Вести

17 октомври 2017

Граѓаните кои имаат било какви сознанија за овие лица да пријават во МВР

 Заради потребите на истражната постапка што се води во Основното јавно обвинителство –Скопје, а во врска со кривично правниот настан од 27.04.2017 година случен во Собранието на Република Македонија, по претходно одобрение од Јавниот обвинител се врши јавна објава на фотографии за три лица кои што се важни за постапката.

За таа цел ги повикуваме сите граѓани кои имаат какви било сознанија за лицата, за тоа веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на  телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата ,,Пријави сомнително лице,,  на официјалниот сајт на МВР  или да пријават во  Јавно обвинителство .