Извадок на дел од дневни настани 08.01.2019

На 07.01..2019 година во 12,30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Морани-с.Орешани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фиат пунто“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.К.(26) од од с.Зелениково-скопско, и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици, управувано од В.T.(48) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.К., а со телесни повреди се здобила В.Т. и сопатничката од возилото “Фиат пунто“ А.С.(35) од Скопје, констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје.

 

На 07.01.2019 година околу 00,30 часот во Тетово на улицата „Коле Неделкоски“ во угостителски објект полициски службеници од СВР-Тетово извршиле контрола и ги затекнале А.Џ.(30) од Р.Хрватска и Ф.С.(23) од Р.Албанија, кои работеле како танчерки. Тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 07.01.2019 година во 16,15 часот на Граничниот премин-Долно Блаце на влез во Р.Македонија по извршена царинска контрола во багажниот простор на патничко моторно возило „Mерцедес“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.С.(23) од Куманово, а како сопатник била Р.Л.(19) од Косово било пронајдено едно женско лице без документи. Од извршениот разговор лицето изјавило дека е К.С. (20) од Косово. Лицата биле приведени за понатамошна постапка.

 

Во текот на изминатите денови (04, 05, 06 и 07.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 23 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, 11 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 10 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и 17 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 139 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 69 возачи од кои: 23 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 35 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 11 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 35 возила бидејќи 34 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно. Санкционирани се 15 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 16 поради непоседување пропишана зимска опрема,, тројца поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 21 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување на коловоз вон пешачки премин и пет пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Издадени се 211 мандатни платни налози и 130 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

На 08.01.2019 година околу 05.00 часот на улица „Младен Груевски“ во Гостивар од слобода се лишени Ш.О.(21) од Гостивар и З.Р.(35) од Ростуше. При преглед, кај нив бил пронајден кокаин, по што и двете лица биле задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

                                                                               

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Л.Е.(27) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ. Во Казнено поправна установа Идризово при претрес на Л.Е., кој е осудено лице, пронајдени се и одземени марихуана и хероин.

 

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против A.K.(22) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ. При претрес во домот на пријавениот пронајдена е марихуана.

 

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(26) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ. При претрес на пријавениот пронајдена е марихуана.

 

На 07.01.2019 година во 08,30 часот во Полициската станица Гази Баба, пријавено е дека на 06/07.01.2019 година во времето од 19,30 до 06,00 часот во Скопје на улицата „Благоја Стефковски“, во црквата „Свети Спас“, непознато лице извршило тешка кражба и одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 07.01.2019 околу 19,35 часот пријавено е дека пред кафе бар на ул.Битолска во Демир Хисар дошло до физичка пресметка помеѓу   Д.Ј(40) од с.Вардино-Демир Хисар, М.Г (25) од Битола,З.М (39) од Битола од една страна, а од друга страна Н.П(24) од с.Слепче-Демир Хисар и И.Т(24) од Демир Хисар, а се вклучиле и други лица. Бил употребен и нож, а на М.Г. му била нанесена убодна рана. Приведени се четворица учесници. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 07.01.2019 година околу 22,00 часот, Ж.Г. (38) од Скопје пријавила дека додека била во домот на А.С.(30) во село Сопиште-скопско, тој физички ја нападнал и и го одзел мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.