Извадок на дел од дневни настани 26.05.2019

На 25.05.2019 година во 18,30 часот на Граничниот премин Долно Блаце при влез во Р.С.Македонија лишен од слобода бил B.K.(29) од Косово бидејќи при проверка во стоп листата евидирал со мерка „Апси“ по барање на Интерпол-СР Германија. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

 

На 26.05.2019 година во 00,10 часот на Граничниот премин Табановце за излез од Р.С.Македонија, при извршена пасошка контрола на Ј.A.(36) државјанин на Р.Бугарија било констатирано дека во патната исправа имал вметнато биометриската страна која отстапувала од оригиналот. Со него бил извршен разговор и кажал дека се вика B.O.(36) државјанин на Р.Турција. Патната исправа била одземена, а B.O. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

На 25.05.2019 година во 16,35 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата “Иво Лова Рибар“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “БМВ“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Љ.Н.(23) од с.Десово-Долнени и мотоцикл “Кавасаки-500“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.З.(51) од Прилеп. Возачот на моторциклот бил пренесен во Градската Болница-Прилеп каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

На 25.05.2019 година во 23,00 часот во Полициската станица Гази Баба Ж.Ч.(75) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 21,00 часот на улицата “Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.

 

На 25.05.2019 година во 11,00 часот во Полициската станица Карпош М.В.(67) од Скопје пријавила дека на 24.05.2019 година околу 14,00 часот на улицата “Бранислав Нушиќ“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.

 
 На 26.05.2019 година во 01,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот “Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “БМВ 320 ЦИ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(38) од Скопје, и патничко моторно возило “Фолксфаген Пасат“ со скопски регистарски ознаки (такси возило), управувано од Г.П.(48) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачот Г.П. и патниците од истото возило Д.А.(18) и уште едно лице на возраст од 14 години кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Возачот Ј.П. се здобил со повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “8-ми Септември“.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
 

На 25.05.2019 година во 14,00 часот во Полициската станица Драчево В.Б.(74) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10 часот на локалниот пат с.Драчево-с.Долно Лисиче додека управувал велосипед бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

 

На 25.05.2019 година во 07,00 часот А.Ј.(21) од Кратово пријавил дека истиот ден околу 03,00 часот во Кратово пред угостителски објект бил физички нападнат од К.Н.(23) од Кратово. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 25.05.2019 година било пријавено дека во Велес на улицата “Академик Пенчо Давчев“ во двор од куќа сопственост на Т.К. била пронајдена граната од Втора светска војна. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес, а од страна на пиротехничар од ДЗС гранатата била подигната за понатамошна постапка. 

 

На 25.05.2019 година во 12,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „5“ во с.Визбегово, Д.П.(42) при обид да смени греач на електричен шпорет во кујна, починал од струен удар. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

 

На 26.05.2019 година во 04,45 часот во СВР Скопје З.П.(65), таксист од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 04,15 часот на улицата “Јани Лукровски“ бил физички нападнат од непознато лице откако претходно негов другар одбил да плати за услугата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

           

На 25.05.2019 година во 18,15 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата “Леце Котески“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата В.Д.(32), Џ.Д.(32), Р.З.(35) и Д.М.(36) од една страна и Д.А.(43), Џ.Д.(28), Ф.Ѓ.(20) и Ѓ.З.(44) од друга страна. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 25.05.2019 година околу 22,40 часот во СВР Скопје Ф.М.(23) од Скопје пријавил дека пред угостителски објект во н.Илинден бил физички нападнат од З.И. вработен како обезбедување. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

           

На 26.05.2019 година во 05,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 02,30 часот пред дискотека С.П.(28) и неговиот брат А.П.(23) од Скопје биле физички нападнати од неколку лица меѓу кои биле и лицата А.Ч. и Р.В. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.05.2019 година во 22,00 часот К.Ч.(39) од с.Лескоец пријавил дека истиот ден околу 20,30 часот во спортска обложувалница во с.Лескоец-охридско бил физички нападнат од С.Т. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.05.2019 година во 10,40 часот во Полициската станица Бит Пазар М.И.(26) вработен во Турска амбасада, пријавил дека од интернатот на Балканскиот Универзитет лоциран на улицата “Прохор Пчински“ се оддалечил студентот Б.М.А.(21) државјанин на Р.Турција. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 26.05.2019 година во 06,20 часот М.С.(27) од с.Тополчани пријавил дека истиот ден околу 03,30 часот во Прилеп пред ноќен клуб бил физички нападнат од две лица. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.05.2019 година во 14,35 часот А.Р.(19) од Прилеп пријавил дека на 24.05.2019 година околу 15,00 часот во Прилеп на улицата ,,Ленин“ бил физички нападнат од неколку лица. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.05.2019 година во 09,00 часот во Полициската станица Драчево К.Л.(55) пријавил дека од домот се одалечила неговата ќерка К.Л.(15) и најверојатно е заедно со момче, кое тој го познава. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 25.05.2019 година во 10,00 часот К.А.(18) од Штип пријавил дека истиот ден околу 03,30 часот во Штип на улицата “Партизанска“ пред дискотека бил физички нападнат од А.Ј. и Б.Ј. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.05.2019 година во 05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот “К.Ј.Питу“ настанал пожар на мотор “Пијаџо“, сопственост на Г.А.(36) од Скопје. Извршен е увид.

 

На 25.05.2019 година во 09,00 часот во СВР Скопје Г.Т.(46) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 02,00 часот во с.Трубарево во угостителски објект бил физички нападнат од неколку лица. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

 
 
 

 

 

 

 
.