Извадок на дел од дневни настани 04.05.2018

На 03.05.2018 година во 11,40 часот на улицата “Босна и Херцеговина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл “Хонда ЦРВ-600“ управуван од А.М.(39) од Скопје и товарно моторно возило “Пежо Боксер“ со скопски регистерски таблици управувано од С.Р.(36) од Скопје. Во незгодата А.М. се здобил со повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ заради укажување на лекарска помош. Од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош истиот бил задржан на понатамошно лекување. Извршен бил увид на местото на настанот, се работи на целосно расчистување на случајот.


На 03.05.2018 година во 16,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница “8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице Р.В.(75) од Скопје, повредена како патник при симнување од автобус на ЈСП и дека истата со возило на Итна медицинска помош била препратена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош истата била задржана на понатамошно лекување. Се работи на целосно расчистување на случајот.


На 03.05.2018 година околу 21,00 часот на кружниот тек на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило “Мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Ф.А.(33) од село Желино удрило во велосипед што го управувало 16 годишно лице од село Слатино. Повреденото лице било пренесено во Клиничката болница во Тетово каде што се констатирани телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот, се работи на целосно расчистување на случајот.


На 03.05.2018 година околу 13,00 часот на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Желино и Долна Лешница, патничко моторно возило удрило во седумгодишно дете-пешак по што возачот го напуштил местото на настанот. Повреденото дете било пренесено во Клиничката болница во Тетово, каде што од страна на лекар биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид, се превземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.


На 02.05.2018 во 18,30 часот на булевар "Видое Смилевски Бато" К.Н. (28) од Скопје управувајќи мопед "Гланц" со скопски регистарски изгубил контрола и паднал на коловозот. Од незгодата со повреди се тој како и неговиот сопатник И.М.(27) од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во Градска општа болница "Св. Наум Охридски", каде на К.Н. му се констатирани телесни повреди, додека на И.М. се здобил со тешки телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување.


На 03.05.2018 година во 08,00 часот во Полциското одделение Осломеј, Р.Р. (59) пријавил дека на 02.05.2018 година во 06,00 часот од домот во непознат правец се оддалечил неговиот роднина Ф.И. (26). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.


На 03.05.2018 година во 22,30 часот во Полициската станица Аеродром Е.И.Т.(36)  пријавила дека истиот ден околу 13,45 часот од домот во непознат правец во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг И.Т.(38). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.


На 03.05.2018 година во 11,10 часот Б.Ц.(46) во Полициската станица Центар пријавил дека на 02.05.2018 година од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот син Т.Ц.(29). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.


Во текот на изминатиoт ден (03.05), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и три со материјална штета. При сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и пет се здобиле со лесни телесни повреди. Потоа, 65 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 33 возачи, бидејќи 19 од нив управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, петмина биле возачи почетници и деветмина возеле под дејство на алкохол. Еден возач е санкциониран бидејќи поминал крстосница на црвено светло а еден заради неправилно престројување. Од сообраќај се исклучени 25 возила: 19 - биле нерегистрирани и шест возила заради техничка неисправност. Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 94 мандатни платни налози,  додека исто така 94 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

На 03.05.2018 година околу 13,30 часот при сообраќајна контрола на булеварот "Александар Македонски", патничко моторно возило "Мерцедес" со скопски регистарски ознаки не застанало на даден знак за запирање од страна на полициски службници и продолжило да се движи. Возилото е сопрено на булевар "Никола Карев", а возачот Љ.М.(35) од село Арачиново, скопско е приведен во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 03.05.2018 година околу 17,45 часот во Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански“, на влезот од салата, за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на кошаркарските клубови „МЗТ-Скопје“ и “Работнички“, Ј.Б. (24) и А.Д. (33), двајцата од Скопје физички го нападнале С.Н., вработен во агенција за обезбедување кој вршел службени дејствија како обезбедување на натпреварот, при што му нанеле телесни повреди. При интервенција на полициски службеници, биле нападнати и двајца полицајци, по што напаѓачите се приведени во полициска станица. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 03.05.2018 година околу 19,20 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Комплексот клиники “Мајка Тереза“ (Ургентен центар) пријавено е дека било донесено лицето Е.И.(27) кое во с.Батинци-скопско било физички нападнато од страна на лицата Р.С., Ш.А. и С.М. Истиот, со возило бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

На 03.05.2018 година во 14,00 часот во Секторот за внатрешни работи Штип, од Територијалната противпожарна единица Штип било пријавено дека на улицата „Солунска“ во куќата сопственост на В.М.(58), избувнал пожар на кат од куќата од кој целосно биле опожарени соба, кујна, трпезарија и тераса. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат. Причина за настанувањето на пожарот најверојатно била неисправна плинска боца.

 

На 03.05.2018 година околу 23,15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека во с.Ржаничино имало пожар на фарма, при што биле опожарени два објекта сопственост на АД„Скопско поле“, во кои имало сено. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема, а увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денов. 

 

На 03.05.2018 година во 19,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Р.О.(22) пријавил дека истиот ден околу 18,30 часот на булеварот "Партизански Одреди", пред продавница во Трговскиот центар Антико бил физички нападнат од страна на вработен во продавницата. Откако пријавителот се обидел да пазари во продавницата, сторителот започнал вербално да го навредува по што физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.05.2018 година околу 19,00 часот во Општата болница Велес од страна на Брза помош била донесена А.К.(21) која била во неконтактибилна состојба. Лицето било пренесено во Комплексот клиники "Мајка Тереза" (на клиниката за Токсикологија) за понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 03.05.2018 година во 19.05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Н.С.(66) пријавил дека на 21.04.2018 година во 20,00 часот бил измамен од 33 годишно лице од Скопје. Пријавениот на интернет пребарувајќи лица кои може да го бојадисаат неговиот дом, го исконтактирал пријавениот кој дошол заедно со уште две непознати лица и истите се договориле за сума од 11.000 денари да го бојадисаат неговиот дом. Потоа лицето побарало капар од 5.500 денари но до моментот на пријавување на настанот лицата воопшто не започнале со работа. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 03.05.2018 година во 10.30 часот во Полициската станица Центар В.Г.(64) пријавил дека на 02.05.2018 година околу 13,10 часот на Плоштад Македонија бил нападнат од куче-скитник при што бил каснат во пределот на десната подколеница. Укажана му била лекарска помош во Градска општа болница "Свети Наум Охридски".

На 03.05.2018 година во 22,40 часот во Полициската станица Бит Пазар М.П.(22) пријавила дека на улицата "Струмичка" била касната од куче од раста “пит бул“ за десната нога.

Надворешната канцеларија Струга поднесе кривична пријава против И.Н.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“. На 03.04.2018 година во Струга на улицата “Пролетерски Бригади” при преглед и сообраќајна контрола на возило, сопственост и управувано од пријавениот, истиот одбил да го прими издадениот налог и им упатувал закани по животот на двајца полициски службеници.