Извадок на дел од дневни настани 15.11.2018

 На 14.11.2018 година во 19.30 часот на крстосницата од булевар „Никола Карев“, улица „Самоилова“ и улица „Максут Садик“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(51) од Кочани и патничко возило „Шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С. Г.(26) од село Буковиќ, скопско. Од незгодата со повреди се здобиле возачот Б.А. и сопатниците во возилото „Рено трафик“, М.Ј.(56), Л.Т.(33), Е.Г.(35) и Г.Г.(69), сите од Кочани. Л.Т. и Е.Г. биле пренесени во приватната здравствена установа „Жан Митрев“ каде им била укажана лекарска помош. Кај Л.Т. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Е.Г. биле констатирани телесни повреди. Б.А. и Г.Г. со возило на Итна медицинск апомош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. М.Ј. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.  Возачот  С.С. со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 14.11.2018 година во 21.45 часот на крстосницата од улица „Славка Динкова“ и улица „Антон Димитров“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(22) од Скопје и патничко возило „Опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „Опел Корса“, М.Т.(20) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и 16-годишна сопатничка во возилото „Опел Мерива“ од село Покошево, скопско. На сите им била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.   

 

На 14.11.2018 година во 19.20 часот на регионалниот пат Виничка Крстосница- Виница, патничко возило „Пежо 206“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(21) од Виница, излетало од коловозот, по што се запалило. Пожарот бил изгаснат од Територијалните противпожарни единица Кочани и Виница. По незгодата, возачот Д.С. бил пренесен во Клиничката болница во Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница.   

 

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата О.А.(19) и Е.М.(21) двајцата од Скопје поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела, од кои едно кривично дело ,,Кражба“ предвидено и казниво по член 235 од КЗ на РМ, и едно кривично дело „Тешка кражба“ предвидено и казниво по член 236 од КЗ на РМ со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 20.850 денари. Првото кривично дело „кражба“ пријавените го извршиле на 27 јули годинава во продавница лоцирана на булевар „Јане Сандански“ во Скопје, каде од касата одзелe пари. Второто кривично дело „тешка кражба“ пријавените го извршиле на 27 август годинава во аптека на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ каде насилно влегле во објектот и украле пари. По преземени мерки на 11 ноември од слобода е лишен О.А. кој потоа во целост ги признал и појаснил начините на извршување на кривичните дела, како и дека истите ги извршил заедно со второпријавениот Е.М.

 

На 14.11.2018 година околу 14.30 часот во склад за огревни дрва на улица „Крсте Нале“ во Битола настанал пожар при што биле опожарени околу 50 кубни метри огревни дрва. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола. Повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

 

На 14.11.2018 година околу 14.30 часот во Струмица, помеѓу село Дражево и село Старо Коњарево, на место викано „Депонија“, настанал пожар при што била зафатена ниско стеблеста шума на површина од околу 10 декари во државна сопственост. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица. Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.

 

На 14.11.2018 година во 17.45 часот во Битола, при изведување на градежни работи во фабрика за сладолед, била пронајдена неексполодирана артилериска граната 85 мм од Првата Светска Војна. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

 

На 15.11.2018 година во 04.30 часот на Граничен премин - Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека личната карта на M.P.(20) од Италија е фалсикфикувана. Тој бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 15.11.2018 година во периодот од 04.30 до 06.30 полициски службеници од Полициската станица Тетово спровеле акциска контрола низ неколку населени места при што пронашле и привеле шест албански државјанки кои незаконски престојувале и изведувале работи во ниви.  

 

Во текот на изминатиот ден (14.11.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, четири сообраќaјни незгоди со телесни повреди и една со материјална штета. Во сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 64 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: седум возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 10 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани бил еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци и пет возачи поради неправилно престројување. Во текот на изминатиот ден издадени се 63 мандатни платни налози и 54 возила се подигнати со специјално возило "пајак". 

На 14.11.2018 година околу 17.30 часот на улица „Видое Смилевски - Бато“ во Тетово патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(34) од Тетово, удрило во шестгодишно девојче од Тетово. Од ударот, девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во тетовската клиничка болница. Извршен е увид на местото на настанот.

 

На 14.11.2018 година во 12.55 часот во Полициската станица Крушево, М.М.(40) од село Пресил пријавил дека околу 10.00 часот неговиот 10-годишен син бил физички нападнат од наставникот Љ.А. од село Норово, вработен во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ – Бучин, подрачно училиште во село Пресил. Запознаен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.11.2018 година во 10.56 часот во СВР Скопје, пријавено е дека околу 06.30 часот во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ починал В.М.(54)-затвореник во Казнено-поправната установа Идризово, на кој на 13.11.2018 година околу 16.00 часот му се слошило и бил однесен во Ургентниот центар. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција во Институтот за Судска медицина.

 

На 14.11.2018 година околу 16.15 часот било пријавено дека во Македонски Брод, во атар на село Драгов дол Д.Л.(55) од Македонски Брод, паднал од орев и се здобил со повреди. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицински центар Прилеп каде лекар констатирал смрт. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.11.2018 година во 22.05 часот во Полициското одделение Сарај, С.И.(55) пријавил дека на 12.11.2018 година од домот во непознат правец се оддалечил неговиот брат С.С.(36). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 14.11.2018 година во 12.30 часот во СВР Битола, Ш.Д.(31) од Ресен - директорка во основното училиште „Мите Богоевски“, пријавила дека во периодот од 09 до 12.11.2018 година непознат сторител ја скршил мермерната плоча која била поставена до споменикот „Мите Богоевски“ во училиштето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 14.11.2018 година во 17.30 часот во СВР Скопје, И.Ц.(27) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.00 часот на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ бил физички нападнат од лицата Е.М.(32) од Скопје и Ф.С.(34). Е.М. и Ф.С. се приведени во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 14.11.2018 година во 18.15 часот С.П.Д.А.(54) од Грција, пријавил дека покрај влезната врата од станот во кој престојува како потстанар на ул. „Орце Николов“ забележал чаури а на ѕидот дупки, Во станот немало никој во периодот од 02.11.2018 до 14.11.2018 година до 18.00 часот. Извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.11.2018 година во 22.00 часот во Полициската станица Карпош, С.Ј.(19) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20.30 часот на улица „Скупи“ бил физички нападнат од лицето Б.Н. и неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Куманово, на 15.11.2018 година до Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против лицето М.Б.(24) oд с.Арачиново, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од КЗ на РМ. Имено, на 04.10.2018 година, околу 20,30 часот, во село Никуштак, Општина Липково од страна на полициски службеници било сопрено патничко моторно возило марка „Пежо“ со кумановски регистарски таблици управувано од лицето А.Д. од с.Арачиново во кој како сопатник се превезувал пријавениот М.Б., при што над истите и возилото е извршен преглед и под седиште е пронајден пиштол марка „Црвена застава М 57“, калибар 7,62 мм и една рамка со седум куршуми калибар 7,62 мм..

 

На 13.11.2018 година во 23.50 часот во СВР Скопје, Р.Р.(47) од СКопје пријавил дека истиот ден околу 19.30 часот во близина на угостителски објект на улица „Втора Македонска Бригада“ неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар година поднесе кривична пријава против Е.Б.(56) од Гостивар поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,бесправно градење“. Во периодот од август 2017 до 15.08.2018 година во Гостивар, на улица „’Сретко Крстевски’’, пријавениот спротивно на одобрението за градба на колективна зграда од три спрата, изградил дополнителни два ката.

 

На 14.11.2018 година во 20.00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(19) и Ј.С.(19), двајцата од Кавадарци, пријавиле дека во автобус бр.55 на ЈСП Скопје биле физички нападнати од неколку лица. Се преземааат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.11.2018 година околу 16,00 часот во службена просторија во Одделението за крим полиција - Отсек за општ криминал при СВР Куманово, двајца инспектори додека вршеле разговор со З.П.(33) од Куманово, кој бил повикан на разговор поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, биле нападнати од. З.П. бил задржан во полициската станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.