Извадок на дел од дневни настани 16.05.2019

 На 15.05.2019 година во 15.45 часот на бул.„Ослободување“ во Кичево, З.М.(30) од с.Вранештица, кичевско, управувајќи патничко возило „Опел Фронтера“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во пешаците Ѓ.А.(32) и Т.Д.(36), двете од Кичево. Тие се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Медицински центар Кичево, каде им била укажана лекарска помош, по што и двете била префрлена во Клиничката болница Битола на понатамошно лекување. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.

 

На 15.05.2019 година во 11.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на некатегоризиран пат од правец на с.Зрновци кон браната „Зрновска река“, поточно кај местото викано „Бузовачки дол“, атар на с.Зрновци, поради лизгање на земјиште од патот дошло до превртување на трактор со приколка, управуван од Ѓ.С.(38) од с.Зрновци. Притоа, Ѓ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиничката болница во Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.

 

На 15.05.2019 година во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, А.С.(39) од Скопје пријавила  дека истиот ден околу 18.00 часот на ул.„Ванчо Мицков“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

 

На 15.05.2019 година во 20.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.В.(64) од Скопје пријавил дека на 14.05.2019 година околу 20.30 часот на ул.„Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната подлактица.  

 

Во текот на изминатиот ден (15.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди во кои шест лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземени мерки по однос на почитувањето на сообраќајните правила и прописи констатирано е дека 30 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени и 21 возачи од кои што 18 управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца управувале возило под дејство на алкохол и еден бил возач почетник. Покрај ова, четворица возачи се санкционирани поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување. Исто така санкционирани се и тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и деветмина - поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Наедно, од сообраќај беа исклучени и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Во однос на пешаците, санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот  ден издадени се 72 мандатни платни налози а 60 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

 На 16.05.2019 година во 02.27 часот во СВР Скопје, А.П. пријавил дека во угостителски објект во Горно Лисиче, Д.Д.(26) од Скопје му се заканувал со пиштол. Исто така, според пријавата, А.П. со негови пријатели успеале да му го одземат пиштолот и да го задржат Д.Д. до доаѓањето на полиција. Лицето било приведено и предадено во Полициска станица Аеродром, а пиштолот бил одземен. По целосно документирање на случајот против Д.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.
 

На 15.05.2019 година околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“, во автобус на ЈСП кој сообраќал во правец од Бит Пазар кон Автокоманда, група млади лица физички го нападнале Ф.S.(18) од Скопје, по што побегнале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 

На 15.05.2019 година во 21.30 часот во СВР Куманово, И.С.(35) во с.Кокино, кумановско, пријавил дека на 11.05.2019 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга В.М.(48). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, Тој, во текот на јануари минатата година, со А.И.(30) од струшкото село Радолишта склучил усмен договор за купопродажба на патнички автомобил. Но, пријавениот Н.С. не извршил целосна исплата на договорената цена со што на оштетениот му причинил материјална штета од 615.000 денари.

 

СВР Тетово поднесен кривична пријава против М.М.(18) и Б.Ѓ.(17), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство’’. На 07.04.2019 година во дискотека во Тетово пријавените физички го нападнале прво Ј.И.(23) а потоа и Ѓ.Ј.(23) кој се обидувал да ги спречи пријавените во физичкиот напад. 

 
 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.В.(66) од село Порој поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница’’. На 25.02.2019 година во село Порој, тетовско, при вербална расправија, пријавениот вперил пиштол кон неговиот брат Т.В.(55).

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(60) од село Доброште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејство’’. На 26.02.2019 година во атар на село Доброште пријавениот со своето возило удрил двајца полициски службеници кои се обиделе да извршат преглед на возилото. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(27) од село Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суптанци и прекурзори“. На 26.09.2018 година околу 22.15 часот на локалниот пат за село Корито, гостиварско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле опојна дрога - марихуана. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги , психотропни суптанци и прекурзори“. На 07.04.2017 година во село Долна Бањица, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле опојна дрога марихуана. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.И.(23) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги , психотропни суптанци и прекурзори“. На 13.01.2019 година во Гостивар полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле опојна дрога марихуана.

 
 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.З.(46) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.01.2019 година во Кичево полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле опојна дрога - хероин.