На 11.04.2020 во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Филип Втори Македонски“, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода П.Н.(41) од с.Кучевиште, скопско, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 11.04.2020 во 09.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир, за време на на забраната за движење, ја лишиле од слобода Е.Е.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“. По документирање на случајот, против неа ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На ден 11.04.2020 во 13.30 часот В.Т. вработен во Шумска полиција пријави дека од с.Древеник кон с.Долно Српци се движеле неколку трактори натоварени со дрва, кои не застанеле на даден знак од страна на шумарот во тоа подрачје. По пријавата од Шумска полиција на лице место е излезено од страна на шумар од ЈП Национални шуми, кој ги затекнал лицата во атар на с. Древеник, каде што ги влечеле исечените стебла и таму ги собирале, за потоа да ги пренесуваат. Од страна на шумарот им било кажано дека ќе биде изготвен записник и ќе го документира настанот, а против сите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок од страна на надлежните служби на ЈП Национални шуми. Потоа лицата заминале од местото на настанот, а веднаш по пријавата од страна на Полициски службеници од СВР Битола било излезено на терен во атарот на с.Долно Српци, каде биле забележани лицата: О.Р.(44), К.С.(54), Г.С.(30), тројцата од Д.Српци, и М.И.(65) од Прилеп. Истите не поседувале соодветна дозвола за движење за време на мерката за забрана на движење. Лицата беа лишени од слобода во 15.30, и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.04.2020 во 15.00 часот во СВР Скопје, С.Т.(34) од Скопје, пријавил дека во период од 08/11.04.2020 од 12.00 до 14.15 часот во кисок на бул.„Филип Втори Македонски“ од непознато лице, со употреба на сила, биле одземени производи. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.04.2020 во околу 14.00 часот на ул.„Ордан Чопела“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, за време на воведената мерка за ограничено движење, ги лишиле од слобода Ж.С.(41) и О.Х.(32), и двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека по претходна расправија, Ж.С. со нож се обидел да го нападне О.Х., кој потоа физички го нападнал Ж.С. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 11.04.2020 во 11.54 часот во СВР Скопје, Б.П.(55) од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот во куќа ул.„Виктор Иго“, сопственост на нејзиниот поранешен сопруг А.Ц., по претходна расправија околу нерасчистени имотно-правни односи, била физички нападната од нејзиниот син С.Ц.(28) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.04.2020 во 17.30 часот во СВР Скопје, Б.Т.(52) од с.Црешево, скопско, пријавил дека во периодот од 16.00 до 16.45 часот во црква во изградба во с.Смилковци, скопско, непознати лица со употреба на сила влегле и одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.04.2020 во 14.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Методија Андонов Ченто“, за време на воведената мерка за ограничено движење, го лишиле од слобода С.М.(30) од с.Инџиково, скопско, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.04.2020 околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Каменолом“, во с.Долно Свиларе, скопско, за време на воведената мерка за ограничено движење, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.М.(45) и 17-годишник, и двајцата од с.Горно Свиларе, од една страна, и Ј.Ј.(30), М.Ј.(25) и Б.Ј.(28), сите од с.Долно Свиларе, од друга страна. По документирање на случајот ќе следуваат и соодветни поднесоци.
На 11.04.2020 во 12.00 часот во Полициска станица Кисела вода, Л.К.(64) од Скопје пријавила дека, по меѓусебна расправија, од домот се оддалечил нејзинот син Б.К.(43). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 11.04.2020 во 17.00 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во гаража на ул.„Никола Карев“ во Прилеп бил пронајден починат М.К.(66) од Прилеп. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека околу 16.30 часот М.К. и неговиот сосед Д.С., започнале расправија, а М.К. го испрскал Д.С. со непозната течност. Потоа М.К. влегол во гаражата и по кратко време, неговата сопруга В.К. забележала чад од гаражата, по што го пронашла М.К. паднат на подот, без знаци на живот. Пожарот бил изгаснат, а од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.
На 12.04.2020 во 01.00 часот на бул.„8 Септември“ полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(49) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело „телесна повреда“, казниво по чл. 130 од Кривичниот законик, а постапувајќи по претходна пријава од Ј.Т.(49) од Скопје, дека на 11.04.2020 околу 20.30 часот, во семејниот дом на бул.„Октомвриска Револуција“, по претходна расправија, пријавителката и нејзината ќерка И.Т.(23) од Скопје биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.Т.. Се преземаат мреки за расчистување на случајот.
На 11.04.2020 околу 21.15 часот на ул.„19“ во населба Илинден, Скопје полициски службеници од СВР Скопје, за време на воведената мерка за ограничено движење, ги лишиле од слобода А.А.(34), С.А.(22), Р.А.(57), Д.А.(41), Е.А.(27) и Б.А.(40), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 21.00 часот поради нарушени семејни односи и меѓусебно нетрпение дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А., С.А. и Р.А., од една страна и Д.А., Е.А. и Б.А., од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 10.04.2020 во 13.50 часот во Полициско одделение Матејче било пријавено дека во близина на манастир „Пресвета Богородица” во с.Матејче настанал пожар, при што била опожарена сува трева, нискостеблеста шума и зимзелени дрва, а пожарот зафатил и дел од кровна конструкција на запуштен конак и поранешно детско одмаралиште „Матејче“. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
На 10.04.2020 околу 22.35 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Битола, непознато лице насилно влегло во магацин на фирма од Битола и одзело производи. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.04.2020 во 20.45 часот во СВР Штип, Џ.С.(49) од Штип пријавила дека во 18.30 часот во ходник од колективна зграда на ул.„Партизанска“ во Штип била физички нападната од Д.Д. од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.04.2020 во 15.30 часот во Полициска станица Виница било пријавено во периодот од 14.00 до 15.30 часот, на место викано „Горна Осојница“, во близина регионалниот пат Виница – Берово, настанал пожар, при што било опожарено необработено земјиште. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Виница и екипа од ЈП Национални шуми. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Виница.
На 11.04.2020 околу 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Девеани“ во Битола, непознато лице насилно влегло во трафостаница, сопственост на ЕВН Македонија и одзело електричен материјал. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.04.2020 во 20.25 часот, полициски службеници од Полициска станица Кавадарци на ул.„Глигор Прличев“ во Кавадарци, за време на воведената мерка за ограничено движење, го лишиле од слобода Ј.Т.(26) од Кавадарци, кој се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 11.04.2020 во 16.30 часот, полициски службеници од Полициска станица Гостивар пред Медицински центар Гостивар, за време на воведената мерка за ограничено движење, ги лишиле од слобода Х.Е(51) и Х.Е(47), и двајцата од с.Горна Бањица, бидејќи при обид за нивно легитимирање истите се однесувале агресивно кон полициските службеници. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 11.04.2020 во 14.30 часот во Полициско одделение Македонска Каменица, Б.С. од Македонска Каменица пријавил дека во с.Цера настанал пожар при што била опожарена борова шума. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Македонска Каменица. Увид ќе се врши.