Извадок на дел од дневните настани 22.08.2017

 На 22.08.2017 година околу 04,10 часот во Штип во зграда на ул.„Партизанска“ од засега непознати причини настанал пожар во стан сопственост на Д.Н. (62). Околу 04,50 часот пожарот бил локализиран од екипа на Територијална противпожарна едниница-Штип. Во пожарот нема повредени лица, ниту материјална штета по однос на останатите станови. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

 

На 21.08.2017 година во 22,50 часот во с.Подмоље-охридско во куќа сопственост на С.П (62), Г.П. (40) го пронашол починат неговиот татко С.П. со рана во пределот на вратот. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

 

На 22.08.2017 година во 01,10 часот во ПС-Прилеп, од Територијална противпожарна единица-Прилеп било пријавено дека на ул.„Трајко Тарцан“, било опожарено патничко моторно возило„Волксваген Поло“ со прилепски регистерски ознаки сопственост на М.И.К. По извршениот увид било утврдено  дека пожарот го предизвикал непознат сторител кој го запалил возилото, при што тоа било опожарено во делот на задната десна гума, дел од браникот, едното крило, дел од кровот, задната десна врата, петтата врата, тапацирот во внатрешниот дел и гепекот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 21.08.2017 година во ПО-Петровец, Б.Д. (22) од с.Петровец-скопско, пријавил дека на 19.08.2017 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга А.А. (24) заедно со нивното едногодишно дете. Пријавителот посочи дека исчезнатата е со нарушено ментално здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

На 21.08.2017 година околу 06,35 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, на излез од с.Лакавица, се случила сообраќајна незгода во која С.П. (41) од с.Талашманце-кратовско, управувајќи патничко возило „Волксваген Шаран“ со струмички регистерски ознаки излетал од патот и се превртел. Во незгодата од здобиените повреди на самото место починале сопатниците Л.И. (55) и С.И. (50), двајцата од с.Радибуш-Крива Паланка. Додека сопатникот М.Д. (55) од с.Отошница-Општина Ранковце, се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот Центар-Скопје. Возачот на возилото, се здобил со телесни повреди и бил задржан на лекување во Клиничка Болница-Штип. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и  увидна екипа од СВР-Штип. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се предадени на обдукција.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.М. (25) и против А.Ч.(28) за сторено кривично дело “фалсификување исправа”. Пријавените откако од непознато лице набавиле фалсификувани влезни карти за Фестивалот Грин Бич кој требало да се одржи на Парк плажа во Охрид на 28/29.07.2017 година, на  28.07.2017 година продале четири билети, на лице од с.Миравци-гевгелиско. Истиот ден во период по 22,20 часот, од организаторот на фестивалот при обид за влез на посетители, со службените читачи на бар кодови и холограми било констатирано дека 20 влезни карти се фалсификат, а при претрес во просторијата во Извиднички Центар – Охрид каде пријавените биле сместени и привремено престојувале на 28/29.07.2017 година, пронајдена била и со потврда привремено одземена уште една фалсификувана-лажна влезна карта за истиот фестивал.

 

НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против  И.Ј.(21) од Гостивар, за сторено кривично дело “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 17.08.2017 година околу 11,30 часот додека двајца полициски службеници извршувале работни активности на  ул. “Браќа Ѓиноски“ во Гостивар наишол пријавениот И.Ј. кој без повод и причина физички нападнал еден од полициските службеници  удирајќи го во пределот на лицето.

НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против лицето Л.Р. (21) од Гостивар, за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “. Имено, на 16.02.2017 година во 21,30 часот на ул. “Кеј Вардар“ во Гостивар од страна на полициски службеници бил извршен преглед врз пријавениот и била пронајдена кеса со 14,17 грама марихуана.

 

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против З.А.(31) од Прилеп, за сторено кривично дело “насилство“. На 05.08.2017 година околу 19,00 часот додека Н.Љ. (77) и неговиот пријател Д.П (81) од Прилеп седеле пред продавницата “Асима Плус“, во еден момент дошол пријавениот со уште едно непознато лице и започнал вербална расправија, по што физички ги нападнал лицата нанесувајќи им телесни повреди.