12 јули 2018

Соопштение 12.07.2018

Ноќеска (12 јули) околу 00,30 часот, од страна на полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово извршена е проверка во нива засадена со пченка во атар на село Порој, тетовско при што пронајдени се минофрлач калибар 60 милиметри со 18 гранати и рачен фрлач РПГ-7 со 5 ракети кои биле ставени во шест вреќи.
 Извршен е комплетен увид со учество и на јавен обвинител, оружјето е подигнато за натамошна постапка од припадници на Единицата за антитероризам на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Станува збор за старо и неупотребливо оружје кое ќе биде уништено во соодветна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.