Извадок на дел од дневни настани 22.06.2019

 На 21.06.2019 во 11.10 часот од страна на полициски службеници извршен бил претрес во куќа и помошни простории, сопственост на Р.Р.(59) од Дебар поради постоење основи на сомнение дека А.Р.(36) (син на Р.Р.) извршил кривично дело “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претресот пронајдена била метална кутија во која имало неколку запалки за рачна бомба и три рачни бомби, неколку рамки за различен вид оружје и 18 куршуми од различен калибар. А.Р. бил приведен за понатамошна постапка.

 

На 21.06.2019 во 16,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата “Мајка Тереза“, кај клучка Приштина во правец од Тетово кон Радишани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Н.(37) од Куманово, патничко моторно возило „Јети“, сопственост на МВР, и патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А. (22) од Гостивар. Двајца полициски службеници вршеле радарска контрола и го запреле возилото „БМВ“, а потоа во нив удрило товарното моторно возило. По ударот, возилото „БМВ“ се запалило. На местото на настанот починал совозачот во возилото „БМВ“, Р.А.(34) од Гостивар. Со возило на Итна медицинска помош А.А. и двајцата полициски службеници С.Б.(37) и Г.А.(48) биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, но во болницата С.Б. им подлегнал на повредите. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

           

На 21.06.2019 година во 22,50 часот било пријавено дека товарен воз кој се движел во правец Гевгелија-Скопје, пред Демир Капија удрил во А.Н.(мигрант) од Пакистан, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

 

На 21.06.2019 година во 12,50 часот во Полициска станица Центар З.З.(37) од Скопје, пријавила дека на улицата “Македонија“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

 

На 21.06.2019 година во 14.25 часот во Полициска станица Центар Л.Л.(59) од Грција, со престојувалиште во Скопје, пријавил дека на плоштад Македонија, бил каснат од куче скитник.

 

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против O.Н.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од 90.000 денари. Пријавениот ги извршил делата на 07.06.2019 и на 08.06.2019 година. Додека возел велосипед се доближувал до оштетените и при разминување им ги кинел златните ланчиња. На 14.06.2019 година тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар, каде било извршено препознавање од оштетените. 

 На 21.06.2019 година околу 12,00 часот во Тетово на улицата “Киро Ристевски-Дрнц“ од страна на полициски службеници од СВР Тетово приведени се С.Џ.(48) и Ш.А.(47) и двајцата од с.Калишта-гостиварско. Кај нив бил пронајден хероин. Лицата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
 

На 21.06.2019 година во 09,05 часот било пријавено дека на Градската автобуска станица во Куманово, при изведување градежни работи (реконструкција на фасада) од скеле (висина од околу два метри) паднал Т.А.(61) од Куманово. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде му е констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 21.06.2019 во 18,20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, кај место викано „База Гранит“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Г.(50) од Велес, и патничко моторно возило „Поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(27) од с.Тркање-кочанско. На местото на настанот починал М.Ј. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани.

 

На 22.06.2019 во 02,55 часот било пријавено дека во Битола пред кафе бар бил нарушен јавниот ред и мир од Е.С.(37) и В.К.(39) од Битола. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 21.06.2019 година во 00,40 часот во Полициска станица Кратово било пријавено дека во с.Шлегово-кратовско избувнал пожар во куќа сопственост на И.Х.(75) од Кратово, при што опожарена била кровната конструкција и горниот кат од куќата. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Кратово, а И.Х се здобил со опекотина во пределот на десната потколеница и му била укажана лекарска помош.

 

На 21.06.2019 во 21,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата “Цветан Димов“ патничко моторно возило “Ауди А-5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(26) од Скопје, удрило во Б.К.(50) и Н.К.(43), двајцата од Скопје. Б.К. и Н.К. се здобиле со повреди и биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.

 

На 21.06.2019 годинаво 22,50 часот У.А.(38) од с.Желино-тетовско пријавил дека истиот ден околу 22,00 часот во с.Форино-тетовско бил нападнат од И.Е.(51) од с.Форино, кој му одзел торба. Преземени се соодветни мерки и активности и И.Е. бил приведен во полициска станица.

 

На 21.06.2019 година во 23,00 часот во СВР Скопје Е.Ш.(45) од Скопје пријавил дека на булеварот “Илинден“ две лица му одзеле паричник. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 22.06.2019 околу 04,00 часот пријавено е дека бил нарушен јавниот ред и мир во ноќен клуб во градскиот парк во Скопје од страна на С.Џ.(45) од Скопје и Т.Ѓ.(44) од Скопје. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 21.06.2019 во 17,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на булеварот “Борис Трајковски“ бил нарушен јавниот ред и мир од М.И.(36) од Радовиш, С.П.(68), В.В.(66), В.И.(41) сите од Скопје, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 21.06.2019 година во 21,25 часот во СВР Скопје А.Ѓ.(87) од Скопје пријавила дека на булеварот “ВМРО“ две лица физички ја нападнале и и одзеле паричник. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 22.06.2019 во 03,00 часот во СВР Скопје М.Н.(22) од Скопје, пријавил дека на улица “Македонија“ бил физички нападнат од неколку лица, кои му одзеле мобилен телефон. Се работи на расчистување на случајот.