Извадок на дел од дневни настани 10.01.2019

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против О.Х.(58) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 06.01.2019 година во 09.30 часот на Граничниот премин Богородица, при контрола на товарно возило „Ивеко“, управувано од пријавениот, а кое вршело транспорт на товарно моторно возило – дампер „Волво“, полициски службеници констатирале дека меѓународните зелени карти за двете товарни возила биле фалсификувани, додека кај товарното возило „Волво“ било констатирано дека бројот на шасијата oтстапува од оргиналниот број. Судијa на претходна постапка при Основен Суд Гевгелија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

 Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Ч.М.(43) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 06.01.2019 година во 18.00 часот на Граничниот премин „Богородица“, при контрола на товарно возило „Ивеко“, управувано од пријавениот, а кое вршело транспорт на товарно моторно возило – дампер „Волво“, полициски службеници констатирале дека меѓународните зелени карти за двете товарни возила биле фалсификувани, додека кај товарното возило „Волво“ било констатирано дека бројот на шасијата oтстапува од оргиналниот број. Судијa на претходна постапка при Основен Суд Гевгелија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена.  

 
На 09.01.2019 година во 18.00 часот на улица „11-ти Октомври“ во Скопје Т.Д.(54) од село Врбјани, општина Кривогаштани и А.В.(65) од село Орешани, скопско, го нарушиле Јавниот ред и мир. Лицата биле приведени во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

На 08.01.2019 година во 14.20 часот во Полициската станица Аеродром, Ж.Г.(64) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 07.15 часот на булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот не десната потколеница.

Во текот на изминатиот ден (09.01.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди од кои осум со телесни повреди и осум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди 13 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека двајца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи шест биле нерегистрирани, седум возила биле технички неисправни и едно возило поради претовар. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца поради непоседување пропишана зимска опрема, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и двајца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 43 мандатни платни налози и исто толку возила се подигнати со специјално возило "пајак".


Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(29) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик. При претрес на пријавениот пронајден се амфетамини и екстази.

 
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против С.Г.(26) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик. При претрес на пријавената пронајдена е марихуана, амфетамини и екстази.

 

На 09.01.2019 година од страна на полициски службеници е приведен А.М. (25) од Штип поради сомнение за извршено разбојништво во аптека на  ул. „Маршал Тито“ во Штип.  Околу 11.45 часот Ѓ.Б.(41) од Штип, вработен во аптеката, пријавил дека А.М.(25) од Штип со закана со нож од него одзел пари и лекови. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од страна на полициски службеници и А.М. е приведен во Полициската станица Штип. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 09.01.2019 во 14.48 часот Ш.Т. пријавила  дека во канцеларија на ул.„Македонија“ на Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги нејзиниот колега Н. З. почнал вербално да и се заканува, а потоа и се заканувал и со нож. Полициски службеници излегле на местото на настанот. По целосно документирање на случајот против Н.З. ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 


На 10.01.2019 година во 09.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.З.(34) од Скопје пријавила дека на улица „Михаил Чаков“ била касната од куче скитник во пределот на левата натколеница. 

 


Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „насилство“ и „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.К.(40) од охридското село Велгошти, вработен во протипожарната служба. На Ј.К. од надлежниот суд му е одредена и мерка притвор во траење од 30 дена. Ј.К. на 9.1.2019 во просториите на Територијалната противпожарна единица во Охрид со дрвен предмет го нападнал Г.С.(54) од Охрид и му нанел тешки телесни повреди, по што Г.С. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Потоа, во друга просторија физички го нападнал пожарникарот Т.Т.(45), нанесувајќи му повреди. Откако го напуштил местото на настанот, Ј.К. се јавил на службениот телефон во противпожарната служба и упатил сериозни закани кон пожарникарот А.А.(56) од Охрид.   

 

На 09.01.2019 година во 11.20 часот во СВР Скопје, С.Х.(67) пријавил дека на улица „Славка Димкова“ бил физички нападнат од З.С.(53). Против З.С. е поднесен соодветен поднесок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  

 
Вчера и завчера ( 8 и 9 јануари ) во Тетово подигнати со специјално возило се вкупно 30 погрешно паркирани возила, претежно во централното тетовско подрачје, и на сопствениците им се изготвени мандатни платни налози. Глобата за ваквите прекршоци се движи од 45 до 180 евра во денарска противвредност. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(29) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и против Д.Г.(26) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. С.Ѓ. и Д.Г. на 23.12.2018 година на улица „Маршал Тито“ во Виница нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.  

 
На 09.01.2019 година во 22,00 часот во Полициската станица Чаир Т.Т.(50) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Ј.Т.(18). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.