14 септември 2018

Заменик министерот Нухиу ги отвори 15. Спортски игри и средби на членовите на МПС во Охрид

 

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска во Охрид присуствуваше на свеченото отворање на Петнаесеттите спортски игри и средби на членовите на МПС  кои од 14-16 –ти септември се одржуваат во Охрид. Годинава покрај членовите на Македонскиот полициски синдикат, учествуваат и претставници од девет полициски синдикати од други земји.

Заменик министерот Нухиу во своето обраќање рече дека оваа традиција која што ја има воспоставено Македонскиот полициски синдикат, со јасна тенденција да биде и квалитетен меѓународен спортски синдикален хепенинг, само по себе значи и комуникација, размена на искуства, меѓусебни запознавања.

,,Синдикалното организирање, без дилема, е стожерот во борбата за заштита и унапредување на работничките права. Секое општество што тежи кон развој и просперитет, е должно да го негува и поддржува синдикалниот дух. Овој начин на дејствување, преку спортското натпреварување и другарување, колку тоа навидум да изгледа второстепено, може да има свои и тоа како позитивни ефекти во квалитетното синдикално функционирање,, истакна заменик министерот Нухиу пред присутните гости и претставници на МПС, посакувајќи им убав престој во Охрид на гостите и успех на учесниците , прогласувајќи ги  спортските игри за отворени.