Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 27.08.2018

На 26.08.2018 година во 16.45 часот на локалниот пат за село Големо Радобил, прилепско, Д.С.(69) од село Големо Радобил управувајќи трактор „Фергусон“ без регистарски ознаки, излетал од патот и се превртел. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.С. кој по укажаната лекарска помош во Градска болница Прилеп е препратен во Комлекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

На 26.08.2018 година во 20,10 часот на крстосницата од регионалниот пат Скопје - Велес, улица "205" и улица "206" случена е  сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило  "Фиат Пунто" со скопски регистарски ознаки управувано од М.Ј.(33) од Скопје и патничко моторно возило   "Голф" исто така со скопски ознаки управувано од Р.А.(44) од Скопје.  М.Ј. со возило од брза помош е пренесен во Градска општа болница "8-ми Септември", каде од страна доктор му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот  е препратен во Комплекс клиники "Мајка Тереза". На сопатникот од возилото "Голф" му е укажана лекарска помош во  Градска општа болница "8-ми Септември" каде му се констатирани телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

На 26.08.2018 година во 20.45 часот во полициската станица Дебар било пријавено дека во куќа на улица „1-Мај“ во Дебар, извршено е убиство. Засега непознат сторител, влегол во куќата сопственост на А.П.(54)  и пукал кон него со пиштол, по што ги усмртил и неговата сопруга Н.П.(53) и нивната 14 годишна ќерка. Извршен е увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.

На 27.08.2018 година во 02.30 часот во Тетово на улица „Илинденска“ по претходна поплака и непријавен престој, од страна на полициски службеници бил приведен И.М.(27) од Р.Албанија. При преглед кај истиот бил пронајден „лептир“ нож, кој му е одземен со
потврда. Истиот е задржан во Полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Во текот на изминатите денови (24, 25 и 26.08.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 19 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и 10 со материјална штета. При сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 10 лица се здобиле со лесни телесни повреди. 151 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 67 возачи бидејќи 15 го управувале возилото под дејство на алкохол, 40 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 12 биле возачи почетници. 31 возило се исклучени од сообраќај бидејќи 29 биле нерегистрирани, едно било технички неисправно и едно било претоварено. Исто така, санкционирани се и 17 возачи кои поминале на црвено светло, четири не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престориле, 10 неправилно престигнувале, четири не дале првенство на минување на возила на крстосница и 22 не користеле заштитен шлем. Во текот на изминатите денови издадени се 128 мандатни платни налози, додека 94 возила се подигнати со специјално возило „Пајак".  

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Т.Ш.(58) село Черкези, кумановско, за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2017 година пријавениот на лице од Белгија му понудил плац за изградба на куќа во село Черкези кој бил во негова сопственост. По ова, двајцата се упатиле во адвокатска канцеларија каде склучиле пред-договор за купопродажба на недвижен имот, каде што пријавениот приложил имотен лист од 2013 година за катастарска парцела кога истата се уште била сопственост на истиот, а подоцна истата година недвижен имот со Договор за подарок посочениот го префрлил на име на својот син, при што ги довел до заблуда адвокатот и оштетениот кој исплатил во неколку наврати капар во вкупен износ од 2.000 евра.

 

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против З.И.(57) од Штип, за сторени две кривични дела „измама“. Во периодот од декември 2016 до март 2018 година, пријавениот довел во заблуда двајца браќа од село Пешталево дека ќе им посредува за добивање на бугарско државјанство и бугарска патна исправа, при што му дале 43.000 денари.

 

Полициска станица Радовиш поднесе кривична пријава против Д.М.(37) од село Раклиш, радовишко, за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2017 година, пријавениот со лажно ветување дека ќе му извади лична карта од Р.Бугарија, го довел во заблуда оштетениот и му одзел 550 евра, по што не му ги враќал парите и не му се јавувал на телефон.

 
 

На 27.08.2018 година околу 04.50 часот во Тетово на автобуската станица, М.К.(55) со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на стомакот на Ф.А.(56) двајцата од Тетово. Ф.А. бил пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје. Причина е претходна расправија помеѓу двајцата такси возачи. По преземени мерки М.К. е пронајден и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 26.08.2018 година во 16,56 часот вработен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ пријавил дека е донесен, Е.И.(20) од село Визбегово, скопско со повреди од пиштол. Имено, околу 15,00 часот, додека Е.И. се движел пеш по улица „Индира Ганди“, наишла колона возила со луѓе што оделе на свадбена веселба. Притоа, едно од возилата застанало во близина на Е.И., од него излегло непознато лице и од пиштол испукало еден куршум кој го погодил Е.И. во десната нога. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

На 27.08.2018 година во 00,25 часот во Скопје на улица „Роберт Кох“ на паркинг, додека К. Ш. (28) од Скопје паркирал патничко возило „Голф“ во кое била и Е.Ш.(27) од Скопје, четири непознати лица почнале со безбол палки да го кршат возилото, а кога К.Ш. излегол од возилото, бил физички нападнат од лицата. На Е.Ш., поради вознемиреност, и е укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Денеска (27.08.) во 08,55 часот во Полициска станица Струга пријавено е дека во каменоломот лоциран во место викано „Лабунишки ливади“ З.В.(36) управувајќи товарно моторно возило непозната марка, при враќање наназад, го прегазил С.А.(41) од село Долно Татеши, струштко. Повредениот починал на местото на настанот. Увидот е во тек.

 

На 26.08.2018 година околу 22,00 часот во Тетово поради непријавен престој приведена и задржана е албанската државјанка Ф.В. Лицето е предадено во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.

 

На 26.08.2018 година во 01.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.А.М.(23) од Германија пријавил дека истиот ден околу 00.15 часот на булевар „Крсте Мисирков“, тој и неговиот пријател Г.С.(33) од Турција физички биле нападнати од непознати лица. Се преземаат мерки за пронаѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

На 27.08.2018 година во 03.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.А.(29) од Скопје пријавил дека на 26.08.2018 година околу 18.00 часот од пазарот Бит Пазар исчезнал неговиот брат П.А.(37). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 26.08.2018 година во 15.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Н.(52) од Скопје пријавил дека од 24 август од 16.30 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син И.Н.(25). Се преземаат мерки за проноѓање на лицето.

 

На 27.08.2018 година во 00.30 часот во Полициската станица Центар, М.Д.(38) од Скопје пријавил дека на 26.08.2018 година околу 20.30 часот на улица „Славе Георгиевски Шанјдер “ неговата 14 годишна ќерка била нападната од две кучиња – скитници. Едното куче ја каснало на левата нога. .

                                

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(29) од Свети Николе и Н.Ц.(31) од Охрид, за сторени две кривични дела ,,злоупотреба на лични податоци”. Во периодот на август и октомври 2017 година, пријавените во два наврати на две плажи во Охрид извршиле фотосесија на пет девојки од Охрид со изговор дека ќе бидат фотографирани за модна агенција од Р.Србија со цел да бидат избрани за манекенки, презентерки, фотомодели и снимање спотови. За услугата им бил даден надомест од по 600 денари, а им биле фотографирани и личните документи. По ова во текот на 2018 година фотографиите и личните податоци на девојките, без нивно знаење и согласност биле објавени на веб сајт кој бил креиран за остварување контакти и интимни средби со девојки.

 

Полициска станица Прилеп поднесе кривична пријава против Ф.К.(19), Б.И.(20) и А.К.(20), сите од Прилеп, за сторено кривично дело „насилство“. На 15 јули во Прилеп на улица „Сотка Ѓорѓиоски“ пред наплата рампа на излез од катната гаража, додека А.С.(31), Ѓ.П.(23) и С.Б.(22), сите од Кривогаштани седеле во патничко возило „ Мерцедес“ и чекале ред за наплата на паркинг, пријавените почнале да удираат по возилото, а потоа насилно ги извадиле од возило и физички ги нападнале, нанесувајќи им телесни повреди по главата и телото.

 

Полициска станица Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Д.(71) во село Десово, прилепско, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство. На 04 јуни околу 13,00 часот во Прилеп во село Десово, во дворот од неговата куќа настанала семејна расправија, при што пријавениот со пиштол му се заканил на својот син .

 

Полициска станица Радовиш поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(22) од Радовиш, за сторено кривично дело “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 01 август околу 15,15 часот во Радовиш, на магистралниот пат кај клучката за село Ињево, од страна на полициски службеници при извршена контрола на патничко возило „Лада самара“, управувано од пријавениот, истиот немал документи за возилото, а кога биле преземени дејствија за одземање на возилото со цел утврдување на неговата сопственост, пријавениот се спротивставил и им се заканувал на полициските службеници, а во еден момент турнал еден од полициските службеници.

 

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Г.Р.(51) од Охрид, за сторено кривично дело ,,повреда на правата од работен однос”. Во период од 2014 до 2018 година, пријавениот како раководител во Одморалиште на МВР на РМ во населбата ,,Свети Стефан” во Охрид, спротивно на Упатството на МВР на РМ за начинот на евидентирање на реализирани часови на работа на еден вработен му го одзел и ограничил правото за исплата на надоместокот по наведениот основ и му нанел штета од 224.007 денари, која треба да биде исплатена од страна на МВР.