Извадок на дел од дневни настани 10.02.2019

На 09.02.2019 година во 04,30 часот било пријавено дека во Кочани на улицата „Тодосија Паунов“ патничко моторно возило “Киа спортаж“ со кочански регистерски таблици, управувано од О.Е.(35) од Кочани, излетало од коловозот и се превртело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот А.В.(20) од Кочани, а другите сопатници во возилото, С.Г.(40), М.Л.(20) и Ј.А.(21) сите од Кочани, се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Медицинскиот центар во Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Кочани и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 09.02.2019 година во 09,15 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од Р.Македонија, по извршена пасошка контрола на З.К. (25) од Албанија констатирано е дека патната исправа е фалсификувана. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

 

На 09.02.2019 година во 11,50 часот во с.Ранковце-Крива Паланка, од страна на полицисни службеници бил затекнат, а потоа и приведен во Полициското одделение Ранковце, А.М.(52) од Корча-Р.Албанија поради сторен прекршок по чл.9 ст.1 од Законот за гранична контрола (илегален влез во Р.Македонија). Во 12,30 часот лицето е предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

На 09.02.2019 година во 14,10 часот во Полициската станица Демир Хисар од страна на лекар од Итна медицинска помош-Демир Хисар било пријавено дека кај нив лекарска помош побарало лицето А.М.(80) од с.Сопотница која била касната од куче-скитник во пределот на десната нога.

 На 09.02.2019 година околу 22,30 часот на локалниот пат с.Челопек-с.Брвеница-тетовско полициски службеници од СВР-Тетово ги лишиле од слобода А.К.(25) од с.Долно Седларце и Д.В.(25) од с.Брвеница кои се наоѓале во паркирано возило “Хјундаи“ со тетовски регистерски таблици. При преглед кај нив била пронајдена марихуана и ризла. Двајцата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
 

На 09.02.2019 година во 10 часот во СВР-Скопје, 15 годишна девојка од Скопје пријавила дека на 08.02.2019 година околу 23 часот во нејзиниот дом била нападната од нејзината 47-годишна мајка и физички нападната од 47-годишниот татко, кој и нанел тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следат соодветни поднесоци. Малолетничката е згрижена во Центарот за социјални работи, каде е обезбедена целата поддршка.

 

На 10.02.2019 година во 02,50 часот било пријавено дека во Македонски Брод во диско клуб Ј.Р.(22) и А.Л.(26) и двајцата од Македонски Брод го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 09.02.2019 година во 20,40 часот во СВР-Скопје, од КПУ “Идризово“ било пријавено дека на осуденикот А.Л. (38), додека бил во ќелијата му се слошило и со возило на КПУ-Идризово е пренесен во Комплексот клиника “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Известен е јавен обвинител, а телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 10.02.2019 година во 02,50 часот било пријавено дека во Свети Николе пред ноќен бар лоциран на плоштад „Илинден“ Д.Д.(20) од с.Пчиња - кумановско физички го нападнал С.Ѓ.(18) од с.Немањици - Свети Николе. Сочинет записник за сторен прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

 

На 10.02.2019 година во 05,20 часот во Полициската станица Гостивар Р.Ф.(23) од Гостивар, пријавил дека на улицата “Илинденска“ физички бил нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

 

На 09.02.2019 година во 11,45 часот во СВР-Охрид Д.Д.(65) од Охрид пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот на булеварот “Туристичка“ му пристапило едно лице кое се претставило дека е од Радовиш и му рекло дека имало сообраќајна незгода со друго лице од Израел и дека сака да му биде сведок додека му дава пари на другото лице. Заедно се упатиле кон местото каде требало да го почекаат наводниот Израелец. Но, лицето кое се претставило дека е од Радовиш му дало часовник на наводниот Израелец и заминало, како што рекло, да земе пари. Потоа, наводниот Израелец го довел во заблуда пријавителот барајќи му 5.000 денари во замена за часовникот како гаранција дека ќе му ги врати парите бидејќи морал итно да оди во болница. Откако му ги дал парите, лицето заминало, а Д.Д. чекал некое време по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 10.02.2019 година во 03,30 часот во СВР-Скопје Ф.Ј.К.(27) од Скопје пријавил дека околу 02,20 часот во ноќен клуб на улицата “Димитрије Чуповски“ додека биле со А.П.(23) и М.Д.(28) по претходно недоразбирање физички биле нападнати од две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 09.02.2019 година во 17,10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека истиот ден околу 16,10 часот на улицата “Бит Пазарска“ во близина на слаткарница Ф.Ѓ.(20) и С.Ѓ.(24) и двајцата од с. Црник-Пехчево физички биле нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.02.2019 година во 14,45 часот во СВР-Скопје С.Н.(19) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12,30 часот на булеварот “Јане Сандански“ физички ја нападнало едно лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 09.02.2019 година во 10,15 часот во СВР-Скопје, Т.Д.(72) од Скопје пријавила дека на 08.02.2019 година во 20,00 часот во нејзиниот стан дошол В.Ц. (68), со кого претходно била во врска, и физички ја нападнал откако одбила да ја продолжат врската. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 09.02.2019 година во 10,45 часот во СВР-Скопје С.Ј.(52) од Куманово, пријавил дека истиот ден околу 09,30 часот на крстосницата од булеварот “Словенија“ со булеварот “Јадранска магистрала“ бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 09.02.2019 година околу 13,00 часот било пријавено дека на локалниот пат кон с.Ајватовци-скопско настанал пожар во кој изгорела сува трева на околу 300 метри квадратни, а изгореле и околу четири квадратни метри стиропор, кои биле поставени од надворешната страна како изолација на објект сопственост на Д.Ѓ.(57) од Скопје. Увид се врши. 

 

На 09.02.2019 година во времето од 19,30 до 20,10 часот во с.Врапчиште-Гостивар, пријавено е дека во куќа сопственост на Ш.С. (56), непознат сторител со употреба на физичка сила насилно ја отворил влезната врата и одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.02.2019 година околу 08,30 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Македонско Косовска бригада-4“ била пронајдена почината В.Н. (78).По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.

 

На 10.02.2019 година во 04,40 часот во Полициската станица Прилеп Т.Ф.(33) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 02,30 часот во ноќен клуб бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 09.02.2019 година во 20,20 часот во Полициската станица Прилеп Т.П.(38) од Прилеп пријавила дека истиот ден околу 17 часот додека била на нејзиното работно место во продавницата за авто гуми и железарија лоцирана на улицата „Орде Чопела“ била физички нападната од Б.Х.(34) од Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.