05 октомври 2018

Соопштение 05.10.2018

На 04.10.2018 година во 20.30 часот на клучката во село Смоквица полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(45) од с.Арачиново, скопско. Притоа, во возилото биле затекнати седум мигранти, од кои шест од Авганистан и еден од Шри Ланка. Н.Р. бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.