Извадок на дел од дневни настани 24.05.2019

 На 23.05.2019 година во 19,45 часот во Полициската станица за Граничен премин-Табановце, на влез во Република Северна Македонија од страна на униформирани полициски службеници  лишен е од слобода Ш.О. (50) од Горно Оризари-Велес, затоа што при проверка во Оперативна евиденција утврдено е дека истиот евидира на СТОП-Листа.

 

На 23.05.2019 година околу 13,30 часот на региналниот пат Кичево -Охрид кај село Другово-кичевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Г.Т. (63) од с.Куклиш-Струмица и мотоцикл „Сузуки’ со кичевски регистарски ознаки, управуван од К.А. (28) од с.Зајас-Кичево. На пат кон Клинички центар- Скопје во возило на Итна медицинска помош К.А. им подлегнал на повредите.Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Кичево.

 

На 23.05.2019 година околу 16,40 часот на автопатот А-1 Гевгелија-Велес, на исклучување кон Неготино, од страна на униформирани полициски службеници било забележано  патничко моторно возило со струмички регистарски ознаки , управувано од Д.В. од Гевгелија, за кое постоеле сознанија дека во него се превезуваат мигранти. Од возилото биле забележани како излегуваат пет мигранти , по што возачот го стартувал  возилото и се исклучил на клучката кај  Стоби, по што застанал. Совозачот во возилото  Л.Б. (21) од Гевгелија  е лишен од слобода, а петмината мигранти од Пакистан се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје.Известен е јавен обвинител.

 

На 23.05.2019 година во 12.30 часот униформирани полициски службеници од Полициското одделение Сарај пријавиле дека во село Горни Крушопек -Скопје, кај месноста викана Драч пронашле артрилериска граната. Поради тоа што постоела  опасност за транспорт , во 16.30 часот гранатата била безбедно уништена на местото каде е пронајдена. 

                                         

На 23.05.2019 година околу 14,00 часот во Скопје на ул.„Климент Охридски“, на бензинска пумпа настанал пожар во патничко моторно возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ (60) од Скопје. Имено, Г.Ѓ. го сопрела возилото на бензинската пумпа со цел да стави гориво, но откако повторно го стартувала возилото почнал да се шири чад од под хаубата, по што побарала помош од вработените на бензинската, кои веднаш почнале да го гасат пожарот со противпожарни апарати, а набргу дошла и екипа од Противпожарна заштита и во 15 часот пожарот е изгаснат.

 На 24.05.2019 во 10.10ч.на улица “Вич“  во Скопје во зграда на 17 спрат избувнал пожар во стан во  кој бил В.Ѓ (58), кој заради вдишување на поголемо количество на чад, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при клинички центар “Мајка Тереза“. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е целосно изгаснат во 10.55 часот. Увид ќе се врши во текот на денот.
 

На 23.05.2019 година во 13,45 часот во Ново Село, Струмица,  на улица .„Мануш Турновски “ патничко моторно возило  „Опел зафира “ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.Г(45) од Ново Село при враќање на возилото наназад удрило во пешакот Д.Р (72) од Ново Село. Пешакот се здобил со  повреди. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

 

На 24.05.2019 година во 04,00 часот во Единицата за известување и команда Скопје, било пријавено дека во стан на улица .„Владимир Комаров“ во Скопје, Л.Ј.(49) била малтретирана и врз неа била извршена обљуба од страна на С.Б. (39) од Босна и Херцеговина, со кого претходно биле во врска што таа не сакала да ја продолжи. С.Б. е приведен во полициска станица.

 

На 24.05.2019  01,20 часот во полициска станица  Д.А(31) од Скопје пријавил дека на 23.05.2019год. околу 23,00 часот на ул. „Владимир Комаров“ бил физички нападнат од страна на неколку лица. Претходно, околу 00,40 часот во полициска станица А.О (45) од Скопје,пријавила дека на 23.05.2019год. околу 23,00 часот на улица ,,Владимир Комаров“ Д.А(31) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир  со недолично однесување кон нејзината ќерка.

 

На 23.05.2019 во 18 час. Ф.С.А  (32)од  Скопје, пријавил дека на 22.05.2019 год во 15час. во ОУ ,,Наум Наумовски Борче,, од страна на друг ученик  физички била нападната неговата ќерка. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 23.05.2019 година во 17,33 часот во Единицата за известување и команда -Скопје, А.В. (42) од Скопје, пријавила дека на ул.„Виа Игнатија“  во станот на нејзината баба М.Д. (82), која живеела сама, ја пронашла М.Д. почината, без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител,  телото на починатата е дадено за обдукција.

 

На 23.05. 2019 година во Полициската станица Гази Баба, од ЈУ„Ранка Милановиќ“ пријавено е дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Б.П. (13) од Битола, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан во установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 На 24.05.2019г. во 01,45часот С.Н (20)  пријавил дека околу 01,15часот пред пекара во населбата Илинден бил физички нападнат од М.Д.. Се работи на расчистување на случајот.