02.12.2015 По повод “Денот на дрвото“

Кандидатите за полицајци засадија дрва во Брњарци, скопско

По повод традиционалната акција “Ден на дрвото”, 660 кандидати за полицајци од Центарот за обука  при БЈБ на МВР заедно со вработените денес (02.12.) засадија млади садници на локацијата Брњарци, Скопје.

Исто така кандидатите за полицајци засадија садници и во Центарот за обука, каде заедно со преставници од здружението “Засади ја својата иднина” имаа можност и едукативно да се вклучат во акцијата а со тоа воедно да ја разубават и својата околина со засадување на нови листопадни и зимзелени стебла во Центарот за обука.

Акцијата „Ден на дрвото„ традиционално се спроведува од 2008 година и тоа двапати годишно- еднаш на пролет и еднаш на есен.