09 октомври 2018

Пронајдени стебла марихуана во Слатино

На 08.10.2018 година околу 16,40 часот на нива засадена со пченка во месноста „Боре“ во атар на село Слатино-тетовско, сопственост на Б.Х.(51) од Слатино, биле пронајдени околу 50 стебла марихуана со различна големина. Пронајдените стебла биле подигнати за вештачење. По целосно документирање на случајот, против Б.Х. ќе биде поднесен соодветен поднесок.