Дневни билтени

Извадок од дневните настани за 18.07.2015

 На 17.07.2015 година околу 22,40 часот на патот кон с.Сингелиќ, Н.И.(25) додека се движел со возило, од страна на непознато лице биле испукани неколку куршуми од огнено оружје оштетувајќи го возилото. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 17.07.2015 година околу 19,15 часот Л.М. од с.Бистрица-битолско пријавила дека при чистење на визба пронашла една рачна бомба и 16 парчиња куршуми, кал.9мм со потекло од Втората Светска Војна. Истите се подигнати и се предадени за понатамошна постапка.

На 17.07.2015 година околу 10,40 часот во ПС Гази Баба Б.П.(71) пријавил дека на 16.07.2015 година од дома во непознат правец се оддалечил неговот син С.П.(33). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ПС-ОН Прилеп до ОЈО поднесе кривична пријава против С.Т.(35) од с.Дебреште вработен во “ХАВИ ГРАДБА” ДООЕЛ с.Дебреште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик,доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ потоа против Т.З.(43) од Прилеп поради посоење основи на сомнение за сторено кривично дело “Фалсификување исправа” и против “ХАБИ ГРАДБА” ДООЕЛ –правно лице. Имено првопријавениот како овластен потписник на фирмата ХАБИ ГРАДБА ДООЕЛ с.Дебреште во врска со учество на тендер при комплетирање на документација поради неплатени давачки спрема државата,на негово барање од страна на УЈП Прилеп добил заклучок за запирање на постапката на издавање уверение за платени даноци и придонеси коешто не можел да го искористи во тендерската постапка.За таа цел од страна на второпријавениот е изготвено фиктивно уверение за платени даноци и придонеси кое иако првопријавениот знаел дека е фиктивно го употребил во доставата на понудата за учество на тендерот,после кое фирмата склучила договор за јавни набавки изведување на градежни работи за кое во наредниот период се стекнала со противправна имотна корист од 14.089.189,00 денари.

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода лицето Борче Л.(53) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од три години за сторено кривично дело „насилство“. Истиот е спроведен во КПУ„Скопје“.

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода лицето Елвис М.(35) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од три години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Истиот е спроведен во КПУ„Идризово“.