Извадок од дневните настани 06.02.2017

На 04/05.02.2017 година во Штип на ул.„Булевар ЈНА“ во подрумот од станбена зграда на Г.А. (50), непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што сторителот со погоден предмет делувал на дрвениот прозор од подрумот, влегол внатре и по извршено пребарување од дрвен сандак одзел пиштол „Црвена Застава“ (кој го поседувал со дозвола), две празни рамки за истиот, ракија, моторно масло и друго, а потоа го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

На 05.02.2017 година во 15,22 часот во ЕИК-Скопје пријавено е дека во подрумските простории од станбен објект во населбата Чаир, пронајдени биле две кофи  полни со разна муниција, рачни бомби и минофрлачки гранати. При увидот на местото на настанот, во подрумските простории, пронајдени биле 19 гранати калибар 40 мм во реденик, 12 гранати 40 мм залепени со селотејп во картонска кутија, две рачни бомби кинеско производство, еден упаљач за рачна бомба, 25 куршуми маневарска муниција калибар 7,62 мм и 10 куршуми калибар 7.62мм боева муниција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

                                        

На 05.02.2017 година околу 19,00 часот во Скопје на ул.„Павле Илиќ“ било опожарено ПМВ „Ауди А4“ со гостиварски регистерски ознаки сопственост на Р.А.(40) од Гостивар, во пределот на предната хауба. Се превземаат мерки за утврдување на причините за опожарувањето.

 

На 05.02.2017 година околу 19,00 часот во Скопје на бул.„3-та Македонска бригада“, во близина на магацин опожарено било ТМВ „Ивеко“ со скопски регистерски ознаки кое најверојатно се самозапалило, при што е опожарен предниот дел на ТМВ, односно комплетно изгорен моторот и кабината, Возилото било изгаснато од екипа на БППЗ. Од страна на екипа од ЕУМНА извршено било фотографирање. Се превземаат мерки за утврдување на причините за опожарувањето.

                                         

На 05/06.02.2017 година во времето од 22,00 до 02,20 часот, во Прилеп на ул.„Самоилова“од засега непознати причини настанал пожар на ПМВ „Даеву Рејсер“ со прилепски регистерски ознаки сопственост на В.М. (46) од Прилеп, кое било паркирано на тротоарот. Истото не било заклучено и пожарот настанал во пределот помеѓу двете предни седишта. Од страна на екипа ТППЕ возилото било изгаснато. Увид извршила увидна екипа од ПС-Прилеп. Се превземаат мерки за утврдување на причините за опожарувањето.

 
 

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Т.Т. (34) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на странска држава“. Пријавниот во периодот од 14 до 16.04.2016 година од својот фејсбук профил во повеќе наврати на официјалната страна на Фејсбук профилот на Амбасадата на САД во Р.Македонија објавил коментари со недолична содржина и испратил индиректни закани кон дипломатскиот претставник на САД во Р.Македонија и кон неговото семејство со што јавно го изложил на подбив.

НК КР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (57) од Струга и против ГТД „ТРИМ“ Охрид ДОО поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот како управител на второпријавениот кое бил изведувач на колективна станбена зграда лоцирана на катастарски општини Струга, на ул.„Партизанска“ во Струга постапиле спротивно на основниот проект за кој било издадено одобрение за градба, при што противправно изградиле дел од градбата за што од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено било решение за отсранување на истата.

ПС-ОН Прилеп поднесе кривична пријава против Д.И. (42) од Прилеп вработен како шумски техничар и Правното лице „ЕВА-МАТЕЈ“ ДООЕЛ Прилеп во кое управител е Е.И. од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,,вршење јавен превоз безпоседување лиценца“.Првопријавениот со полномошно од овластено лице од управителот за превземање на сите дејствија во правниот субјект “Ева – Матеј“ ДООЕЛ Прилеп, во периодот од јануари 2015 година до септември 2016 година, во повеќе наврати на територијата на Р. Македонија организирал и вршел јавен превоз на стоки – различни дрвни сортименти за повеќе физички и правни лица со повеќе товарни моторни возила, во негова сопственост и во сопственост на правниот субјект ,,Ева – Матеј“ ДООЕЛ Прилеп, за сметка на правниот субјект “Ева Матеј“ ДООЕЛ Прилеп, без да поседува важечка лиценца издадена од надлежен орган на државната управа односно Министерството за транспорт и врски на РМ.