил пријавениот објавил заканувачка содржина, а по преземени мерки, на 20.05.2019 година во Кочани, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле фалсификувана патна исправа и лична карта од Република Словенија на кои била поставена фотографија од пријавениот.     

 
На 28.05.2019 година во 21.00 часот во СВР Скопје, Н.Д.(44) од Скопје пријавил дека на 27.05.2019 година околу 12.30 часот на улица „Јани Лукровски“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од поранешен ученик на неговото училиште. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М.(68) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ и против М.М.Ш.(39) од село Велгошти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“. На 21.09.2018 година првопријавениот, како матичен лекар, ретроактивно и издал боледување на второпријавената, вработена во СВР Охрид, по што таа го употребила таквото боледување за да го оправда отсуството од работа.

 
На 28.05.2019 гoдина во СВР Велес, Ј.П.(53) од Велес пријавил дека истиот ден околу 20.50 часот на ул.„Архиепископ Михаил“ во Велес бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. 

 
На 28.05.2019 година во 10.30 часот во СВР Скопје, Џ.Р.(1965) од Скопје пријавил дека на бул.„Никола Карев“ три лица физички го нападнеле неговиот 15-годишен син и му одзеле велосипед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
На ден 28.05.2019 гoдина во СВР Велес, Ј.П.(53) од Велес пријавил дека истиот ден околу 20.50 часот на ул.„Архиепископ Михаил“ во Велес бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. 

На 28.05.2019 година во 13.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека Љ.М.(56) од Кичево на ул.„4-ти Јули“ во пластична кофа пронашол три рачни бомби. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Кичево безбедно ги подигнал за понатамошна постапка. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.

 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.С.(57) од село Туин, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“. Од август до октомври 2018 година во атар на село Туин, кај место викано „Башоски ливади“, пријавениот од парцели во туѓа сопственост извршил бесправна сеча на 184 кубни метри дабови дрва.