Извадок на дел од дневни настани 14.04.2019

  

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Д.(34) село Биљановце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.04.2019 во Куманово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. Исто така, при претрес во неговиот дом била пронајдена и одземена марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Д.(51) од село Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“. На 01.03.2018, пријавениот, како управител на фирма, изготвил две лажни банкарски уплатници во износ од 98.400 и 29.520 денари, по што во одделението за прекршоци во СВР Охрид ги приложил како доказ за извршена уплата за сторени прекршоци.

 

 На 13.04.2019 година во 20,10 часот на Граничен премин меѓународен Аеродром -Скопје, на влез во Република Северна Македонија допатувал Н.П (45) роден во  Иран, кој е лишен од слобода затоа што при проверка констатирано е дека евидира со мерка „Апси” од Интерпол.

 

На 13.04.2019 година околу 22,00 часот на автопатот А1 Неготино-Градско (кај археолошкиот локалитет Стоби) од страна на униформирани полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор ,,Михајлово“ и полициски службеници од Одделот за организиран криминал било запрено патничко мoторно возило „Волво“ со скопски регистарски ознаки, при што возачот С.А. (22) од с.Петралица, се обидел да избега, но е лишен од слобода. Во возилото биле пронајдени 11 лица-мигранти од кои едно лице од Ирак, едно лице од Пакистан, шест лица од Авганистан и три лица од Сирија. Известен е јавен обвинител.

                                        

На 13.04.2019 година околу 20,15 часот на магистралниот пат А-3 Велес-Штип, кај с.Кадрифаково-Свети Николе, се случила сообраќајна незгода во која З.М. (56) од Штип , управувајќи товарно моторно возило ,,Ивеко“ со штипски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.А. (21) од с.Ерџелија-Свети Николе. Л.А. бил пренесен во Медицински центар Штип каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во Ургентен центар Скопје.

 

На 14.04.2019 година околу 04,00 часот во Скопје на крстосницата со булевар .„Србија“, булевар .„Јане Сандански“ и булевар .„В.С.-Бато“, се случила сообраќајна незгода во која М.И. (34) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило ,, Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и излетала од коловозот. М.И. и сопатникот Т.А. (42) од Скопје биле пренесени во Ургентен центар-Скопје, каде на М.И. и се констатирани тешки телесни повреди, додека кај Т.А. се констатирани телесни повреди. 

 

На 13.04.2019 год. во 19,00 часот во Полициско одделение- Мирковци,  лицето С.Х.Х (24) од  с.Мирковци пријавила дека на 13.04.2019 год. околу 18,30 часот на ул.Александар Урдаревски  додека се движила со нејзиното куче долж улицата, биле нападнати од две кучиња кои биле пуштени на улица без надзор на сопственикот Е.К (47) од с.Мирковци , при што пријавителката се здобила со повреди.Се работи на расчистување на случајот.

           

На 14.04.2019 год.во 01.00 час Д.Т (26) од Драчево, пријавил дека на 13.04.2019 год.во 22.15 час.движејќи се по ул.Иван Хаџиниколов“ пред паркот на Бранителите бил каснат од две кучиња скитници.

 

На  13-04-2019  година, околу 13 часот и 30 минути,  во СВР Охрид, добиено е телефонско известување дека  паднал маж на непристапен терен на потегот помеѓу „Лабино“ и „Канео“ во Охрид. Полициски службеници од езерската полиција, со пловен објект пристигнале не местото при што, констатирале дека се работи за лицето Д.А.(57) од Охрид. Тој е пренесен до месноста „Грашница“ од каде со возило на Брза помош е пренесен  во болницата „Св.Еразмо“, каде му се констатирани тешки телесни повреди . 

 

На 13.04.2019 година околу 20 часот во Скопје на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ приведен е И.Џ. (41) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија.

 

На 14.04.2019 год околу 00,30 час. на ул.Бутелска во близина на угостителски објект нарушен  е јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка меѓу Љ.М(44) од с. Стајковци од една страна и  А.К(40) од Скопје. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.