Извадок на дел од дневни настани 11.01.2019

На 10.01.2019 годинa во 18.45 часот на улица „Бутелска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Туарег“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.М.(38) од Скопје и патничко возило „Рено 9“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(18) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.П.(48), сопатничка во возилото „Рено“. Таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ - Скопје каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. 

 

На 10.01.2019 година околу 07.30 часот на крстосница од улиците ,,Арон Ароести “ и ,,Минела Бабуковски“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која патничко возило ,,Мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(36) од Крушево удрило во пешакот Х.Н (58) од Битола. Од ударот Х.Н. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола, кад еи била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

 

На 10.01.1019 година во 15.10 часот на Граничен премин Долно Блаце од слобода бил лишен А.С.(26) од Косово врз основа на меѓународна потерница. Во 17.45 часот лицето е предадено на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка за понатамошна постапка.

 

На 10.01.2019 година во 12.40 часот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во Полициската станица Гостивар приведени се Н.Н.М.(49), М.Г.М.(47) и К.Д.Г.(39), сите  од Република Бугарија. 

 

На 10.01.2019 година во 11.00 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на улица „Живко Фирфов“ има пожар и гори барака сопственост на П.Ц.(52) од Скопје, а како потстанар престојувал Д.Г.(37) од село Ново Село, прилепско. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран во 13.30 часот.

 

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против М.Г.(28) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик. При претрес на пријавениот пронајдени се марихуана и амфетамин.

 

Во текот на изминатиот ден (10.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека тројца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени пет возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, двајца возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и еден возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 51 мандатни платни налози и 52 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

На 10.01.2019 година поради постоење основи на сомнение за сторена тешка кражба бил приведен В.Б.(35) од Свети Николе. На 10.01.2019 година околу 03.00 часот В.Б. со употреба на сила влегол во продавница на улица „Кочо Рацин“ во Свети Николе и одзел разновидна стока. По кратко време, В.Б. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Свети Николе, каде признал уште три тешки кражби кои ги извршил на 06 и 07.01.2019 година во Свети Николе. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

На 10.01.2019 година во 23.00 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во Здравствениот дом Пробиштип со повреди бил донесен С.М.(27) од Пробиштип. Според пријавата, тој се повредил при извршување на работни задачи во Фабриката за акумулатори во Пробиштип. По укажаната помош во Пробиштип, С.М. бил пренесен во Клиничката болница во Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

 

На 11.01.2019 година околу 04.00 часот било пријавено дека пред ноќен клуб на улица „Јордан Мијалков“ во Скопје непознато лице им се заканувало по животот на три лица од агенција за обезбедување, кои го обезбедувале објектот. Неколку минути претходно тие го отстраниле лицето од ноќниот клуб бидејќи превртувал маси и ги вознемирувал гостите. Полициски службеници излегле на местото на настанот и го привеле Н.А.(31) од Скопје, По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.   

 

На 10.01.2019 во 22.45 часот било пријавено дека на улица „БиХ“ во Скопје било опожарено возило „ Голф 3 “, сопственост на А.Б.(36) од село Арачиново. Од огнот било делумно зафатено и возило „Поло“, сопственост на Т.Т. (36) од Скопје во делот на десен фар и ретровизор. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.Извршен е увид.

                                          

На 11.01.2019 година околу 04.20 часот на улица „Даме Груев“ Скопје од слобода е лишен Н.Н. (27) од Скопје поради физички напад на полициски службеник, кој извршувал работни задачи, и оштетување на возило,. По документирање на случајот, против Н.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 10.01.2019 во 12.34 часот од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен И.А.(30) од село Арачиново, кој пријавил дека бил физички нападнат од лицата О.Н. и Х.Н.. Според пријавата, во населба Ченто тие насилно го ставиле во возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки и го однеле во близина на стрелиштето „Камник“, каде физички го нападнале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 10.01.2019 година во 15.05 часот во СВР Скопје, Н.М.(19) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот на улица „Февруарски Поход“ неговиот малолетен брат бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.И.(49) од село Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка телесна повреда”. На 07.12.2018 година околу 12.00 часот во село Врапчиште, во куќата на А.И.(72), по претходна вербална расправија, пријавениот физички го нападнал А.И. и му нанел тешки телесни повреди.    

 

На 10.01.2019 година во 10.45 часот во СВР Скопје, И.Ш.(35) од село Кучевиште, скопско, пријавил дека во село Кучевиште било опожарено неговото возило „ Поло“ со скопски регистарски ознаки. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје огнот бил изгаснат. Извршен е увид.