09 октомври 2015

Обука за вештачења од областа на дактилоскопија

Во периодот од 05-10-2015 до 09-10-2015 година, во просториите на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, се одржа обука за вештачења од областа на дактилоскопија.

Обуката ја одржа експерт за идентификација на траги од папиларни линии и тренер на француската национална полиција за оваа област, г-дин Жак Абграл. Од македонска страна учесници беа експертите за идентификација на траги од папиларни линии и отпечатоци од прсти и дланки, вработени во Одделението за дактилоскопија. Обуката се реализираше како дел од програмата на Француската Амбасада во Република Македонија за соработка со институции во Република Македонија и истата ја отвори аташето за безбедност во Амбасадата, г-дин Пјер Мулен, и Началникот на О.К.Т.И.В., д-р Слободан Оклевски.

Учесниците имаа можност да разменат искуства од оваа област, да извршат самоевалуација на тековното работење и резултати, како и да се запознаат со францускиот модел и пристап кон овој тип вештачења.

Раководството на соодветните организациони единици во Министерството, како и странските учесници, ја оценија соработката како успешна и полезна, за двете страни.