Извадок на дел од дневни настани 23.05.2019

На 22.05.2019 година во 11.30 часот на ул.„Јане Сандански“ во Скопје се случила   сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(50) од Скопје и патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(74) од Скопје, при што двајцата удриле во паркирано патничко возило „Мицубиши Колт“ со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Г.Р. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.  

 

На 23.05.2019 година во 00.00 часот на крстосница од улиците “Железничка“ и “Кленоец“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Сканија“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(57) од Битола и патничко возило „Фиат Пунто“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(32) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.И.(30) од Охрид, сопатничка во возилото „Фиат Пунто“. Со возило на Итна медицинска помош таа била пренесена во болницата во Охрид каде и била укажана лекарска помош, по што била префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се работи на расчистување на случајот. 

 

На 22.05.2019 година во 10.00 часот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле се случила сообракајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо Експерт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(36) од село Иловица и патничко возило “Фолксваген Голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.К.(20) од село Муртино. Во негодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „Голф“, П.Џ. (50) од село Хамзали, струмичко, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде му била укажана лекарска помо. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 22.05.2019 година во 22.50 часот на местото викано “Жировничко Анче“, на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, полициски службеници запреле и извршиле преглед на патничко возило „Мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(28) од Република Албанија., во кое сопатници биле Д.Ш.(29) Л.Ш.(47), двајцата исто така од Република Албанија. При преглед во возилото биле пронајдени повеќе пакувања козметички производи и постелнини. И.Ш. бил лишен од слобода и во разговор со полициските службеници изјавил дека робата ја набавил во Тирана и ја носел во Шуто Оризари.  Пронајдените предмети биле одземени и заедно со лицето се предадени во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.                                                      

 

На 23.05.2019 година во 00.50 часот на Граничен премин „Деве Баир“, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“(патна исправа), од слобода бил лишен С.Д.(33) од Република Албанија. Во 02.00 часот лицето било предадено во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.           

 

На 22.05.2019 година во 19.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, З.А.(27) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12.45 часот на ул.„Наум Охридски“ нејзиниот петгодишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

 

Во текот на изминатиот ден (22.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 14 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди а шест лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки констатирано е дека 37 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, додека пак од сообраќај се исклучени 32 возачи затоа што 30 од нив управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило а двајца биле возачи почетници. Исто така, од сообраќај се исклучени и 18 возила бидејќи биле нерегистрирани. Во делот на санкциите, санкционирани се 12 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, еден возач - поради неправилно престројување, осумина поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и уште 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Покрај ова, во текот на изминатиот ден издадени се 97 мандатни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак".    

 На 22.05.2019 година околу 15.30 часот во Полициската станица Берово, Р.А.(50) од Берово пријавила дека на место викано „Ширината“, атар на Берово, при обработка на нива, пронашла неексплодирана граната калибар 75мм, непозната марка. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната за понатамошна постапка.
 

СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од Куманово поради постоење основина сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 22.05.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во нејзиниот дом и други простории и во домот на нејзиниот невенчан сопруг, при што пронашле и одзеле 323 грама марихуана и 12 грама кокаин.

 

На 23.05.2019 околу 04.40 часот вo Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека на семејна веселба во двор од куќа на улица „ЈНА“ во Гостивар имало пукање со огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото и од слобода го лишиле Д.Ј.(35) од Гостивар, за кого постои сомнение дека пукал и од него било одземено оружјето и пет куршуми.Д.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

 

На 22.05.2019 година на подрачјето на СВР Тетово спроведена е зајакната акциска контрола во сообраќајот, при што биле откриени вкупно 96 прекршоци (ТЕ-47 и ГВ-49). Притоа, било утврдено дека 14 лица ги управувале возилата без положен возачки испит (ТЕ-7 и ГВ-7), 11 возила (ТЕ-8 и ГВ-3) биле нерегистрирани, 17 непрописно паркирани (ТЕ), додека 16 возила, односно возачи не почитувале првенство (ТЕ-6 и ГВ-10). За овие прекршоци поднесени се 47 прекршочни и 49 мандатни платни налози.  

 

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 22 мај извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 381 возачи, од кои 10 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле шест возила, брзината ја надминале девет возачи, а 17 возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото.

 

На 22.05.2019 година во 19.30 часот во Полициската станица Центар, Е.И.(42) од с.Пагаруша пријавил дека на 21.05.2019 година околу 18.00 часот наул.„11ти Октомври“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.05.2019 година околу 22.25 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.И.(26) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.00 часот на улица „Лука Геров“бил физички нападнат од лицата С.Р.(18), Х.Х.(15) и С.С.(18), сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  

 

На 22.05.2019 година околу 18.20 часот на ул.„Афузпашина“ во Скопје полициски службеник бил физички нападнат од лицето Ј.Н.(57) од Скопје додека давал асистенција на Итна медицинска помошза негово пренесување во психијатриска болница Бардовци. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.        

 

На 22.05.2019 година во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „8-ми Септември“ била донесена 17- годишна девојка од село Средно Коњари, скопско, со исеченици по левата рака и нога, кои според пријавеното и ги нанела Н.Н. по претходна расправија за момче. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 23.05.2019 година околу 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов - Ченто“во Скопје настанал пожар во пределот на акумулаторот на товарно возило „МАН“,сопственост на приватна фирма од Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид.

 

На 22.05.2019 година во 22.30 часот било пријавено дека непознат сторител извршил разбојништво во спортска обложувалница на ул.„Февруарски Поход“ во Скопје и одзел пари од прометот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.М.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Во периодот од 21.10 часот на 20.05.2019 до 05.00 часот на 21.05.2019 година на ул.„Никшиќка“ во Куманово, во дворот од куќата на пријавениот и неговиот брат Г.М., пријавениот физички го нападнал брат му Г.М., по штобил приведен во полициска станица.