Извадок од дневните настани за 07.09.2016

На 07.09.2016 година околу 00.20 часот во Прилеп на ул.„11ти Октомври“ непознат сторител со запаливо средство го запалил предниот дел на паркирано ПМВ „Опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ж.Ц. (37) од Прилеп. Притоа опожарени биле двете предни тркала, двете предни крила, двата ретровизори, предниот браник. предната хауба, украсните и заштитни пластики на предниот дел од возилото, двата предни фара, а оштетени се и двете предни врати и целосно е опожарен моторот од ПМВ. Пожарот е изгаснат од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОКТУПА Прилеп и ООК-Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 06.09.2016 година околу 19.50 часот на локалниот пат Башино село-Велес, при контрола на ПМВ „Фолксваген Венто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.А. (38) од Скопје, полициски службеници во багажниот простор пронашле два големи куфери и три јутени торби со непозната тревкаста материја (најверојатно марихуана) со вкупна тежина од околу 150 килограми. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Пронајдените предмети, со потврда за привремено одземени предмети, се одземени и ќе бидат доставени за вештачење. С.А. е приведен во СВР Велес и по целосно документирање на случајот, против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 06.09.2016 година во периодот од 09.55 до 10.10 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГП-Аеродром „Александар Велики“-Скопје, во содејство со другите служби на Аеродромот, спроведена е вежба за опожарен систем за гориво во воздухоплов на аеродром. Поточно, по претходно изготвено сценарио, при слетување се пали системот за гориво на воздухопловот и од страна на противпожарна бригада при ТАВ-Македонија и контрола на летање, истиот се паркира на безбедна позиција за да не ги загрози останатите паркирани воздухоплови и аеродромската зграда. Вежбата е изведена во врска со координација на службите на аеродромот како полицијата, контролата на летање, безбедност при ТАВ-Аеродром „Александар Велики“, Противпожарна бригада на аеродромот, службата за Итна медицинска помош и службите на АРМ кои се во близина на аеродромот.

 

На 06.09.2016 година околу 20.50 часот на регионалниот пат Демир Хисар-Кичево, на крстосницата кај с.Големо Илино, се случила сообраќајна незгода во која К.А. (57) од Кичево, управувајќи ТМВ „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во Ц. М. (58) од Кичево, кој стоел до паркирано ТМВ Комбе „Фиат Дукато“ со охридски регистарски ознаки. Имено, К.А. се враќал наназад со ТМВ „Мерцедес“ со намера да му помогне на Ц.М. при влечење на неговото комбе, при што во еден момент го притиснал помеѓу двете возила. Од здобиените повреди Ц.М. починал на местото на настанот. Смрт е констатирана од страна на лекар. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, при што возилата се обезбедени за вештачење. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

 

На 06.09.2016 година во 14.00 часот сообраќајот во с.Романовце, кумановско, е нормализиран. Како што беше објавено во билтенот на 06.09.2016 година во наведеното село сообраќајот беше во прекин од 06.40 часот истиот ден од страна жители на селото, кои поставиле околу 10 ПМВ и трактори. 

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Д. (60)-градоначалник на општина Куманово, Л.Л.С. (52) -раководител на Секторот за урбанизам во општина Куманово и В.Л. (62) -раководител на Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавениот во ноември 2008 година ги пречекорил своите овластувања спротивно на Законот за градење и Законот за јавни патишта при што одобрил и ја пуштил во употреба реконструираната крстосница во Куманово помеѓу бул. „Трета македонска ударна бригада“, бул.„Октомвриска револиција“ и ул.„Бранко Богдански“ – Гуцман, иако знаел и бил должен да знае дека за истото дејствие потребна е употребна дозвола. Второпријавената, со неизвршување на својата должност побарала одобрение за техничка документација во врска со сообраќајните знаци и сообраќајната сигнализација од МВР на РМ. Додека, третопријавената со неизвршување на својата службена должност не побарала вработување за општинскиот инспектор за јавни патишта, ниту пак работните задачи за наведеното работно место ги доделила на некој друг од нејзиниот сектор. Поради горенаведеното од периодот на неофицијалното пуштање во употреба на крстосницата до денес се имаат случено 31 сообраќајна незгода во кои три лица го загубиле животот, шест лица се здобиле со тешки телесни повреди, 26 се здобиле со телесни повреди, а вкупната причената материјална штета изнесува 1.455.000 денари.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. (63)-овластен градежен инспектор во општина Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, В.Л. (62)-раководител на Сектор за урбанизам во општина Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и продолжено кривично дело „фалсификување службена исправа“ и З.Д. -градоначалник на општина Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената постапувајќи по пријава за узурпација на државен имот при вршење на инспекцискиот надзор пропуштила должен надзор при вршење на своите овластувања. Истото го сторила на тој начин што иако забележала и знаела дека повеќе лица-сопственици на имоти на ул „Веселин Вујовски“ од Куманово имаат узурпирано државно земјиште на кое што изградиле цврсти градби не извршила надзор кај сите нив, туку само кај лицето М.А. од Куманово, за што изготвила записник и решение за отстранување на градбата само кај него, за што донела и заклучок за извршување. Исто така, за наведеното лице првопријавената поднела и кривична пријава за сторено кривично дело „узурпација на недвижност“, а на сите останати лица кои узурпирале државно земјиште им овозможила и понатаму да го користат причинувајќи штета на Р. Македонија. Второпријавената, иако била запознаена и свесна за погоренаведената состојба не презела никакви мерки за административното извршување на наведените правосилни и извршни акти со што му овозможила на лицето М.А., како и на сите други лица, и понатаму да го користат узурпираниот имот, а притоа изготвила службени исправи кои ги заверила со свој потпис и печат во кои внела невистинити податоци дека наводно до СВР Куманово поднела барање за асистенција за спроведување на правосилните акти употребувајќи ги истите како вистинити. Третопријавениот, не постапил по решението од управниот инспектор од Куманово со што бил лично задолжен да преземе мерки и дејствија и да ги изврши горенаведените правосилни и извршни акти со што му овозможил на М.А., како и останатите лица, и понатаму да го користат узурпираниот имот на штета на Р. Македонија.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.Н. (54) од Ресен, вршител на должност директор во ЈЗУ Здравствен дом Ресен и Ж.К. (46) од Ресен, управител на „Модулор-Проект“ ДООЕЛ Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Н.Д. (65) од Битола, архитект во „Македонски глас“ ДООЕЛ, заедно со второпријавениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“ в.в. со „соизвршителство“, а додека ДУПТ „Модулор-Проект“ ДООЕЛ Ресен заедно со второпријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“. Првопријавениот, во текот на 2012 година склучил писмен договор за изведување на работи со М.В.-претставник на изведувачот ДПТУ „Конзул“ ДООЕЛ Битола, за кои второпријавениот ги вршел набавките на потребните материјали во вкупен износ од 1.506.554 денари и покрај фактот што знаеле дека фактурираните услуги на вкупен износ од 182.772 денари се фиктивни, извршени во работно време од страна на вработени лица во Здравствен дом Ресен. Првопријавениот во 2012 година како најповолен понудувач го избрал „Македонски глас“ ДООЕЛ и покрај тоа што наведениот субјект бил подизведувач што е спротивно на Законот за судир на интереси истиот ја прифатил извршената услуга за надзор за која дал налог да се исплатат дополнително 76.700 денари на штета на буџетот на Р. Македонија. Третопријавениот во својство на одговорно лице во градежниот дневник со свој потпис и печат ја заверил претходно наведената услуга, а истото било потврдено со потпис од второпријавениот како изведувач. Второпријавениот во својство на одговорно лице сочинил фактура со невистинита содржина за наводни услуги на износ од 99.000 денари како тој да е извршител и така сочинетата деловна книга ја употребил доставувајќи ја во ДПТУ „Конзул“ од каде ја наплатил истата сума стекнувајќи се со противправна имотна корист.