Извадок на дел од дневни настани 09.01.2019

На 08.01.2019 година околу 17.25 часот на крстосницата од улиците Браќа Миладинови и Тошо Арсов во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило Шеворлет лачети со штипски регистарски ознаки, управувано од А.П.(40) од Виница, и патничко моторно возило Форд фиеста со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.М.(28) од Виница. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Љ.К.М. и била пренесена за укажување на лекарска помош во Клиничката болница во Штип. Се работи на расчистување на случајот.

 
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, на 8.1.2019 од 15 до 16 часот, извршиле претрес во објект на улица „Јордан Јордановски“ во Гостивар, во кој времено престојувал 30-годишниот Б.С. од Гостивар. При претресот, реализиран со судска наредба, во објектот се пронајдени предмети кои потекнуваат од повеќе тешки кражби: уметнички слики, разновиден алат и други предмети. Б.С. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, поради сомнение дека е сторител на дваесетина тешки кражби.

 
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Ц.М.(19) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик. При претрес на пријавениот била пронајдена марихуана.

 
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против 17 годишно лице од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ. При претрес на пријавениот била пронајдена марихуана.

 
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против С.Џ.(37) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ. При претрес на пријавениот бил пронајден кокаин.                        

 
На 07.01.2019 година во 19.00 часот на улица „Манапо“ во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик на Република Македонија, од слобода биле лишени М.В.М. и Н.С., двете од Република Бугарија. Тие биле задржани во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

 
Во текот на изминатиот ден (08.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои четири сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 10 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, седум возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи шест биле нерегистрирани и едно возило било технички неисправно. Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради неправилно престигнување, осум поради непоседување пропишана зимска опрема, еден поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум поради користење користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 67 мандатни платни налози и 55 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

На 08.01.2019 година во 14.40 часот во СВР Скопје, Б.С.(62) од село Лабуништа, струшко, пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот на улица „Бледски договор“ во Скопје, во близина на болницата Филип Втори, бил измамен од две непознати лица и бил оштетен за сума од 12.200 денари. Прво му се доближило едното лице и побарало да му помогне во превод на српски јазик, наводно со некој странски државјанин, со кој направил сообраќајна незгода. Тогаш, Б.С. тргнал со лицето и пред болницата се сретнале со другото лице. После тоа, сите заедно продолжиле да се движат, а во еден момент наводниот странец му побарал 100 евра и 6.100 денари за, наводно, да ги даде на докторот за укажаната помош по сообраќајната незгода. Тој му дал пари, а „странецот “ му дал рачен часовник како гаранција додека му донесе пари. После тоа, двете лица заминале и не се вратиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 08 јануари во интернет кафе на улица „Елпида Караманди“ во Битола полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола ја пронашле А.М.(14) од Битола,која на 05 јануари од нејзината мајка беше пријавена за исчезната.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.П.(32) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”. На 13.12.2019 година во Велес на ул. „8-ми Септември” при преглед на пријавениот полициски службениципронашле марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.Р.(18) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотичи дроги психотропни супстанции и прекурзори“. На 07.12.2017 година во Берово на улица „23-Август“, при преглед над пријавениот полициски службеници пронашле марихуана.  

 

На 08.01.2019 година во 13.30 часот во Полициската станица Центар, Ц.К.(60) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11.00 часот, додека се движел со велосипед на плоштад „Македонија“, бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 08.01.2019 година во 11.30 часот во Пoлициската станица Кавадарци, С.В.(55) од село Сирково, општина Росоман, пријавил дека околу 10.00 часот, додека се движел по улица во село Сирково, бил нападнат и каснат од куче.

 

На 08.01.2019 година во 23.50 часот во СВР Скопје, Р.Џ.(32) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот во близина на Железничката станица бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 08.01.2019 година во 14.50 часот во СВР Скопје, Р.М.(31) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 14.00 часот на улица „Димче Милошевски“ А.А.(21) од село Огњанци, скопско, физички ги нападнал нејзиниот 16 годишен син и неговиот другар. Против А.А. е поднесен соодветен поднесок.    

 

На осми јануари оваа година, Б.С.(63) од Кичево пријавила дека на шести јануари на улица„Мирко Милески“ во Кичево била касната од куче скитник.

На 08.01.2019 година околу 02.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека непознат сторител извршил разбојништво во казино на улица „Слободан Митров“ и со закана од вработените го одзел дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 07.01.2019 година во Полициската станица Гостивар било пријавено дека околу 18.00 часот од својот дом во непознат правец се оддалечила Ш.Т. (27) од Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 08.01.2019 година околу 11.00 часот на влез во село Радуша, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Фиат“, без регистарски ознаки, а управувано од Б.Ф.(22) од село Радуша. Возилото не застанало, туку продолжило со движење. По преземени мерки, Б.Ф. бил забележан пред неговиот дом во село Радуша, кадешто тој и неговиот татко Н.Ф.(56) физички нападнале полициски службеник. Б.Ф. и Н.Ф. се приведени во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.