Извадок на дел од дневни настани 03.12.2018

На 02.12.2018 година околу 11.45 часот во село Двориште, беровско, З.Ц.(39) од село Двориште, додека управувал трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во провалија, превртувајќи се неколку пати. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде околу 13.30 часот починал. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 02.12.2018 година во 22.00 часот во Полициската станица Аеродром, В.Б.(30) од Скопје  пријавил дека истиот ден околу 14.30 часот на Кеј на реката Вардар, во близина на Спортскиот центар „Јане Сандански“, бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

 

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе две кривични пријави против С.Т.(52) и И.В.(27) од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ. При извршен преглед и легитимирање кај пријавените е пронајдена марихуана.

 

Во текот на изминатите денови (30.11, 01 и 02.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 27 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, 13 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 12 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 16 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 77 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 44 возачи од кои: 15 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 23 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 25 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 18 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и 17 возачи поради недопоседување пропишана зимска опрема. Во однос на пешаците санкционирани се 20 пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 210 мандатни платни налози и 125 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Секторот за внатрешни работи Тетово - Надворешна канцеларја за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(19) од село Леуново, гостиварско, поради постоење основи на сомнение дека извршил пет тешки кражби. Пријавениот се сомничи дека во периодот од октомври до декември оваа година, искористувајќи го отсуството на нивните сопственици, насилно провалил во пет викендички во Маврови Анови и населбата „Бела вода“ и при тоа нанел материјална штета од 76.500 денари. На 01.12.2018 година Д.Ѓ. бил лишен од слобода и предаден на судија во претходна постапка од Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од осум дена. Најголемиот дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Л.(32) Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 29.04.2018 година на улица „’Илинденска’’ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, и притоа бил пронајден и одземен пиштол „Црвена Застава ТТ М-57” калибар 7,62 мм со рамка со девет куршуми 7,62 мм, за кој не поседувал дозвола.  

 

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Р.Н.(39) од Скопје поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ. Имено, на 30-ти ноември со наредба од Основен суд Скопје 1 - Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот при што пронајдени се марихуана, хероин и 307 шишенца во кои имало раствор на метадон.

 

На 02.12.2018 година во 20.25 часот во СВР Скопје, С.Г.(45) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19.40 часот на булевар „АВНОЈ“ бил физички нападнат од три непознати лица. Се преземаат мерки за целосно расчитување на случајот.

 

На 02.12.2018 година околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продавница на улица „Народен Фронт“ непознато лице извршило разбојништво. Сторителот со закана од вработената одзел околу 1700 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 02.12.2018 година во 17.15 часот во Полициската станица Центар, Ј.Х.(30) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 15.30 часот на Кејот на реката Вардар, додека го шетала нејзиното куче, била касната од куче скитник во пределот на левата нога

 

На 02.12.2018 година во 23.30 часот во СВР Скопје, Ф.К.(19) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 23.10 часот на улица „Цветан Димов“ бил физички нападнат од две непознати лица. Се преземаат мерки за целосно расчитување на случајот.

 

На 02.12.2018 година во 20.34 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Л.И.(67) од Скопје и кај неа била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.  

 

На 03.12.2018 година во 05,20 часот во ПО-Петровец, Р.Р. пријавил дека на 02.12.2018 од страна на неговиот роднина Е.Х. од с.Идризово и уште неколку лица му биле одземени 17.500 денари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 03.12.2018 година во 05.49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на улица „Иван Хаџи Николов“ две непознати лица извршиле разбојништво и од вработениот одземале пари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.