Извадок на дел од дневни настани 12.04.2019

 На 11.04.2019 во 21.30 часот на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(22) од село Радолишта и влекач „МАН“ со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(39) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Ауди“. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, по што бил префрлен во болницата „Свети Еразмо“-Охрид, односно Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од Полициската станица Струга.

 
На 11.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле претрес во домот и помошни простории на лицето Х.М.(44) од село Чегране, гостиварско. При претресот биле пронајдени и одземени три најлонски кеси со околу три килограми марихуана. Лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 
СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.А(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик. На 10.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом на улица „Лазар Трповски“ во Скопје каде престојува на А.А.. При претресот биле пронајдени и одземени два панцирни елеци, шест паковки со кокаин и една дигитална вага со остатоци од кокаин.  

 
На 11.04.2019 во 20.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола, било утврдено дека патната исправа на лицето M.A.(31) од Република Албанија била фалсификувана. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 
На 11.04.2019 во 20.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа сопственост на М.З на улица „Гоце Делчев“ во Куманово настанал пожар. Во пожарот куќата целосно изгорела. Во 22.00 часот екипа од Територијалната противпожарна единица го изгаснала пожарот. Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.  

 
На 11.04.2019 во 15.55 часот во Полициската станица Центар, С.К.(55) од Скопје пријавила дека на 10.04.2019 година околу 08.00 часот на улица „Белградска“ нејзината 15 - годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

 
На 11.04.2019 во 15.35 часот во Полициската станица Аеродром, М.Д.(69) од Свети Николе пријавил дека истиот ден околу 09.30 часот на булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

 
Во текот на изминатиот ден (11.04.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 36 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возач од кои: 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно возило поради претовар. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 11 поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач затоа што не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 133 мандатни платни налози и 84 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле седум сообраќајни незгоди во кои пет лица се здобиле со телесни повреди.

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи НККР Кичево поднесе  кривична пријава против М.Ќ. (19) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.  На  27.01.2018 година околу 23,35 часот во атар на село Осломеј, Кичево,  од страна на полициски службеници, при преглед на лица и такси возило, управувано од Н. Л. (39) од Кичево,  во кое се превезувале пријавениот и уште едно лице, кај истиот биле пронајдена и одземена марихуана.
 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи НККР Кичево поднесе кривична пријава против А. С. (29) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 02.10.2018 година околу 20,20 часот во атар на село Орланци, Kичево,  од страна на полициски службеници, при преглед на патничко возило,  управувано од пријавениот, биле пронајдени и одземени марихуана и мешавина на марихуана и тутун. 

 

На 11.04.2019 во 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир во спортска обложувалница на булевар „12-та Македонска Бригада“ со физичка пресметка помеѓу лицата М.Н.(60) и К.Т.(30), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  

 

На 11.04.2019 во 22.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во стан сопственост на Р.А. на улица „Карадачки одреди“ во Куманово настанал пожар. Од пожарот со повреди се здобило лицето Ф.А.(58), на кое му била укажана помош во болницата во Куманово. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица, а увид извршила екипа од СВР Куманово. 

 

На 11.04.2019 во 20.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.А.(24) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.30 часот на булевар „Македонско Косовска бригада“ нејзината осумгодишна ќерка била касната од куче сопственост на лицето А.Л. во пределот на десната нога. По целосно документирање на случајот, против А.Л. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 11.04.2019 во 19.05 часот во Полициската станица Кочани, од Медицински центар Кочани било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен М.Г.(39) од Кочани. Според пријавеното, истиот ден околу 18.45 часот во домот на ул.„14-та Бригада“ во Кочани, по вербална расправија, Љ.Г.(58) од Кочани со нож му нанел повреда на неговиот син М.Г.(39). По укажаната помош во болницата во Кочани тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид бил извршен, а Љ.Г. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица во Кочани. По целосно документирање на случајот против Љ.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 11.04.2019 во 21.45 часот во Полициска станица Радовиш, лекар од Јавната здравствена установа - „Здравствен дом“ Радовиш пријавил дека истиот ден во 21.40 часот кај нив дошол А.А.(59) од село Конче, кој на улица во Радовиш бил каснат од куче скитник на левата нога.

 

На 11.04.2019 околу 18.10 часот во СВР Скопје, А.Р.(33) од село Батинци, скопско, пријавил дека, додека го напасувал добитокот во атар на село Батинци, на место викано „Поток“, од возило со швајцарски национални ознаки излегло лице кое пукало и го погодило неговото куче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.