Извадок на дел од дневни настани 14.03.2019

 На 13.03.2019 во 22.10 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(54) од Прилеп и минибус „Мерцедес спринтер“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од И.В.(30) од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Д, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Д.Ј.(44) од Прилеп и уште девет патници во минибусот. На сите повредени им била укажана лекарска помош во Градската општа болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител. 

 
На 13.03.2019 во 18.05 часот во двор од куќа на улица „Дузлачки рид“ во Штип, патничко возило „Рено 19“, управувано од С.С.(25) од Штип, удрило во петгодишно дете. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

 
На 13.03.2019 во 13.00 часот на крстосница од улиците „Антон Попов“ и „Дренак“ во Скопје, патничко возило „Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(53) од Скопје удрило во 12-годишно дете – пешак од Скопје, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.  

 
На 12.03.2019 околу 13.00 часот на паркинг простор на маркет во Кавадарци, непознато моторно возило управувано од непознат возач удрило во пешак В.С.(68) од Кавадарци, по што го напуштило местото. В.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Кавадарци каде и била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.   

 
На 13.03.2019 во 18.40 часот во Полициската станица Драчево, И.Р.(21) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16.35 часот на улица „Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница. 

 
Во текот на изминатиот ден (13.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 32 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи 16 биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, еден возач поради неносење заштитен шлем при управување на мотор, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 120 мандатни платни налози и 97 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди и едно лице поминало со телесни повреди.

 На 14.03.2019 во утринските часови во близина на железничката станица во Скопје е пронајден и вратен во домот Б.Д.(20) од Скопје, за кој неговиот татко Ј.Д. (46) на 11.03.2019 во 21.30 часот во Полициската станица Бит Пазар.пријави дека се оддалечил од домот.
 
На 13.03.2019 година во 15.40 часот е пронајдена М.Е.(16) - штитеничка на Центарот за социјални работи, за која беше пријавено дека се оддалечила од установата на 06.03.2019 во Полициската станица Аеродром. Инаку, М.Е. во претходниот период повеќе пати се оддалечувала од домот и била враќана од полицијата.

 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против Ќ.Р.(51) од село Слепче, демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 18.02.2016 до 18.02.2017 и во периодот од 02.05.2017 до 31.04.2018, пријавениот, како директор на средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, спротивно на одлуката на Владата на РСМ од 29.07.2013, склучил договор со агенција за обезбедување за патролно обезбедување на училиштето, со што нанел штета од 58.390 денари на Буџетот на училиштеto. Исто така, во периодот од март 2016 до 31.12.2018, пријавениот, спротивно на Законот за средно образование, односно без согласност од Министерството за образование на РСМ, држел настава по предметот историја во наведеното училиште, за што му биле исплаќани дополнителни 3.728 денари во рамките на месечните примања, со што се стекнал со противправна имотна корист од 82.016 денари на штета на Буџетот на РСМ.

 
На 13.03.2019 во 14.20 часот во Полициска станица Радовиш од Итна медицинска помош било пријавено дека вработен во рудник во Радовиш, А.Р.(59) од село Воиславци, додека изведувал работи на трафостаница го удрил струен удар, по што починал. Увид на местото извршиле Јавен обвинител, трудов инспектор, инспектори од Државен инспекторат за електрика и опрема во рударството и екипа на Полициската станица Радовиш. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

 
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Н.М.(32) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.01.2019 околу 03.00 часот пред ноќен клуб во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамини. 

 
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци“. Пријавената во текот на јануари оваа година неовластено презела и обработувала фотографии на две лица, по што ги објавила на нејзиниот лажен Фејсбук профил и постирала коментари со недолични содржини.

 
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.В.(29) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци“. Во периодот од октомври 2018 до 12.02.2019 пријавената на социјалните мрежи „Facebook“ и „Instagram“, креирала профили со лични податоци од С.Д. од Охрид, без претходна согласност од него, по што од тие профили комуницирала со негови пријатели и роднини.

 
На 13.03.2019 во 16.40 часот во Полициската станица во Кочани, С.П.(74) од Кочани пријавил дека истиот ден околу 11.00 час.от бил измамен од непознато лице. Според пријавеното, лицето дошло во неговиот двор на улица „4-та Македонска бригада“ и му понудил огревно дрво за продажба. Пријавителот се согласил и заедно отишле да ги видат дрвата, а во меѓувреме непознатото лице се вратило назад и од сопругата на пријавителот побарал 9.000 денари за дрвата. Таа му ги дала парите и лицето си заминало. Откако С.П. се вратил дома сфатил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.

 
На 13 март во Полициската станица Ресен, 65-годишен жител на Ресен пријави дека на 06 март бил измамен од непознато лице. Според пријавеното, лице дошло кај него и се претставило дека е од Фондот ПИОМ и дека ќе му набави инвалидска количка за неговата сопруга и побарало да плати 3000 денари, додека другите пари ги покривал фондот. Ошететниот му ги дал парите, со ветување дека количката ке ја добие за два дена. По неколку обиди да стапи во контакт со лицето, пријавителот заклучил дека се работи за измама. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Р.К.(63) и С.К.(30), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во август 2018, З.М. од Радовиш од провопријавениот побарал на заем 118.500 денари и 500 евра, при што Р.К. го условил за наведениот износ да му плаќа несразмерна камата. Во периодот од август 2018 до ноември 2018, З.М. на првопријавениот, покрај наведениот износ, му исплатил дополнителни 61.000 денари и 250 евра. Исто така, во јануари 2019 година З.М. од второпријавениот побарал на заем 6.500 денари, но и тој го уловил да му плаќа несразмерна камата. По ова, до денот на пријавувањето на настанот, З.М. на второпријавениот, покрај наведениот износ, му исплатил дополнителни 3.000 денари.

 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.П.(30) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.09.2018 во Гостивар полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле таблети екстази.  

 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.М.(30) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.10.2018 во Гостивар полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Б.(19) од село Балиндол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.07.2018 во Гостивар полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

 
На 13.03.2019 околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Гоце Стојчевски“ во Скопје, 14-годишник од Скопје физички нападнал 13-годишно момче, исто така, од Скопје, при што со остар предмет му нанел убодна рана. Повредениот малолетник бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде му била укажана лекарка помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 13 март извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас и светло. При контролата, констатирано е дека осум возачи управувале возило без возачка дозвола. Нерегистрирани биле две возила и на мобилен телефон разговарале шест возачи. Исто така, при контролата откриени се и други осум прекршоци.     

 
На 13.03.2019 во 17.15 часот во СВР Скопје, Б.С.(42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16.30 часот на улица „Франц Лист“ четири лица физички ја нападнале неа и нејзиниот сопруг А.С.(42). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
На 13.03.2019 во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, З.А.(47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18.00 часот на улица „Багдадска“ бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
На 13.03.2019 во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, вработен во Групен дом О.Е. „Козле“ пријавил дека од домот самоволно се оддалечила нивна 15 годишна штитеничка М.А., која повеќе пати самоволно го напуштала домот и била враќана од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Н.(21) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 03.12.2018 година околу 21.00 часот во Гостивар, пријавениот во неговиот дом на улица „Циглана 1“ физички го нападнал С.И.(49), татко на неговата сопруга, при што му нанел тешка телесна повреда.

 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Т.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба“. На 10.02.2019 околу 14.40 часот на регионалниот пат за село Слепче, пријавениот, кој управувал товарно возило ,,Фолксваген“, откако ја забележал полициската патрола, го запрел и напуштил возилото, во кое имало дрва без соодветна документација.  

 
Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Ш.Е.(29) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, а од страна на судија за претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. На 11.03.2019 на автопатот Гевгелија –Скопје, кај клучката „Прдејци“, полициски службеници го запреле товарното возило „Ивеко Деили“, кое го управувал пријавениот, при што пронашле 43 мигранти од Пакистан, Индија, Кашмир и Авганистан,

 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Кичево за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.11.2018 во Кичево полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.