Извадок на дел од дневни настани 21.05.2019

 На 20.05.2019 година во 11.30 часот на локалниот пат во село Пирок, тетовско, товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Јавното комунално претпријатие „Шари“, а управувано од А.Ф.(55) од село Боговиње, удрило во пешакот О.М.(40) од село Боговиње, вработен во истото претпријатие. Од ударот О.М. починал на местото. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

На 20.05.2019 година околу 13.50 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во село Добреноец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сузуки Марути“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(58) од село Лавчани, кичевско и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(30) од Кичево. На местото на несреќата починал возачот Ј.С. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево. Сообраќајот на патниот правец Кичево - Охрид (во двата правци) бил во прекин од 13.50 до 15.20 часот.

 

На 20.05.2019 година во 16.20 часот во село Кадино, скопско, патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(43) од село Кадино, удрило во пешакот Г.Г.Д.(60) од Република Бугарија. Од ударот Г.Г.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 20.05.2019 година на локалниот пат меѓу селата.Браилово - Долнени, општина Долнени, кај железничката станица Браилово, патничко возило „Форд Галакси” без регистарски ознаки, управувано од Д.В.(45) од село Сенокос, прилепско, изгубило контрола и излетало во одводниот канал. Д.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

На 20.05.2019 година во 18.30 часот на ул.„1“ во село Сарај, скопско, трактор со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.С.(25) од истото село, изгубил контрола и се превртел. Притоа, возачот Ј.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека 15-годишен сопатник од село Грчец се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 20.05.2019 година во 14.00 часот во Полициската станица Центар, Р.Т.(48) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12.00 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.  

 

На 20.05.2019 година во 15.30 часот во Полициската станица Центар, М.В.(31) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

 

Во текот на изминатиот ден (20.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека четири лица поминале со лесни телесни повреди. Од преземените сообраќајни мерки констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 28 возачи затоа што - 27 од нив управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило а еден бил возач почетник. Исто така, од сообраќај се исклучени и 16 возила бидејќи биле нерегистрирани. ИНаку, деветмина возачи се санкционирани поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување на пешаци на пешачки премин, исто така -двајца поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, седумина возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се петмина граѓани поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 85 мандатни платни налози а 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак". 

На 20.05.2019 година околу 16.30 часот на локалниот пат Куманово - с.Табановце, патничко возило „Опел Вектра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.Х.(57), удрило во велосипед што го управувал 16-годишник од Куманово. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово. По укажаната помош тој бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.   

 

На 20.05.2019 година, по преземени мерки на полициски службеници од СВР Штип била пронајдена 14 – годишна малолетничка, пријавена за исчезната од страна на нејзината мајка Е.Ј.(31) од Штип на 18.05.2019 година.

 

На 20.05.2019 година околу 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред бурекџилница на ул.„Емин Дураку“ неколку непознати лица физички нападнале 13-годишно момче од Скопје. Притоа, едно од лицата со остар предмет му нанел убодни рани во грбот и левата рака. Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош и бил задржан на лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 20.05.2019 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Е.М.(29) од Прилеп пријавил дека на 18.05.2019 година околу 21.00 часот, неговиот шестгодишен син додека се играл на детско игралиште во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово, се изгубил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на детето.

 

На 21.05.2019 година во 01.10 часот во Полициската станица Центар, П.С.(21) од Радишани, скопско, пријавил дека на 20.05.2019 година околу 11.00 часот на ул.„Тодор Александров“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница. 

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“. На 11.05.2019 година во 21.30 часот пријавениот извршил други полови дејствија над 13-годишно момче од Скопје.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.З.(18) од село Озормиште поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“. Во периодот од 11.02.2019 година до 05.03.2019 година во Тетово пријавениот одзел два акумулатори од работна машина –багер, додека од три цркви на подрачје на Тетово одзел пари.  

 
 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.К.(41) од село Мала Речица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.12.2017 година околу 14.40 часот во Тетово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин. Додека, при претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени кокаин, десет мобилни телефони и пари. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ќ.(39) од село Нераште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.04.2018 година во Тетово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.                                                            

 

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава проти Ј.И.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. Во периодот од 09.01.2019 до 12.01.2019 година пријавениот од возило на А.А. одзел лични документи и банкарска картичка, по што од банкомати во Радовиш повлекол 50.000 денари. 

 

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во рамки а вчерашните активности во делот на сообраќајните правила и прописи извршиле контрола на 389 возачи, при што е утврдено дека шестмина возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле шест возила, четворица возачи не користеле сигурносен појас, а 19 возачи управувале со брзина поголема од дозволената. Под дејство на алкохол бил еден возач, кој е исклучен од сообракај, а четворица возачи се санкионирани затоа што зборувале на мобилен телефон при управување на возилото. Исто така во вчерашните сообраќајно-контролни активности спроведени на подрачјето на СВР Тетово биле откриени и законски санкционирани 25 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина и на кои им биле изготвени исто толку мандатни платни налози. Покрај ова, на тетовското подрачје откриени се и шестмина возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит, четворица биле возачи почетници и 11 возачи кои непрописно ги паркирале нивните возила. За сите прекршоци поднесени се прекршочни и мандатни платни налози, како и писмени предупредувања.