На 24.08.2018 година околу 11,45 часот во Скопје на крстосница од улица „Борис Сарафов“ и улица „Крсто Јаковски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Југо темпо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(26) од Скопје, и моторцикл „Томос“, исто така со скопски ознаки, управуван од Д.А.(70) од Скопје. Д.А. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза". Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.
На 24.08.2018 година во 13,20 часот на регионалниот пат Тетово - Попова Шапка, поточно во село Гајре, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(31) од село Шипковица, и патничко моторно возило „Цитроен“ со италијанска национална ознака, управувано од М.Д.(32) од Р.Албанија, а со место на живеење во Р.Италија. Во незгодата сопатникот од возилото „Цитроен“ Ф.И.(61) од село Бозовце се здобил со тешки телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување во Клинички центар Тетово. Извршен е увид на местото на настанот.
На 24.08.2018 година во 17,30 часот во Прилеп на улица „Александар Македонски“ М.Т.(24) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки удрил во пешакот И.Т.(74) од Прилеп. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Градска болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.
На 24.08.2018 година во 09,50 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на река „Вардар“, Ш.С.(52) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки излегол надвор од коловозот, удрил во бетонска ограда од мостот, по што се превртел на кров. По незгодата 16 годишна сопатничка од Скопје со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клинички центар Тетово, каде и се констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е префрлена во Комплекс клиники "Мајка Тереза". Извршен е увид на местото на настанот.
На 24.08.2018 година во 07.10 часот сe случила сообраќајна незгода на крстосница од улица "Орце Николов" и улица "Аминта трети" во Скопје во која учествувале патничко моторно возило "Фиат Линеа" со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Т.(29) од Скопје и патничко моторно возило "Цитроен Ц3" исто така со скопски ознаки управувано од С.Х.(47) од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возиото "Цитроен" и на истата и е укажана лекарска помош во Градска општа болница "8ми Септември", додека со телесни повреди се здобила С.Х. и три сопатнички во возилото „Фиат Линеа“ В.Н.(24), Д.С.(24) и Е.В.(19) сите од Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.
На 24.08.2018 година во 23,55 часот во Полициска станица Чаир, Б.С.(46) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 19,30 часот додека била во нејзиниот дом во населба Шуто Оризари заедно со нејзината сестра А.А., нејзината тетка Б.Д. и другарка М.А., во еден момент нејзината сестра добила телефонски повик од нејзината ќерка А.Б. со која се договориле да излезе надвор со цел да расчистат некои работи. Половина час подоцна Б.С. и М.А. излегле надвор и ги виделе А.Б. која била заедно со уште неколку лица и истите физички ја нападнале пријавителката. Откако лицата го напуштиле местото на настанот пријавителката забележала дека златниот ланец кој го носела на вратот и го нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.08.2018 година околу 14,25 часот од Итна медицинска помош е пријавено починато лице М.Н.(54) од Кавадарци, вработен како инжинер во фирма „Мак-Дрил“. Истиот при минирање на ископ во рудник „Говрлево“ бил погоден од камен во пределот на градите, по што починал на местото на настанот. Извршен е увид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
На 24.08.2018 година околу 11,00 часот во Полициска станица Чаир, Б.Т.(36) од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 23,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 17 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 24.08.2018 година во Полициска станица Бит Пазар, И.Р.(62) од Скопје пријавил дека на 22 август околу 11,30 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син Е.Р.(30) кој бил со патничко моторно возило „Форд Фиеста“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 24.08.2018 година во Полициска станца Ѓорче Петров М.С.(60) од Скопје пријавил дека на 23 август во 23,00 часот на улица "Шидска" во Скопје бил нападнат од група на кучиња-скитници, при што од страна на едно куче бил каснат во пределот на левата нога.
На 25.08.2018 година во 01,30 часот во Полициска станица Центар, Џ.Б.(57) од село Црн Врв, скопско, пријавил дека на 24.08.2018 година околу 21,10 часот на улица „Филип II Македонски“, поточно во парк „Жена борец“, додека неговиот 17 годишен син се движел пеш, неколку лица му побарале пари и откако истиот не им дал, физички го нападнале, при што едно од лицата со нож му нанел расекотини, а потоа го напуштиле местото на настанот. Момчето се упатило во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
На 25.08.2018 година во 03,20 часот во СВР Куманово, А.Д.(30) од Куманово пријавил дека слушнал детонација од експлозивна направа пред капијата од неговата куќа. Излезено е на местото на настанот и првично е констатирано дека најверојатно е ставена експлозивна направа во корпа за смет пред капијата. Во настанот повредени лица нема, предизвикана е само материјална штета на прозорците од куќата. Се презмеаат мерки за расчистување на случајот.