16 април 2017

Фатени крадци кои ограбиле станови на подрачјето на град Скопје

 СВР-Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицата Б.В. (29) од Дебар и М.Ј. (21) од Скопје поради постоење основано сомнение дека извршиле вкупно 21 кривично дело - “тешка кражби“ предвидено и казниво по член 236 од кои едно во врска со чл.19 од КЗ на РМ со што се стекнале со противправна имотна корист во висина од околу 2.763.500 денари, а причинале материјална штета во висина од 36.000 денари.

Пријавените кривичните дела ги извршиле во временски период од средината на ноември до крајот на декември минатата година на подрачјето на град Скопје, претежно во попладневните часови, во вкупно 21 објект од кои пет куќи и 16 станови на подрачјето на Аеродром, Центар, Карпош и Ѓорче Петров. Притоа, откако ќе се увереле дека нема да бидат забележани од никого, пријавениот Б.В. со употреба на физичка сила и погоден предмет (штафцигер) ги отварал балконските врати или прозори по што сам влегувал внатре, извршувал претурање и пребарување, одземал пари и златен накит и незабележан од никого го напуштал местото на настанот заедно со пријавениот М.Ј. кој надвор чувал стража.

Одземените предмети Б.В. ги продавал во неколку златари лоцирани во Старата скопска чаршија, а паричните средства заедно со М.Ј. ги трошеле за свои потреби.

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, пријавените се лишени од слобода и во просториите на ПС ОН Аеродром извршен бил разговор во кој истите во целост го појасниле начинот на кои ги извршувале кривичните дела.