08.05.2015

Крводарителска акција во Центарот за обука

Кандидатите за полицајци кои што го посетуваат курсот за основна полициска обука од Генерацијата 2015/2016, учествуваа во акцијата “Полицијата дава крв“, која што традиционално се одржува по повод Денот на македонската полиција.

Со оглед на големиот интерес за дарување крв истото е организирано по тимови во неколку периоди, така што денес крв даруваа триесетина кандидати заедно со нивните советници и дисциплински старешини, при што беа собрани 33 единици крв.