Извадок на дел од дневни настани 05.12.2018


Секторот за внатрешни работи Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе две кривични пријави против М.М.(32) и Д.П.(47) од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ. При извршен преглед и легитимирање кај пријавените е пронајдена марихуана.

 

На 04.12.2018 година во 12.00 часот во Полициската станица Центар, Н.Д.(64) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 07.00 часот на булеварот „Партизански Одреди“ била касната од куче-скитник во пределот на левата нога.

 

На 04.12.2018 година во 12.00 часот во ПС Кочани, од Итната медицинска помош Кочани е пријавено дека околу 11.45 часот Д.К.(36) од Кочани додека извршувал работни задачи во печатница во Кочани, се здобил со тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле екипа од ПС Кочани и трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.

 

Во текот на изминатот ден (04.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои четири со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 10 возачи од кои: осум возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и двајца возачи поради непоседување на зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 94 мандатни платни налози и 63 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Во текот на минатиот месец (ноември 2018) на гостиварското подрачје контролирани се 2.246 возила, при што биле откриени и законски санкционирани 1.053 сообраќајни прекршоци. Поради констатирани прекршоци во овој период од сообраќај се исклучени 105 возила (45 технички неисправни, 50 со истечена регистрација, 6 со претовар, а преостанатите поради различни видови други прекршоци). Исклучени, исто така, се и 135 возачи (95 без положен возачки испит, 29 почетници, 13 кои управувале под дејство на алкохол и така натаму). Откриените прекршоци во ноември заокружени се со 262 прекршочни, 448 мандатни платни налози, 30 писмени опомени и со 185 впишувања на негативни бодови.

На 04.12.2018 година во 19.10 часот во Полициската станица Аеродром, Р.Ж.(61) од Скопје пријавила дека на 03.12.2018 година околу 20.30 часот на булевар „Јане Сандански“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против С.М.(44) и Ј.Д.(59), двајцата од село Горни Липовиќ, општина Конче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “кражба”. Во периодот од октомври 2018 година до 06.11.2018 година во атар на село Горни Липовиќ, на место викано „Чукана Рж“, од парцела сопственост на С.Р. од село Горни Липовиќ, пријавените одзеле 30 метри кубни необележани дабови и габерови дрва, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу   72.000 денари.

На 04.12.2018 година во 18.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, било пријавено дека кај нив било донесено повредено 12-годишно дете од село Љуботен, скопско. Според пријавата, детето се здобило со повреди од струен удар околу 16.20 часот во селото во моментот кога се обидувало да вклучи канделабра за улично осветлување, монтирана на дрвена бандера. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.12.2018 година во 18.30 часот во аптека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје непознато лице извршило разбојништво и со закана кон вработената ги одзело парите од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.У.(70) од село Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”. На 03.10.2018 година околу 07.10 часот во кафетерија на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, по претходна вербална расправија, пријавениот упатил закани кон З.Р.(40), Б.К.(27) и Т.Ф.(49), сите од село Добридол, при што извадил и пиштол, кој го носел со себе. При преглед над пријавениот полициски службеници пронашле и одзеле пиштол „Глок” и рамка со 13 куршуми калибар 9 мм.

На 04.12.2018 година во 17.00 часот во СВР Скопје, И.Б.(55) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 03.00 часот на улицата „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
   
Надворешната канцеларија за криминалиситчки работи Кочани поднесе кривична против  К.З.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата”. На 12.03.2016 година пријавената, како референт, издала согласност за регистрација на патничко возило ,,Ford DFW/Focus” и покрај тоа што податоците за сопственикот на наведеното возило, наведени во царинската декларација и податоците за сопственикот на наведеното возило наведени во потврдата издадена од Биро за метерологија Скопје не биле идентични.