Извадок на дел од дневни настани 28.05.2019

 На 27.05.2019 година во 15.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при пасошка контрола било констатирано дека М.М.(30) од Куманово се наоѓа на стоп листата со мерка „А“(апси) од Основен суд Куманово. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

 

На 27.05.2019 година во 15.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при пасошка контрола и проверка, било констатирано дека М.Д.(24) од Битола се наоѓа на стоп листата со мерка „А“ (апси) од СВР Битола. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

 

На 27.05.2019 година во 16.15 часот на Граничен премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ бил приведен М.Џ.(32) од Република Турција. Тој бил задржан во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Б.(41),М.Б.(20), И.П.(32), Д.Ч.(22), З.Б.(42) и В.Б.(52), сите од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на дрва. На 19.02.2019 година во атар на село Русиново, на место викано „Робан“, од парцела сопственост на РСМ, пријавените извршиле бесправна сеча на борови стебла, со што нанеле материјална штета од 676.520 денари на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“.

 

На 27.05.2019 во 18 часот на сервисната улица која води кон Водно, В.Ј.(45) од Скопје, управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа, В.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 27.05.2019 година во 19.00 часот на автопатот Скопје-Велес, помеѓу двата тунела во близина на с.Б.Село, велешко, мотоцикл „Кавасаки“ со велешки регистарски ознаки, управуван од П.Л.(27) од Велес, излетал од патот. П.Л. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, а потоа и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.  

 

На 27.05.2019 година во 23.50 часот во Полициската станица Центар, П.К.(30) од Скопје пријавил дека на улица „Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

 

Во текот на изминатиот ден(27.05.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи затоа што 21 управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Санкционирани се и двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица поради недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, двајца поради неправилно престројување, двајца возачи поради некористење заштитен шлем(кацига) при управување мотоцикл, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 75 мандатни платни налози и 62 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

На 27.05.2019 година околу 14.20 часот на улица „Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле Ј.А.(41) од Тетово, осуден на затворска казна од две години и шест месеци. По приведувањето тој бил предаден во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

 

На 27.05.2019 година околу 14.00 часот на улица „Борис Кидрич“ во Tетово, полициски службеници ги лишиле од слобода албанските државјани О.М.(25) и Е.Т.(21). При нивен преглед била пронајдена марихуана, по што биле задржани во Полициската станица Тетово, а потоа предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка.

 

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против M.Ч.(40) од Република Турција, со место на живеење во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. Пријавениот М.Ч. во текот на 2018 година склучил договор за користење под закуп на подрумски простории во куќа на ул.„Антон Попов“ за потребите на неговото правно лице, кое се занимава со дистрибуција и продажба на електрични материјали. Меѓутоа, во просториите тој складирал и 184 пара фалсификувани чевли од марката „Левис“, без да има договор со овластен застапник на оваа заштитена марка на територијата на РСМ. Чевлите биле пронајдени при претрес во изнајмените простории, извршен врз основа на судска наредба. При претресот, исто така, биле пронајдени и други 1392 парчиња чевли кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ извршена во магацин за чевли во Скопје. Сите пронајдени предмети биле одземени од пријавениот и предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

 

На 27.05.2019 година во населбата Аеродром во Скопје полициски службеници ја пронашле К.Л.(15) од Скопје, која на 25.05.2019 година беше пријавена дека се оддалеичкла од својот дом во Полициската станица Драчево. К.Л. е предадена на семејството.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.С.(33) од село Доброште, тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.02.2019 година околу 19.00 часот во село Доброште, тетовско, полициски службеници го забележале пријавениот како се доблжува до патничко возило „Фиат Добло“. Но, откако ги забележал полициските службеници, фрлил кесички со марихуана, по што побегнал. Набргу потоа, тој бил пронајдем и лишен од слобода.

 

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 27 мај извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 308 возачи, од кои три возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирано било едно возило, брзината ја надминале осум возачи, шест возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а еден возач не користел сигурносен појас. Издадени се вкупно 46 мандатни платни налози и девет прекршочни платни налози. Писмено се предупредени четири возачи.

 

На 27.05.2019 година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, при сообраќајно-контролни активности, биле откриени вкупно 69 различни видови прекршоци(ТЕ-55 и ГВ-14). Од прекршоците најбројни се неприлагодена брзина според условите на патот(23), непрописно паркирање(13), управување без возачка дозвола(11), возачи-почетници (3), истечена регистрација (2) и други.

 

На 26.05.2019 година на подрачјето на СВР Велес извршена е контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, регистрирани се 72 прекршоци, од кои во Велес 38, во Кавадарци 15 и во Неготино се регистрирани 19 прекршоци.

 

На 27.05.2019 година во 19.40 часот во СВР Скопје, Ф.Д.(20) од Скопје пријавил дека во спортска обложувалница во с.Волково бил физички нападнат од Д.Б.(44) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот. 

 

На 27.05.2019 година во 04.20 часот пред казино на ул.„Илинденска“ во Кавадарци, додека преземал службени дејствија во врска со претходно нарушување на јавниот ред и мир, полициски службеник бил физички нападнат од Ф.С.(24) од Република Албанија. Ф.С. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Кавадарци за понатамошна постапка.