Дневни билтени

Извадок од дневните настани за 01.05.2015

На 30.04.2015 година пријавено е дека во периодот од 28.04 до 30.04.2015 година во с.Булачани-скопско непознат сторител извршил тешка кражба со насилно отворање на влезна врата од црквата „Св.Јован Крстител“при што одзел 300 денари по што  го напуштил местото на настанот. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.05.2015 година околу 01,15 часот во с.Трубарево-скопско поточно во УО„Ел-Екстра“ сопственост на С.С.(41) откако Б.В.(42) и И.В.(24) се довеле во алкохолизирана состојба и одбиле да го напуштат угостителскиот објект, почнале да фрлаат со пивски шишиња и да го кршат инвентарот по што и физички ја нападнале С.С. Истите се приведени и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.04.2015 година околу 11,30 часот на локалниот пат Штип кон с.Шашаварлија случена е сообраќајна незгода во која Марјан Н.(59) од Штип управувајќи трактор и тракторска приколка истиот излегол надвор од коловозот при што тракторската приколка се превртела, а тракторот удрил во дрво. Истиот се здобил со тешки телесни повреди и на пат кон болница им подлегнал на повредите.Се работи на расчистување на случајот.

На 30.04.2015 година околу 23,00 часот во ПС„Центар“К.В.(40) пријавил дека истиот ден околу 18,00 часот од КЦ„Мајка Тереза“ во непознат правец се оддалечил неговиот татко М.В.(74).Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.