Извадок на дел од дневни настани 13.05.2019


На 12.05.2019 година околу 22.40 часот на крстосницата од ул.„160“ и ул.„161“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(20) од Тетово и патничко возило „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.З.(18) од Тетово. На местото на несреќата животот го загубил Ш.Љ.(18) од Тетово, сопатник во возилото „Ауди“, додека, пак, со тешки телесни повреди се здобил вториот сопатник во истото возило, Е.М. од Тетово. Поради сериозноста на повредите тој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител  и екипа од СВР Тетово.

 
На 12.05.2019 година во 03.45 часот на  крстосницата од бул.„Илинден“ и ул.„Аминта трети“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Хонда„ без регистерски ознаки, управуван од Б.Л.(26) од Скопје и патничко возило „Дачиа Логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(53) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот Б.Л. и неговиот сопатник А.А.(27) од Скопје. Со возило на итна медицинска помош Б.Л. бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека А.А. бил пренесен во Градската општа болнца „Св.Наум Охридски“. Двајцата се задржани на понатамошно лекување.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 
На 12.05.2019 година во 12,15.00 часот во Полициската станица Гевгелија, Ј.П. (69) пријавила дека нејзиниот поранешен зет С.К. (46), српски државјанин, откако се довел во алкохолизирана состојба упатил закани по живот кон неа и кон нејзините две ќерки при што во еден момент се обидел физички да ја нападне една од нејзините ќерки. Од страна на полициски службеници во координација со дежурен ЈО, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, С.К. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица По целосно документирање на случајот против него ќе биде поснесена соодветна пријава.

 
На 12.05.2019 во 08.15 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано “Бричките“, атар на с.Двориште, беровско, на некатегоризиран пат, Б.Ц.(55) од с.Двориште, управувајќи трактор, изгубил контрола над тракторот и се превртел. На тракторот заедно со него била и неговата сопруга И.Ц., која успеала да скокне, а Б.Ц. бил исфрлен на околу 50 метри под патот. Б.Ц. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Струмица каде му била укажана лекарска прва помош, а потоа бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобила И.Ц. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.

                                          
На 12.05 2019 година во 11.45 часот во Полициската станица Кичево, Е.Ј.( 36) од Кичево пријавила дека на улица „Маршал Тито“ во Кичево нејзиниот 11-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на двете подлактици.

 
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на изминатиот викенд а во рамки на контролата на сообраќајот и почитувањето на сообраќајните правила и прописи, извршија засилени контроли на подрачјето на СВР Битола. Притоа,  контролирани се 1243 возачи ,од кои 13 возачи управувале возило без возачка дозвола, детектирани се 14 нерегистрирани возила , тројца возачи не користеле сигурносен појас. Исто така 32 возачи управувале со неприлагодена брзина а технички неисправни биле седум возила, додека шестмина возачи се санкционирани заради користење на мобилен телефон при управување со возило.

 На 12.05.2019 година околу 21.30 часот на автопатот Скопје-Велес, кај „Штипска Петља“, полициски службеници запреле патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(54) од с.Арачиново-Скопје. При контрола  на возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти. Мигрантите и И.М. биле предадени во Полициската станица Велес за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против И.М. ќе биде поднесена соодветна пријава. 
 

На 12.05.2019 година во Полициската станица Берово било пријавено дека околу 05,30 часот на месноста викана „Губенек“, во атар на село Русиново, А.Г.(63) од село Русиново, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел. Притоа, А.Г. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Берово.

 

На 12.05.2019 година околу 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП, на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, 15-годишник од с.Кучевиште, скопско, физички бил нападнат од повеќе непознати лица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

 

На 12.05.2019 година околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Шуто Оризари Е.И.(20) од Скопје бил нападнат од повеќе непознати лица. Според пријавата, најпрвин едно од лицата со непозната течност го испрскал во пределот на очите, по што друго лице му нанело убод со остар предмет во пределот на вратот. На Е.И. му била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ - Скопје. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 13.05.2019 година околу 03.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп имало пукање од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото на настанот каде биле  затекнати М.М.(43) од Прилеп и О.И.(28) од село Лажани, прилепско, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.  

 

На 12.05.2019 година во 18.45 часот во СВР Скопје, од КПУ Идризово било пријавено дека на осуденикот Џ.Џ.(48) од Скопје му се слошило, по што со  возило на установата бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што од страна на лекар била констатирана смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

 

На 13.05.2019 година во 01,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Фрушкогорска“ во населба Ченто имало опожарено патничко возило. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека целосно било опожарено патничко возило „Цитроен“ со бугарски национални ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Сопственикот на возилото не е пронајден.

 

На 12.05.2019 година во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„11-ти Октомври“ три непознати лица извршиле разбојништво над М.Б.(80) од Скопје. Според пријавата, сторителите физички ја нападнале М.Б. и од чантата и одзеле пари и мобилен телефон. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.