Извадок на дел од дневни настани 12.03.2019

                   

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за криминалистичка полиција реализираше случај на недозволена трговија со кокаин и поднесе  кривична пријава против Е.А.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 11.03.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на З.А.(52) во село Глажња, општина Липково, каде живее и неговиот син Е.А.. При претресот, во собата на Е.А. биле пронајдени и одземени 129 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра. По преземени мерки било утврдено дека пријавениот ја набавил дрогата од Косово. Е.А. e лишеn од слобода и во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ш.(29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.01.2019 на локалниот пат за село Речица, кумановско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

На 12.03.2019 околу 01.25 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје, патничко возило „Шеврлолет круз“, управувано од В.Б.(47) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво, а потоа и во паркирани патнички возила „Опел Астра“ и „Фиат Пунто“, сите со скопски регистарски ознаки. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле  возачот В.Б. и сопатникот Љ.С.(55) од Скопје, додека другиот сопатник Т.Г.(39) од Скопје се здобил со телесни повреди. Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарка помош, додека двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.   
                                         
На 11.03.2019 во 10.00 часот во Полициската станица Центар, П.Д.(76) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 09.00 часот на улица „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. 

На 11.03.2019 во 18.00 часот во Полициската станица Центар, Љ.И.(31) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.40 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ нејзиниот 15 - годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. 
 

Во текот на вчерашниот ден (11.03.2018) на територијата на СВР Скопје  од преземените мерки и активности констатирано е дека 41 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 36 возачи од кои: шест возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 28 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца затоа што биле возачи почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 25 возила бидејќи 20 биле нерегистрирани, четири возила поради техничка неисправност и едно возило поради претовар. Санкционирани е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест возачи поради неправилно престројување, тројца поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум поради некористење заштитен шлем при управување со моторцикли, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 132 мандатни платни налози и 87 возила се подигнати со специјално возило "пајак".  На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои седум со телесни повреди и две со материјална штета. Во сообраќајните незгоди девет лица се здобиле со телесни повреди.
 
На 11.03.2019 во 12 часот на улица „Маршал Тито“ во Демир Хисар, товарно возило со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(50) од село Кутретино, демирхисарско, удрило во пешакот Ѓ.Д.(65) од село Зашле, демирхисарско. Ѓ.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Итната медицинска помош Демир Хисар. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот. 

 
На 11.03.2019 околу 22.10 часот во тетовското село Пирок полициски службеници запреле патничко возило „Фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(29) од селото Теново, а во кое се наоѓале и Е.Ј.(30), Н.У.(21) и А. Н.(22) од истото село. При преглед кај нив, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 
На 11.03.2019 во 14.00 часот на автопатот Гевгелија –Скопје, кај клучката „Прдејци“, полициски службеници запреле товарно возило „Ивеко деили“, управувано од Ш.Е.(21) од Косово, а сопственост на А.Ќ.(28) од село Арачиново, скопско. При преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти од Пакистан, Индија, Кашмир и Авганистан. Мигрантите биле приведени во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“, а возачот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
На 11.03.2019 полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, користење сигурносен појас, светло... При контролата, било констатирано дека 13 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, осум возачи управувале без возачка дозвола, кај осум возачи било утврдено присутво на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај. Нерегистрирани биле две возила, а на мобилен телефон разговарале четири возачи. Четири возачи биле писмено опоменати, а на 46 возачи им биле изготвени мандатни платни налози, а на 18 прекршочни налози. Исто така, при контролата откриени се и други 16 прекршоци.   

 
На 11.03.2019 во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Д.(47) од Скопје пријавил дека на 10.03.2019 година околу 12.00 часот на булевар „Србија“ неговата 12- годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата рака.

 
На 11.03.2019 во 19.30 часот во СВР Скопје, Б.Р.(49) пријавил дека на улица „Ѓорѓи Капчев“ бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

 
На 11.03.2019 во 13,00 часот во Полициската станица за Граничен премин Делчево било пријавено дека во село Саса , над Аризанска маала, настанал шумски пожар во кој бил опожарена сува трева, нискостеблеста шума и букова шума. Екипи од Шумското стопанство „Голак“ – Подрачна единица – „Каменица“ и Територијалната противпожарна единица - Македонска Каменица го локализирале пожарот. Увид ќе се врши во текот на денот.

 
На 11.03.2019 во 10 часот во СВР Скопје, С.К.(42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 08.30 часот на улица „Цветан Димов“ нејзиниот 17 годишен син бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

 
На 11.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница Тетово биле донесени Ф.В.(26) и А.Х.(22), двајцата од село Вејце, тетовско, кои имале повреди од пиштол. Двајцата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Веднаш се преземени мерки и активности од страна на пполициски службеници кои извршиле увид во објект за видео игри во село Вејце, сопственост на Ф.Х.(42), при што била пронајдена чаура со калибар 9 мм и траги од крв. Во 23.40 часот во Полициската станица Тетово дошол Н.Х.(25) од село Вејце, полициски службеник кој не бил на работа, кој изјавил дека со неговиот пиштол ги повредил А.Х. и Ф.В.. Н.Х. е задржан во полициска станица и за случајот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
На 11.03.2019 во 16.50 часот во Полициската станица Делчево, А.В.(53) од Делчево пријавил дека во атар на село Вирче настанал шумски пожар кој се ширел кон селото Град, делчевско и во кој била опожарена поголема површина на даб и смрека, како и борова шума. Пожарот бил локализиран од екипи на Територијалната противпожарна единица-Делчево и од Подрачното шумско стопанство „Голак“. Увид се врши.

 
На 11.03.2019 во 18.00 часот во СВР Скопје, С.Ј.(30) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.30 часот бил физички нападнат од три лица меѓу кои било и лицето А.К.. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
На 12.03.2019 во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско Село било пријавено дека од установата се оддалечила М.С., нивна 16 годишна штитеничка која повеќе пати се оддалечувала од установата и била враќана од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 
На 11.03.2019 во Полициската станица Гази Баба, од домот „Ранка Милановиќ“ било пријавено дека од установата самоволно се оддалечил Ф.К., нивен 17 годишен штитеник, кој повеќе од 10 пати се оддалечувал и бил враќан од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 
На 11.03.2019 околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Клисурска“ две лица извршиле разбојништво над И.С.(47) од Скопје и му одзеле цигари и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.А.(31) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. На 09.03.2019 околу 05.00 часот во Кавадарци пријавениот со употреба на сила извршил обљуба над неговата поранешна сопруга.

 
На 11.03.2019 во 21.30 часот во Полициската станица Чаир, Ј.Д.(46) од Скопје пријавил дека по семејни недоразбирања, од домот се оддалечил неговиот син Б.Д.(20). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.И.(35) од село Франгово, Ш.А.(27), П.Б.(51) и С.Х.(24), сите од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 07.03.2019 во атар на село Франгово, струшко, на место викано „Гропа“, полициски службеници и вработени од шумска полиција ги затекнале пријавените при бесправна сеча на дрва. По извршен увид на местото било констатирано дека тие извршиле бесправна сеча на огревни дрва, со што на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“ нанеле материјална штета од 70.000 денари.