Извадок на дел од дневни настани 07.08.2019

 
На 07.08.2018 во 03,20 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром-Скопје“ на излез од Р.С.Македонија, од страна на полициски службеници приведена била Х.К.(52) од Турција, поради постоење на основи на сомнение дека приложила фалсификувана патна исправа. Лицето било предадено на полициски службеници од РЦ-Север за понатамошна постапка.

 
На 06.08.2019 во 23,40 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ на влез во РСМакедонија, од страна на полициски службеници бил задржан турскиот државјанин Е.Б.(56), кој управувал товарно моторно возило “Рено“ и полуприколка со турски национални ознаки., поради постоење основи на сомнение дека зелената карта која ја поседувал била фалсификувана. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 
На 06.08.2019 во 20,15 часот во Полициската станица Аеродром С.Ј.(40) од Скопје пријавил дека на улицата “Февруарски поход“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.

 
На 06.08.2019 година во 10,00 часот во Полициската станица Гази Баба И.Н.(38) од Скопје, пријавил дека на улицата “Трифун Хаџи Јанев“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

           
Во текот на изминатиот ден (06.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 62 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 19 возачи од кои: пет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол,11 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи-почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 11 возила од кои едно возило бидејќи било технички неисправно и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, двајца возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 11 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци поради поминување на коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 50 мандатни платни налози и 70 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

 
На 06.08.2019 во 13:30 часот било пријавено дека во Охрид на улицата „7 ми Ноември“ патничко моторно возило “БМВ“ со охридски регистарски ознаки управувано од З.З.(64) од Охрид удрило во А.У.(29) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.У., кој бил пренесен во болницата “Св. Еразмо“-Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

 
На 06.08.2019 во 21,30 часот било пријавено дека на локален пат Скопје - Водно Г.А.(39) од Скопје управувајќи велосипед „Крос“, изгубил контрола и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во комплексот клиники “Мајка Тереза“.

 
На 06.08.2019 во 15,00 часот било пријавено дека во Градско на локалитетот „Стоби“ од страна на работници кои го чистеле патот била пронајдена граната од постар тип (Втора Светска војна). Известен бил пиротехничар од ДЗС за нејзино подигање.

 На 06.08.2019 во 20:45 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, извршиле претрес во домот на 18-годишниот А.Џ. во гостиварска Долна Бањица. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени се осум куршуми калибар девет милиметри и рамка за пиштол и 10 куршуми од гасен пиштол. А.Џ. и неговиот татко Е.Џ.(57) лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар.Против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.
 
 
На 07.08.2019 во 04,28 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Пробиштип–с.Крупиште В.Ј.(18) од Кочани, управувајќи патничко моторно возило “Сеат Толедо“ со кочански регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот. Во незгодата возачот починал на местото на настанот. Со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници едно лице на 17 годишна возраст и И.А.(18) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево кои биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Другите двајца сопатници Ф.Д.(18) и Д.Г.(18) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Здравствениот дом Пробиштип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип. Телото на починтиот е предадено на обдукција.

 
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, вчера ( 6 август ) околу 15 часот и 45 минути, во гостиварското село Чегране ги лишиле од слобода 21-годишниот Ш.А. и 24-годишниот Е.А. од ова село. Кај нив е пронајдена марихуана и двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

 
На 06.08.2019 во 14,00 часот во Полициската станица Чаир Б.Л.(51) од Скопје пријавила дека на улицата “Радишанска“ била нападната од куче сопственост на Р.Н. од н.Радишани. Се работи на расчистување на случајот.

 
 
 
На 06.08.2019 година во 13,30 часот во Полициската станица Кисела Вода Р.К.(47) од Скопје, пријавила дека од домот заминала нејзината ќерка А.Л.С.(22) и според пријавителката таа е во Охрид заедно со Д.Т. од нас.Илинден. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 
На 06.08.2018 година околу 14,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Московска“, во тобако едно лице со закана ги одзело парите од дневниот промет. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

 
НККР Гостивар поднесе кривична пријава против В.Р.(38) село Градец, Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 01.08.2019 година во 19,00 часот на автопатот, на наплатна станица „Гостивар“, од страна на полициски службеници, при преглед на патничко возило управувано од пријавениот, бил пронајден и одземен кокаин.

 
На 06.08.2019 во 23,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Франклин Рузвелт“, во продавница едно лице со закана одзело пари. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.