Извадок на дел од дневни настани 11.02.2019

На 10.02.2019 година во 11.30 часот на крстосница од улиците „Архитект Никола Добровиќ“ и ул. „Христо Татарчев“ во Скопје, мопед „Гилера сталкер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(38) од Скопје, изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил С.И. кој бил пренесен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

 
На 10.02.2019 година околу 09.00 часот на обиколница од автопат „Мајка Тереза“, кај Смилковско езеро, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(35) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрва и ограда со метален столб. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Ј., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. 

 
На 11.02.2019 година во 04.30 часот на Граничен премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека Ј.Ј.(57) од Панчево, Република Србија, се наоѓа на стоп – листа. Во 05.00 часот лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Куманово за понатамошна постапка. 

 
На 10.02.2019 година околу 12.00 часот во атарот на село Крклино, битолско, односно на парцела лоцирана на локалниот пат помеѓу село Крклино и село Горно Оризари, била пронајдена артилериска граната калибар 75 мм од Прва светска војна. Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата за понатамошна постапка.

 
На 10.02.2019 година во 11.00 часот во Полициската станица Центар, А.Г.(29) од Скопје пријавила дека истиот ден 09.30 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

 
На 10.02.2019 година во 14.00 часот во Полициската станица Центар, Ј.Н.(37) од Скопје пријавил дека на 09.02.2019 година околу 16.00 часот на улица „Капиштец“ неговиот 14-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.

 
Во текот на изминатите денови (08, 09 и 10.02.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 22 сообраќајни незгоди од кои две сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, девет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 11 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и девет лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 194 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 63 возачи од кои: 30 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 29 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 31 возило бидејќи 30 биле нерегистрирани и едно затоа што било технички неисправно. Санкционирани се 15 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, еден возач поради неради неправилно престигнување, 10 поради непоседување пропишана зимска опрема, 20 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 44 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се 15 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и осум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 229 мандатни платни налози и 154 возила се подигнати со специјално возило "пајак". 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Џ.Х.(38) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 23.12.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Кичево при што пронашле и одзеле хероин.

 

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против В.А.(27) од село Србица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При преглед во неговото патничко возило „Сузуки витара“, под возачкотo седиште бил пронајден пиштол калибар 7,62 милиметри, кој го носел без дозвола.  

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ќ.(51) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „’неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. На  11.04.2018 година на автопатот Тетово – Скопје полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин. 

 

Во периодот од 01.02.-10.02.2019 година СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Од извршената контрола 178 возачи управувале со брзина поголема од дозволената во населено место, додека 147 надвор од населено место. Санкционирани се вкупно 325 возачи. Санкционирани се и 98 останати прекршоци.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Б.(27) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. На 12.10.2018 година на улица „Илинденска“ во Тетово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и пронашле и одзеле марихуана.  

 

Во текот на изминатите десет денови од февруари тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спроведе повеќе засилени контроли за брзина, во кои биле откриени и санкционирани вкупно 207 прекршоци, односно пречекорувања на дозволената брзина. Во контролите, исто така, откриени се и 19 други видови прекршоци (истечена регистрација, управување без возачка дозвола, под дејство на алкохол, возачи-почетници кои не се придржувале на предвидените ограничувања итн ) и за нив се изготвени соодветни поднесоци.

 

Во текот на изминатиот викенд полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола спровеле сообраќајна контрола при што биле контролирани 1.303 возачи и возила.  При контролата, констатирано е дека 110 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 23 возачи управувале без возачка дозвола, кај 11 возачи е  откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. Исто така, четири возила биле технички неисправни и тие се испратени на технички преглед. При контролата, откриени се и други 42 видови прекршоци.     

 

На 10.02.2019 година во 16.25 часот во Полициската станица Струга, на патот кон село Калишта, настанал пожар при што била изгорена површина со трска. Екипа на Територијалната противпожарна единица Струга го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Извршен е увид.

 

На 10.02.2019 година околу 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „163“ во Скопје, настанал пожар при што бил опожарен помошен објект, сопственост на Б.Д.(74) од Скопје. Од пожарот била зафатена една клима и дел од фасадата на хотелот кој се наоѓа до објектот.. Во 20.10 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Увид се врши.

 

На 11.02.2019 година во 05.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа „Идризово“ - Скопје, во објект настанал пожар на таванот. Пожарот бил изгаснат од затворската полиција и екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Увид се врши.   

 

На 11.02.2019 година во 01.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 50-годишна жена од Скопје пријавила дека на 10.02.2019 година околу 22.00 часот во нивниот дом, нејзиниот 54-годишен сопруг, кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал неа, нејзината ќерка, нејзиното момче и синот. Се работи на расчистување на случајот

 

На 10.02.2019 година во 07.35 часот на автопатот Табановце-Куманово возило „Мерцедес“ не застанало на даден знак и се упатило кон граничниот премин Табановце. По преземени мерки, во 08.20 часот во село Табановце, на место викано „Чивлук“, било пронајдено патничкото возило „Мерцедес“, сопственост на М.А.(28) од село Батинци, скопско, а во негова близина била пронајдена и група од 10 мигранти (шест лица од Пакистан и четири лица од Сирија). Дополнително, во близина на село Лојане биле пронајдени шест мигранти (пет од Ирак и едно лице од Иран). Миграните биле пренесени во транзитниот центар Табановце. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 10.02.2019 година околу 08.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во болницата во Гостивар со повреди бил донесен Е.Н.(49) од Гостивар. Според пријавеното, Е.Н. се здобил со тешки телесни повреди во објект во изградба во кој работел. По укажаната лекарска помош тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза" во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ф.К.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 07.12.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на улица „Стамен Манов“ во Кочани, при што пронашле и одзеле 1519 парчиња различни видови на пиротехнички средства.