Извадок на дел од дневни настани 29.09.2018

На 29.09.2018 год. во 00,30 часот на улица „Франклин Рузвелт“ во Скопје, непознати лица од возило пукале во возилото „Сеат aлтеа“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле лицата Н.А.(44), Ф.Е.(19) и А.П.(49), сите од Скопје. На местото на настанот починал Н.А., додека другите две лица- Ф.Е. и А.П. со Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде А.П. подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.09.2018 година во 14.30 часот во угостителски објект во село Новаци, битолско, сопственост на К.З.(52) од село Новаци, настанал пожар во горниот дел од скарата и вентилацијата, при што изгореле неколку кујнски апарати. Пожарот бил изгаснат од екипа на противпожарната единица, а увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

На 28.09.2018 година во 20.15 часот во СВР Скопје бил пријавен пожар на неколку железнички прагови на неелектрифицираната пруга кон идустриските објекти во близина на „Кванташки пазар“, помеѓу железничката станица Скопје и железничката  станица Маџари. Во 20.40 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.09.2018 година околу 14.30 часот во село Шашаварлија, штипско, од засега непознати причини, настанал пожар при што била опожарена копа со детелина и делумно била опожарена кровна конструкција од трло. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица.

На 28.09.2018 година во 14.30 часот на Граничен премин „Табановце“, при контрола на патничко возило „Мерцедес“ со српски регистарски ознаки, што го управувал С.Ц.(61) од Република Србија, било констатирано дека серискиот број на возилото бил фалсификуван. Лицето било приведено, возилото било одземено. Во 15.40 часот лицето и возило биле предадени  на СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 28.09.2018 година околу 21 часот во село Арачиново, на место викано „Шамак“, настанал пожар, при што горела површина посеана со пченка. Пожарот се уште не е локализиран, а нивите се на повеќе сопственици. На местото на настанот се екипи на Бригадата за противпожарна заштита, како и екипи на полицијата.

На 29.09.2018 година во 01.09 часот во село Вртекица, скопско, настанал пожар во штала сопственост на Р.М.(50) од село Вртекица. Од пожарот биле изгорени околу 100 бали слама, 30 бали детелина, една крава и една мазга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.09.2018 година во 12.20 часот во Полициската станица Карпош, А.А.(50) од Скопје пријавил дека истиот ден околу во 09.10 часот во Трговскиот центар „Лептокарија“ неговиот 17-годишен син физички бил нападнат од неколку непознати на лица на возраст од околу 17 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

На 26.09.2018 година во 19.45 часот на улица „Рашанец“ во охридското село Лескоец лицата И.А. и К.Т., двајцата од село Велгошти, физички го нападнале Б.Ш.(35) од истото село.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.09.2018 година во 01.06 часот во населба Дексион-Скопје настанал пожар во кабина на товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано од В.К.(54) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.09.2018 година во 19.30 часот во Полициската станица Аеродром, О.А.(61) од Скопје пријавил дека во периодот од 19.00 часот на 21.09.2018 година до 17.30 часот на  28.09.2018 година, од паркинг на булевар „АСНОМ“ во Скопје, непознат сторител одзел товарно возило „Рено Мастер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 28.09.2018 година во 15.20 часот во Полициската станица Kарпош, А.Д.(18) од Скопје пријавила дека истиот ден во 07.20 часот на булевар „Партизански одреди“ била нападната и касната од куче скитник на левата потколеница.

На 28.09.2018 година во 11.40 часот во Полициската станица Карпош, К.К.(21) од Скопје пријавил дека на 26.09.2018 година во 08.40 часот на улица „Рајко Жинзифов“ бил каснат од куче скитник  во пределот на левата потколеница.

На 28.09.2018 година во 21.02 часот било пријавено дека во маркет на улица „Благоја Паровиќ“ во Скопје три непознати лица извршиле разбојништво. Сторителите со закана  со пиштол од вработениот го одзеле дневниот промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

На 29.09.2018 година околу 02.40 часот во Прилеп, на улица „11 Октомври“, било опожарено патничко возило „Цитроен Ц4“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на А.Ц. од Прилеп. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.